Post Views: 10
Оливер Деркоски, претседателот на ДИК со членови на Комисијата оствари средба со петмината кандидатите за градоначалник на Охрид и со општинската изборна администрација. Деркоски даде позитивна отценка за досегашниот тек на претседателските и предвремените локални избори. Упати порака до кандидатите и понатака да го задржат нивото на фер и позитивна кампања.
„Се надевам дека така и ќе остане докрај. Иако очекувам да се зголеми интензитетот на полтичкиот натпревар при крај на кампањата. Но, не очекувам посериозни нарушувања.Имаат добри кандидати 3-те општини , сериозни...
Post Views: 0
Во сообраќајна несреќа која се случила утринава околу 03 часот на магистралниот пат Охрид-Кичево кај селото Ботун, загина 17-годишно момче од Мешеишта.
Патничко моторно возило „киа соренто“ со охридски регистарски таблички управувано од 17-годишно момче од Лешани, општина Дебрца, излетало од патот. Возачот се здобил со тешки телесни повреди и е пренесен во болницата „Св. Еразмо“, а неговиот сопатник од здобиените повреди починал на лице место. Екипа од СВР Охрид извршила увид на лице место.
Post Views: 3
Општина по мерка на граѓаните преку соодветни мерки за поголема ефикасност на општинската администрација е целта на кандидатот за Градоначалник Константин Георгиески и неговиот тим. Живка Ангелеска од ОО СДСМ која што презентираше дел од предизборната програма на кандидатот Георгиески кажа дека веќе се работи на воведување на електронскиот систем„Муни“, кој преку Апликацијата за смарт уреди ќе биде достапна за граѓаните при што електронски ќе можат да плаќаат сметки за комунални услуги или да комуницираат директно соопштинските служби. „Исто така со цел да се подобрат...
Post Views: 7
Инвестирањето во спортскиот дух од најмали нозе кај децата е вистински влог во здравјето на нацијата. Посветуваме огромно внимание и имаме слух за проекти од спортот и физичкото здравје кај младите, кажа денеска на прес конференција Кирил Пецаков презентирајќи проекти од изборната програма на кандидатот за градоначалник од ВМРО ДМНЕ, Митре Милошевски.
„Проектите за спортот се проекти за напредок, за поубав град, за Охрид! Со задоволство го најавувам проектот: Изградба на 30 рекреативни зони, односно 5 тениски терени, 5 мултифункционални игралишта, 20 детски игралишта....
Post Views: 2
Ј.П.”Охридски Комуналец”-Охрид ги известува граѓаните на Општина Охрид дека на ден 13.04.2019 год.(сабота) ќе организира акција за подигнување на кабаст отпад (душеци, стар мебел, телевизори, шпорети, теписони и др.) во У.З. 12 „Гоце Делчев“ (нас.„Бараки“).
Се молат граѓаните кои живеат на споменатите делови од градот доколку имаат ваков отпад уредно да го депонираат најкасно до 7.00 часот 13.04.2019 год. и претходно да го пријават во Р.Е.”Механизација” на тел.075/495-428 со наведување на локацијата, за да можат службите од Ј.П.”Охридски Комуналец” благовремено да го...
Post Views: 9
“Тешко е да се предвиди дека цената на нафтата значително ќе расте во следното десетлетие”, изјавил за Bloomberg, Ian Taylor, извршен директор на американската компанија Vitol. Тој рекол и дека во следните десет години цената на нафтата ќе се движи околу 50 долари по барел.
Неодамнешното истражување на пазарот оценило дека земјите богати со нафта и индустрија на нафта ќе се соочат со најдолгиот период со ниски цени од оној од 1986 до 1999 година, кога цената на нафтата варирала од 10 до 20 долари по барел.
Taylor, 59 годишниот индустријалец, тврди дека проблемот е во...
Post Views: 4
Нелегални приклуоци на водоводните мрежи се откриваат во двете соседни општини Струга и Охрид. Има случаи каде што несовесни граѓани крадат вода од градскиот водоводен систем. Дивите приклучоци на вода кои ги има во двете општини тешко се откриваат и прават големи материјални штети на МЈП Проаква. Од РЕ Проаква во Струга велат дека само минатата година евидентирале 144 диви приклучоци, од кои 80 веќе се регулирани. На терен има 4 екипи за откривање на нелегални приклучоци поради што бројот на диво приклучени стружани на водоводната мрежа бил намален. Тоа значи дека прекршителите...
Post Views: 3
Од 1 април, идната година, јавните претпријатија да ги доставуваат сметките за вода за компаниите исклучиво по електронски пат, предвидуваат измените на Законот за снабдување со вода за пиење.
Како што инфорира на отворената владина седница министерот за транспорт и врски Миле Јанакиески, на тој начин компаниите ќе си заштедат време и пари. Граѓаните, пак, сами ќе избираат дали ќе сакаат сметките да ги добиваат по електронски пат, со што ќе се осигураат дека истите ќе ги добиваат навремено и ќе се намали праксата да им се губат сметките и да не можат да ги најдат, кажа...
Post Views: 1
Во седиштето на Обединетите нации во Женева, а во организација на Економската комисија за Европа при Обединетите нации, во Женева се одржува работен состанок „Ден на градовите“. Целта на настанот е на едно место да ги собере градоначалниците од повеќе градови, кои ќе го пренесат нивното искуство, знаење и добрите практики во планирањето на паметните градови.
Вршителот на должност градоначалник Константин Георгиески, денес, зеде учество на округлата маса која ја опфаќа темата „Подобрување на квалитетот на животот и урбаните навики“. Во своето излагање в.д. градоначалникот...
Post Views: 1
На 29.06.2014 година во с.Велгошти, охридско, непознат сторител со употреба на подесен алат извршил тешка кражба во куќата на Д,Т.(63), одземајќи 25.000 евра и патна исправа. Се преземаат мерки за откривање на сторителот.
На 29.06.2014 година, во с.Пресовјани, струшко, непознат сторител со кршење на прозорско стакло извршил тешка кражба во црквите „Св. Богородица“ од каде одзел 500 денари и „Св. Никола“ од каде одзел 700 денари. Се преземаат мерки за откривање на сторителот.
{loadposition content9}
Post Views: 2
По повод јубилејот ќе се одржи концерт на Christina Diaz Trio, во петок, 12-ти април, со почеток 22:00 часот.
Christina Diaz е Латино-американска пијанистка, иако по потекло од Бразил и Венецуела, пораснала во Доминиканска Република, каде што ја започнува музичката кариера со класично пијано. Откривајќи ја пасијата кон џезот, се сели во Порторико, каде студира џез и латино музика на Музичкиот Конзерваториум. Во четирите години поминати на конзерваториумот успева да се сретне и соработува со големи музички имиња како Eddie Gomez, Miguel Zenon, David Sanchez.
По завршувањето...
Post Views: 2
Не е вистинито тврдењето во постот дека Македонија сама решила да го продолжи рокот на фајзеровата вакцина и дека тоа не е случај никаде во светот каде што вакцините се фрлаат. Напротив, Македонија е само една од земјите кои глобално го прифатиле фактот што производителот по своите истражувања, утврдил дека ако не е одмрзната, вакцината може да се користи до 9 месеци од датумот испишан на опаковката. Кај нас тоа е направено во координација со Европската агенција за лекови (ЕМА) и Агенцијата за лекови и медицински средства МАЛМЕД, по претходно одобрение издадено од европскиот...