Post Views: 0
Зоран Ногачески, градоначалникот на Дебрца има нов аргумент со кој ќе го разубедува министерството за животна средина да не се гради регионална депонија во Годивје туку да бара друга локација во Југозападниот плански регион. Ногачески деновиве остварил средба со Манфред Шуберт, светски ескперт за енергетика кој има проектирано голем број фабрики за рециклирање и третман на отпад во Германија и светот. Градоначалникот го запознал експертот со решението дадено во Студијата за оценка на влијанието на животното средина за изградба на региоаналната депонија во Годивје.
„...
Post Views: 11
На 22.09.2021 година во 21:20 часот, на кружната крстосница на булеварот „Туристичка” и улицата „Стив Наумов” во Охрид, случена е сообраќајна незгода помеѓу патничко возило „Шеврполет” со охридски регистарски ознаки, управувано од С.Р.(33) и мопед „Кивеј” со охридски регистарски ознаки, управуван од В.И.(51), двајцата од Охрид.
Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил возачот на мопедот, констатирани во болницата „Св.Еразмо” во Охрид. Увид на местото изврши екипа на СВР Охрид – информираат од СВР Охрид.
Post Views: 6
Ракометарите на Охрид утре на домашен терен го пречекуваат тимот на Радовиш во последниот натпревар во Супер лигата за оваа календарска година. Искусната екипа на Радовиш која во составот го има најдобриот стрелец во лигата Ивица Илиев и двајца црногорски интернационалци не треба да се потцени.
„Во дуелот со Радовиш очекувам победа. Не би рекол дека ќе биде лесен натпревар. Не смее да се потцени противникот. Доколку се потцени Радовиш знае да ја искористи шансата. Многу се искусни и долги години играат во лигата.“– изјави голманот на РК Охрид, Мартин Јовановски....
Post Views: 4
Националните паркови Галичица, Пелистер, Преспанско езеро и националниот парк Преспа кој ги опфаќа деловите во Македонија, Албанија и Грција ќе добиваат финансиска поддршка од Фондот за доверба Понт. Понт е добитник на наградата Pathfinder зa 2018 година меѓу 200 кандидати од целиот свет. Наградата се доделува за инвентивни решенија во заштитените подрачја. Фондот за природата Преспа- Охрид ја поддржува меѓугранична заштита на природата во екорегионот Преспа – Охрид кој ги опфаќа делови од Македонија, Албанија и Грција и вклучува 6 региони, напоменува Мирјам де...
Post Views: 0
Министрите на вчерашната владина седница донесоа одлука за основање на ново Јавно претпријатие наречено ,,Колекторски систем“.Примарната дејност на новото јавно претпријатие ќе биде собирање, одведување и прочистување на отпадни води преку канализациони системи со пречистителни станици, односно колекторски системи и нивно испуштање во реципиент, со крајна цел – заштита на Охридското Езеро.
Јавното претпријатие исто така, ќе врши и планирање, изградба, реконструкција и рехабилитација на колекторскиот систем. Средствата за основање на „ЈП колекторски систем“ во висина...
Post Views: 3
“Исламска држава продава нафта на режимот на Асад” рекол Adam Szubin, висок функционер на американското министерство за финансии.
“Тие настојуваат да се уништат меѓусебе а сепак учествуваат во трговијата со нафта вредна милиони долари. Количините за кои зборуваме и сумите пари се огромни”, рекол Szubin.
Тој истакнува и дека “далеку најголемата количина” на нафта од Исламската држава завршува под контрола на Асад додека дел се троши во подрачјата на Исламска држава, но и дека дел завршува во курдските региони и Турција.
Szubin истакнал дека “мал дел ја преоѓа границата...
Post Views: 57
Секоја година „Гете Институтот“ во соработка со германската амбасада следејќи ги достигнувањата на наставниците и секако нивните усовршувања во текот на целата година, ја доделува наградата на наставници кои се иновативни и кои на своите часови спроведуваат креативни проекти. Годинава, наградата за најдобар наставник по Германски јазик во земјава ја доби охриѓанката Ивана Маховска Шикалеска со проектот „Туристички водич за млади“.
„Труд треба многу. Еден наставник за да биде успешен и креативен треба да се труди многу, поготово користејќи ги сите овие ресурси кои ние...
Post Views: 1
Лекарите на маса пред Тодоров се очекува да изнесат цел список барања за подобри услови и повисоки плати во примарното здравство.Тие бараат фиксни плати од 40.000 илјади денари за лекар и 20.000 денари за медицинска сестра, зголемување на надоместокот (капитацијата) по пациент, како и воведување на партиципација, и решавање на суштинските проблеми со префрлањето на пациентите кога еден од двајцата лекари ќе ја напушти ординацијата.
Велат дека исплатата на К-15 што им се стави како законска обврска, а дополнително ја оптоварува финансиската состојба на ординациите. Зголемени...
Post Views: 2
Охрид е подготвен за вториот камп на фондацијата Реал Мадрид. Кампот е наменет за деца помеѓу 7 и 17 години, кои ќе стекнат непроценливо фудбалско искуство од тренерите за млади категории на „кралскиот клуб“.
Учесниците на кампот се обединети од нивната страст кон клубот и неговите вредности како што се напорна работа, иницијатива, самоконтрола, тимска работа и респект. Тимот на кампот е составен од професионални тренери, психолози и едуцирани едукатори чија обука овозможува да се применува еден мултидимензионален систем, вели Влатко Тодев, лиценциран партнер на „ Real...
Post Views: 0
Со звуците на македонска песна и игра се одбележани денови на македонската култура во приватното средно училиште „ Јахја Кемал“ во Струга. Учениците танцуваа, играа и пееа, рецитираа и глумеа одломка од драмата „Парите се отепувачка“ од македонскиот драмски писател , стружанецот Ристо Крле. Во организација на оваа манифестација учествуваа сите ученици од 1 до 4 година, како и учениците од истоименото основно училиште.
Сергеј Миладинов ученик од 3 клас беше дел од фолклорната група која изведе сплет игри од „ Повардарка“. Миладинов е задоволен од одржувањето...
Post Views: 0
За прв пат Охрид доби целосна етнолошка поставка во рамките на Музејот Куќата на Робевци. Збогатена е богата постоечка збирка од археолошки артефакти со над 700 предмети пронајдени со најновите археолошки истражувања на Плаошник, Самоилова тврдина и Горна порта. Покрај тоа акцент е ставен и на етнолошките предмети од минатото на градот. Презентирани се најатрактивни предмети и облека од 19 век. Изложена е облека изработена од кадифе и срма од периодот на Ала Турка и од Ала Франга од свила и тантела, пропратени со уникатен филигрански накит, но и предмети од покуќнина,...
Post Views: 0
Поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „загрозување на сигурноста”, ОВР Струга поднесе кривична пријава против Е.С.(57) од Струга.
Тој, во текот на октомври 2021 година, во Струга се обидел физички да нападне негова колешка, но бил спречен по што на мобилен телефон и упатувал пораки со закани – информираат од СВР Охрид.