Post Views: 1
Деветнаесет ученици и тројца професори од ОУТУ „ Ванчо Питошески“ од 30 март до 20 април престојуваат во познатата туристичка дестинација Броло – Сицилија каде го реализираат проектот „ Learning from the best – Учиме од најдобрите “.
Тоа е трет проект во кој учествуваат охридските ученици во рамките на програмата на Еразмус плус, поддржана од Националната агенција за европски образовни програми и мобилност.Во реномираниот хотел „ Гатопардо“ учениците од угостителско – туристичката струка изведуваат практична работа.
Практичната работа во овој хотел со 4 ѕвезди им овозможува...
Post Views: 2
Тајните договори и скриените богатства на голем број светски моќници се откриени преку најголемиот истек на офшор податоци во историјата, кои го добија називот Пандора документи.
Протечени се 11,9 милиони документи од компании ангажирани од богати клиенти со цел да се креираат офшор мрежи во даночни раеви како Панама, Дубаи, Монако, Швајцарија и Кајманските Острови.
Тие откриваат тајни офшор договори на 35 светски лидери, меѓу кои и поранешни претседатели, премиери и шефови на држави. Документите ги расветлуваат и тајните финансии на повеќе 300 други функционери, како...
Post Views: 8
„Стаклена менажерија“ е претстава за комплексите, несигурноста и суровоста на современиот човек, кој сосема ја загубил солидарноста и сочувството кон послабиот.
Во ова време на либерален капитализам, хуманоста полека исчезнува. Стаклена менажерија е емоционално патување низ комплексноста на семејните односи. Претставата е болен крик за големата неспособност на човекот да љуби.
Во претставата играат: Никола Тодороски, Стрезо Стаматовски, Адријана Билаловиќ Тодороска, Филип КипровскиРежијата е на Софија Ристевска Петрушева, а за костимите се погрижи, Андреј Ѓеоргиевски.
Билетите...
Post Views: 8
25 годишниот Џемал Мена, од Беса е најмладиот кандидат во градоначалничката трка на овие избори. По националност Албанец, роден во Охрид како прво дете во семејството Мена, кое брои четири деца , важи за амбициозен и позитивен млад човек. Основно завршил во училиштето „Братство и единство“, а средно во струшкото „Ибраим Темо“. Дипломирал на факултетот за економија на дисперзираните студии на тетовскиот универзитет во Струга. Детството го минал на плажата во населбата Воска. Со другарите играле фудбал на игралиштето, а во лето се капеле на плажата. Откако дипломирал...
Post Views: 0
Продолжува реконструкцијата на улици, тротоари и патеки во урбaните и руралните делови од Охрид. Нашата цел е Охрид да добие инфраструктура која ќе овозможи негов одржлив развој како туристички и културен центар, истакна на прес-конфернција Константин Георгиески, кандидат за градоначалник од СДСМ. По реконструкцијата на улицата Македонија и започнатите активности на Булевар Туристичка, Георгиески најави и други градежни зафати.
„ Во тек е изработка на нова Сообраќајна студија за Охрид, а имаме подготвено и значајни инфраструктурни проекти за реконструкција на неколку...
Post Views: 1
На денешен ден, пред 76 години, светот ги запозна легендите со прикажување на првиот цртан филм “Том и Џери”. Светот за прв пат ги запозна мачорот Том и неговиот ноќен кошмар глувчето Џери. На многумина овие јунаци им го одбележаа детството, а тешко е да се најде достоинствена замена.
Првата епизода е прикажана на 10 февруари во 1940 година, а наречена е “Puss Gets the Boot”. Овој продукт на Вилијам Хана и Џозеф Барбера е номиниран за Оскар, а иако не го освои, ги освои срцата ширум светот.
Оттогаш овој двоец полни 17 години пишуваше и продуцираше авантури на Том и Џери,...
Post Views: 12
Охрид мора да биде град на еднакви можности и шанси за сите, рече на прес- конференција Митре Милошевски кандидатот за градоначалник од редовите на Вмро Дпмне. Како приоритетен проект од својата изборна програма најави изградба на социјални станови.
„ Изградба на станови кои ќе може да ги користат семејствата со социјален ризик, огромна помош да добијат свој дом, но исто така и оние граѓани кои заради временски непогоди или несреќен случај го изгубиле својот дом“, рече Милошевски кандидадтот за гардоначалник .
Милошевски презентира и други мерки за социјална заштита...
Post Views: 14
На отворена седница Владата го прифати Предлог-законот за безбедност во сообраќајот.
Во законот има и олеснувања и допрецизирање. Пример кај употребата на мобилни телефони, оставена е можност да се користат средства кои нема да му пречат на возачот како што се хендсфри, безжични телефони и друго.
– Казна има и за лицата кои се превезуваат со возачот, а му го одземаат вниманието.
– За брзо возење нема само еден износ – една е казната за тие што поминале до 50 километри над дозволеното, друга за тие до 70, тука е скалеста казната и освен паричната...
Post Views: 2
Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство (МЗШВ) по барање на Јавното претпријатие „Национални шуми” ја укинува забраната за движење во шуми донесена на 29 март годинава, информираат од таму.
Имено, Одлуката за делумна забрана за движење во шума беше донесена поради појавата на голем број шумски пожари, а се укинува поради тоа што во моментов согласно добиените информации од терен, нема активни пожари и нема опасност од појава на нови шумски пожари.
„Воедно, Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство постетува дека се забранува палење...
Post Views: 1
Се известуваат граѓаните кои одгледуваат пчели на подрачјето на општина Дебарца, дека утре, 2ри Јули, екипите на Центарот за јавно здравје Охрид, ќе спроведат теристичка дезинсекција, од земја, со цел, уништување на комарците.
Прскањето ќе се врши во период од 22 часот до 05 часот. Со дезинсекцијата ќе бидат опфатени зелените површини во Општина Дебарца, подрачјето на река Сатеска, локалитетите со застојни водени површини, урбани населби и локалитети предвидени во планот и програмата. Се молат пчеларите и пчеларските задруги да ги преземат соодветните мерки за заштита...
Post Views: 5
Јавното претпријатие „ Билјанини извори“ започнува голема акција за реконструкција и санација на главното градско игралиште за фудбал.
Се планира да се заменат околу 3000 м2 оштетен бусен (тревна подлога) со нов, со што ќе се подобрат условите за одигрување на фудбалските натпревари.
Од ЈП „ Билјанини извори“ ја информираат јавноста дека реконструкцијата ќе трае до 1-ви мај и дека до тој датум градскиот стадионот ќе биде затворен за користење од страна на фудбалските екипи и школи.
Post Views: 7
Многу брзо, а најверојатно уште од почетокот на следниот месец, се очекува зголемување на цените на цигарите на домашниот пазар, иако никој од производителите и увозниците на цигари во земјата официјално не ја потврдува информацијата.
За познавачите на состојбите ваквата најава беше очекувана со оглед на трендот на зголемување на цените на суровините, репроматеријалите и енергенсите, пред сѐ гасот и електричната енергија, кои имаат значителен удел во производството. Од друга страна, поскапувањето на горивата драстично ги зголемија транспортните трошоци, што исто така...