Post Views: 0
Министерството за труд и социјална политика соопштува дека согласно со Законот за празниците на РМ, 27 јануари 2019 година (недела), Свети Сава е неработен ден за граѓаните припадници на српската заедница во Република Македонија.
Истовремено, Министерството за труд и социјална политика на граѓаните припадници на српската заедница во Република Македонија им го честита празникот Свети Сава.
Post Views: 8
Политичката предизборна клима во Струга се вжештува. Во партиските штабови листите на кандидати за пратеници деновиве треба да ја добијат конечната форма.
Општинските партиски организации на своите централи, како по правило, ќе им понудат списоци, за да можат луѓето од партискиот врв да ја направат најдобрата селекција. Додека пак во општинските комитети имаат поинаква процедура, нивните кандидати за пратеници ќе се знаат два дена пред истекот на рокот за доставивање до ДИК кој е до 29 ти март до 12 часот.
Во струшката чаршија веќе се спомнуваат имињата на некои...
Post Views: 5
По продолжувањето на зимскиот распуст за учениците од два дена, од утре, 23 јануари, тие повторно седнуваат во училишните клупи.
Од Владата изјавија дека постојано се следи состојбата со континуираното загадување на воздухот, врз основа на што, во координација со Министерството за образование и наука, се одлучува околу времетраењето на продолжувањето на зимскиот распуст. Засега нема нови информации за евентуално повторно продолжување на зимскиот распуст.
Одлуката за продолжување на зимскиот распуст се однесуваше на сите ученици од сите јавни и приватни основни и средни...
Post Views: 3
Две братчиња од Велес на возраст од четири и осум години беа пријавени од страна на нивниот татко С.Б. (39) за исчезнати. Тој го пријавил исчезнувањето на децата во Полициска станица Велес околу три часот наутро во неделата. Појаснил дека братчињата излегле од дома во саботата, во 19.30 часот и не се вратиле назад.
Од СВР Велес за ,,Фокус” велат дека случајот со исчезнатите братчиња има среќен крај. Децата по два дена самите се вратиле дома.
Во добра состојба се, на родителите им кажале дека излегле да се прошетаат, па се заиграле. Преноќиле кај некое другарче. На...
Post Views: 4
Поради дефект на водоводната мрежа на улицата „Кленоец“ до 13:00 часот ќе има прекин во водоснабдувањето во населбата „Црногорци“, Горно Лакочереј и на дел од село Лескоец, информираат од охридски Водовод.
Нивни екипи се веќе на терен и работат на отстранување на дефектот.
Post Views: 0
Празникот Воздвижение на чесниот крст се празнува во чест на наоѓањето на крстот на кој бил распнат Исус Христос. Овој настан и се припишува на царицата Елена, мајката на цар Константин, основоположникот на Цариград (Константинопол).
Првите три века по Христа не се знаело каде се наоѓа крстот Христов. Се претпоставувало дека е закопан во близината на неговиот гроб бидејќи според тогашните еврејски обичаи крстовите биле закопувани во близината на гробовите. Царицата Елена наредила да се копа околу гробот Христов но таму нашле три крста бидејќи во близината на Христовиот...
Post Views: 28
Новиот Закон за зелените пазари, кој стапи на сила од 1 јануари оваа година, го доведува во прашање опстојувањето на охридскиот пазар и на јавното претпријатие кое се занимава со оваа дејност. Со неговото донесување се бара пазарџиите да обезбедат лиценца за работа која чини 3.600 денари, а за втора тезга треба да се платат дополнителни 2.400 денари, што претставува голем проблем за буџетот на пазарџиите. Законот предвидува пензионерите, вработените или пак луѓе кои остваруваат некакви хонорари да не можат да работат. Од ЈП „Градски пазар“ неодамна направиле сондажа...
Post Views: 0
Докторите од службата за итна медицинска помош утрово кај двајца пациенти констатирале посеризони скршеници на екстремитетите. Тие се упатени на понатамошно лекување, информира д-р Ана Неделкоска , ракводителот на ИМП. Од почетокот на месецов до денес во нивната служба се евидентирани над дваесет пациенти со посериозни повреди на коските на разни делови од телото. Од охридската итна медицинска помош апелираат повозрасните граѓани да не излегуваат без потреба на снегот и мразот.
Јануарските мразеви и снегот биле кобни и за стружани. Од градската болница во Струга најтешките...
Post Views: 8
На повеќе локации во Охрид поставени засолништа за бездомните кучиња. Охридски љубители на животни се погрижија во овие студени зимски денови бездомните кучиња да имаат сигурно и топло засолниште. Анастасија Димзова е една од 15-тината активисти кои се вклучија во акцијата да постават десетина куќарки во повеќе делови на градот. Куќарки од картонски кутии со ќебиња во нив, се поставени во Центар, Далјан, кај Емуц, кај Белависта, на улицата Асном. Во една куќарка може да се засолнат од студот и до 3 кучиња. Куќарките се поставени на места каде што активистите за заштита...
Post Views: 2
Минатата година беше исклучително интересна за технолошката индустрија и тешко е да се издвојат сите интересни работи но спрема Business Insider ова се некои од случувањата и производи по кои ќе се памети минатата година.
–Apple Watch – прв потполно нов производ кој Apple го претстави по смртта на Steve Jobs. Овој гаџет многу брзо го покори пазарот на паметни часовници, а иако нема официјални информации за бројот на продадени примероци, Tim Cock рече дека побарувачката ги надмина сите очекувања.
–Автопилот во автомобилите на Tesla – автомобили со кои ќе управува...
Post Views: 0
Традиционално како и секоја година и оваа на малиот плоштад кај Долна порта, се одбележа Денот на рибарите. Со рибна чорба, пача, плашици, вино, греана ракија и традиционалното капење во водите на Охридското езеро, охриѓани го прославија денот на Свети Јован.
На манифестацијата присуствуваше и в.д. градоначалникот Константин Георгиески, кој заедно со тајфата на Иван Лотески, фаќачот на Чесниот крст, се искапија во водите на Охридското езеро.
Рибната чорба беше приготвена од вештите раце на учениците од средното угостителско училиште „Ванчо Питошески“. Послужени беа околу...
Post Views: 1
Во организација на Националниот сојуз на слепите на Република Македонија денеска покрај многуте активности, слепите лица ќе даруваат крв на крводарителската акција насловена „Слепите за заедницата“.
Се одржа и дефиле на слепите лица кое ќе почне од фонтаната „Александар Македонски“ на плоштадот Македонија до Домот на хуманитарни организации „Даре Џамбаз“ каде во холот ќе биде отворена изложба на тифло-технички помагала, ракотворби на слепите жени изработени на Семинарот за жени „Актив на слепата жена и нејзините ракотворби” одржан во Струга во јуни годинава. На креативната...