Пронајдена марихуана во дом на охриѓанец

Post Views: 4 СВР Охрид поднесе кривична пријава против 35-годишен охриѓанец поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурсори“, а судија на претходна постапка му одреди мерка притвор во траење од 30 дена. На 18.01.2019 година во периодот од 16.45 до 17.35 часот, врз основа на судска наредба, полициски службеници извршиле претрес во домот и помошните простории на лицето каде била пронајдена и одземена марихуана. Притоа, охриѓанецот бил лишен од слобода.

Continue reading

kokain

Пронајден кокаин во дом на стружанец

Post Views: 3 Поради постоење основи на сомнение за сторено казнено дело „ Неовластено производство и пуштање во промет на опојни дроги, психотропни сустанци и прекурсори“ полициската станица од Струга против лицето Д.О. (58) од Струга, поднесе кривична пријава, по што него одредена му е мерка притвор до 30 дена.    На 22-ри февруари оваа година, при претрес во неговиот дом, полициските инспектори пронајдоа 262,75 грама опојна дрога кокаин. Пријавениот Д.О. кокаинот го спакувал во помали опаковки и ги сокрил на различни места во куќата. Различни количини кокаин пронајдени во пластична...

Continue reading

Со изложба на книги се одбележуваат родендените на неколку роднокрајни автори

Post Views: 2 НУ Библиотека „Григор Прличев“и во оваа 2019 година продолжува со лани воспоставената практика со изложба на нивни дела да бидат одбележани родендените на роднокрајните автори. Овој јануари ги одбележуваме родендените на следните автори: Видое Видически, Иван Точко, Јован Котевски и Трајан Петровски. Во читалната на нашата библиотека од денеска до 29 јануари ќе бидат изложени примероци од целокупното творештво од посочените автори. Во јануари е роден и патронот на библиотеката поетот и преродбеник Григор Прличев, но чествувањето во негова спомен и слава традиционално...

Continue reading

Пронајдена марихуана кај 26-годишен стружанец

Post Views: 0 Поради постоење основи на сомнение за сторени кривични дела „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурсори” и „овозможување на употреба на наркотични дроги”, ОВР Струга поднесе кривична пријава против И.Р.(26) од Струга. На 06.09.2020 година, при контрола на патнички автомобил извршена на регионалниот пат Охрид-Струга, што пријавениот го управувал, полициските службеници пронајдоа марихуана од која претходно, на сопатничката К.А. од Струга и овозможил користење – информираат од СВР Охрид.Прон

Continue reading

Започна расправата на пленарна седница во грчкиот парламент за ратификација на Договорот од Преспа

Post Views: 5 Во 10 часот по локално време започнува расправата на пленарна седница во грчкиот Парламент за ратификација на Договорот од Преспа, а гласањето на пратениците ќе биде утревечер. Седницата ќе трае колку што ќе биде потребно, односно во зависност од бројот на пријавени пратеници за збор. Проценките и пресметките се дека Договорот ќе биде ратификуван со најмалку 151 глас, а судејќи според последните јавни изјави на пратениците, веројатно е да биде ратификуван со 153 гласа „за“, јави дописничката на МИА од Атина. На расправата и претходеше дводневна парламентарна комисија,...

Continue reading

Од денеска започнува вакцинацијата со трета доза вакцина против ковид-19

Post Views: 0 Од денеска трета доза на вакцина ќе може да примат сите граѓани на возраст над 60 години, и сите здравствени работници и пациенти кои имаат влошена имунолошка состојба, без оглед на возраста. Се најавува и скрининг на генералната здравствена состојба на населението, како и брзи антигенски тестови за учениците во основните и средните училишта во државата. Согласно сознанијата кои во минатата недела ги посочи министерот за здравство Венко Филипче третата доза вакцина треба да биде од производителот „Фајзер“, а дополнително ќе следат препораки за вакцини од други производители. Филипче...

Continue reading

ИВАН ЛОТЕСКИ НА ПРИЕМ КАЈ В.Д. ГРАДОНАЧАЛНИКОТ ГЕОРГИЕВСКИ

Post Views: 1 Вршителот на должност градоначалник, Константин Георгиевски денес во својот кабинет го прими Иван Лотески кој го пронајде чесниот крст во осветените езерски води на големиот христијански празник Богојавление – Водици. На средбата се сумираа впечатоците од неодамнешната црковно народна манифестација која се организира по повод празникот , а на која присуствуваа бројни охриѓани и гости од земјава и странство. Лотески втора година по ред е среќниот фаќач на чесниот крст во Охрид за големиот празник Богојавление – Водици.

Continue reading

Охриѓани повторно чекаат градски превоз под ведро небо

Post Views: 4 Охриѓани повторно чекаат градски превоз под ведро небо. Од пред неколку месеци автобуската постојка која се наоѓаше кај зградата Печијаре беше дислоцирана десетици метри подолу на Булевар Туристичка, но покривната конструкција под која граѓаните се засолнуваа од дожд и сонце остана на старата локација. Тие бараат Локалната веќе кога решила да ја дислоцира една од најфреквентните постојки во градов да создаде пристојни услови и да постави опрема. Прва работа со која ќе се зафати нашиот сектор е преместување на кабината од старото место на новата локација, вели Томе Џамтоски,...

Continue reading

Општина Охрид распиша јавен повик за поднесување барања за субвенционирање на трошоци за комунални услуги за граѓаните кои се изложени на социјални ризици

Post Views: 5 Општина Охрид ќе врши обезбедување на остварување на социјална заштита на граѓаните од средствата на Буџетот на Општина Охрид, во облик на спроведување на мерки за субвенционирање на трошоци за комунални услуги за граѓаните кои се изложени на социјални ризици. Субвенционирањето на трошоците за комунални услуги, се однесува за 2019 година. Вкупниот износ на субвенција ќе изнесува 670, 00 денари месечно за секој корисник на субвенцијата и ќе биде составен од следните четири компоненети: Покривање на трошоците за потрошена вода за пиење до 320 денари за секој корисник на...

Continue reading

Windows XP и понатаму попопуларен од Windows 10

Post Views: 4 Почетокот за Windows 10 оперативниот систем беше силовит и во првите четири недели е инсталиран на 75 милиони персонални компјутери, а за десет дена подоцна таа бројка се зголеми на повеќе од 110 милиони. Но, иако неговиот удел на пазарот продолжи да расте сепак крајот од 2015 година остана под 10% од целокупниот удел на пазарот. Имено, спрема последниот извештај кој го објави компанијата NetApplication, Windows 10, 2015 година ја заврши со 9,96% удел на пазарот, а далеку најпопуларен и по многумина најдобар оперативен систем од Microsoft на сите времиња е Windows 7...

Continue reading

Заболувањата на циркулаторниот систем и понатака се најфатални за охриѓани

Post Views: 1 Во земјава највисока стапка на морталитет е во Охрид. Циркулаторните болести се најчести заболувања кои се среќаваат во патологијата кај населението, а кои истовремено се и најфатални за охриѓани, информира Д-р Даниела Чингоска, специјалист по социјална медицина и јавно здравје. „ Во нашиот регион веќе подолго време водечка причина за смрт се циркулаторните заболувања. Стапката на морталитет во нашиот регион е 57 умирања на 10.000 жители и се резулатат на циркулаторните болести“, информира Чингоска. Статистиката во земјава покажува дека највисока е стапката на морталитет...

Continue reading

makedonija

„Македонија без отпад“

Post Views: 10 На 18-ти Октомври 2014 година ( сабота) во рамките на проектот „Македонија без отпад“ на целата територија на Републиката ќе се одржи националната акција за чистење на околината  од отпадот кој се наоѓа лоциран на несоодветни места. Овој Проект ќе се спроведува со поддршка и  со учество на Државните институции, Локалната самоуправа, Јавните и Комуналните претпријатија, Невладините организации,  Здруженија на граѓани и месното население. Целта  на проектот „Македонија без отпад 2014“ е на 18-ти Oктомври 2014 година организирано и што по масовно да се вклучат граѓаните...

Continue reading

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top