Post Views: 1
Реконструкција на кејот, како една од најважните туристички зони во градот, најави Константин Георгиески, кандидатот за градоначалник на Охрид од редовите на СДСМ. Кејот „ Македонија” кој е една од главните атракции, најфреквентните и најпосакувани места за охриѓани и за туристите, низ годините е многу амортизиран, бетонот на постојната конструкција на крајбрежниот ѕид во најголем дел е еродиран и оштетен, кажа Георгиески.
„Веќе имаме изготвено Проект за реконструкција, издадено е одобрение за градба и изработена е Студија за оценка на влијанието врз животната...
Post Views: 1
Од 1 декември стапува на сила забрана за употреба на пластични кеси во трговијата и на пластични амбалажи во угостителските објекти во подрачјата заштитени со закон.
Ова се дел од предвидените новини со неколку нови закони од областа на управување со отпад, што ги презентираа денеска премиерот Зоран Заев и министерот за животна средина Насер Нуредини, на прес-конференција во Владата, а откако регулативата неодамна беше „комплетирана“ во Собранието.
Нуредини рече дека со донесувањето на новите закони се овозможува премин кон циркуларна екомонија, како еден од стандардите...
Post Views: 9
Нови барања и забелешки очекуваат од граѓанското здружение СОС за македонската Влада од страна на Унеско од состанокот кој ќе се одржи во јуни во Баку, каде што ќе заседава Комитетот за светско наследство при УНЕСКО. Таму ќе се решава дали Охрид ќе го стави на листата на културно и природно наследство во опасност. Пред година и пол беа испорачани 20 барања според забелешки кои не се во согласност со критериумите на Унеско, за градот и Езерото да не бидат ставени на листата на загрозени подрачје под заштита на Унеско. 8 април беше крајниот рок за доставување на документите...
Post Views: 2
Во рамките на дополнителната програма на Охридско лето а по повод големиот христијански празник Велигден на 23-ти април во катедралната црква Св. Софија ансамблот „Ноктурно“ од Србија ќе одржи концерт на духовна музика.
Вокалниот ансамбл „Ноктурно“ настанал кон крајот на 2005 година како потреба на домашна сцена да се претстават музички дела од различни жанрови. Членовите на ансамблот „Ноктурно“ се пред се се професионални членови на хорот на Операта на Народниот театар во Белград. Ансамблот во зависност од потребите настапува како октет, двоен октет, проширен хор или...
Post Views: 0
Одделението за одржување на канализациона и атмосферска мрежа на ЈП „ Нискоградба“ , изврши чистење на пумпната станица „ Канео“ како и канализациона мрежа и ревизионите шахти.
Поради непристапниот терен машината за чистење беше транспортирана со кајче и се вршеше поединечно чистење. Вака темелно чистење на цевководите и шахтите не е извршено од 2003 година. Во претстојниот период продолжува профилактиката на цефководи и шахти низ целиот град пред почетокот на туристичката сезона.
Post Views: 1
Папата Франциско и рускиот патријарх Кирил се сретнаа во Куба и поглаварите на источната и западната црква се прегрнаа по прв пат по расколот од пред скоро илјада години.
По завршувањето на разговорите набиени со емоции, прва средба по скоро илјада години од расколот, поглаварите на Католичката и водечката Православна црква изразиле жалење “за раните нанесени во конфликтите помеѓу христијаните во далечното и блиско минато”.
“Свесни за бројните пречки кои треба да се совладаат, се надеваме дека нашата средба ќе придонесе во обновата на тоа единство по божјата волја”,...
Post Views: 1
Во пресрет на 23 Април – Светскиот ден на книгата и во рамките на редовните месечни активности од денеска до среда 24 април во Прличевата одаја на библиотеката ќе биде отворена изложбата на книги РОДНОКРАЈНИ АВТОРИ – РОДЕНИ ВО АПРИЛ.
На овој пригоден начин охридската библиотека ги одбележува родендените на следните автори: Миле Волканоски , Боро Ситникоски, Куртиш Демироски, Дамјана Видическа и Мишел Јузмески. Изложбата заинтересираните можат да ја видат секој работен ден од 9 до 18 часот.
Post Views: 4
Министерството за транспорт и врски го потпиша договорот со нискобуџетната авиокомпанија “Визер” за финансиска поддршка за воведување на нови авионски линии од аеродромот Александар Велики во Скопје и од аеродромот Св. Апостол Павле во Охрид за период од 2015 до 2018 година.
Имено согласно договорот, Визер во месец јуни ќе воведе директни линии за пет нови дестинации до европските градови од аеродромот Александар Велики во Скопје и тоа до: Барселона, Осло, Нирнберг, Хамбург и Фридихшафен и тоа два пати неделно.Од аеродормот Св. Апостол Павле од Охрид, авиокомпанијата...
Post Views: 1
Во ученичкиот дом кој работи во склоп на „ОУТУ „Ванчо Питошески“ , беа реализирани низа активности за реновирање и доопремување.
Со зафатите беа опфатени промена на вратите од собите, заменети се старите плакари и поставени нови, набавени се 120 нови кревети и душеци, додека ресторанот се опремен со нови ресторански маси и столчиња.Средствата за реновирањето на ученичкиот дом беа издвоени од буџетот на Министерството за образование и наука.
Post Views: 0
Во рамките на проектот „Зголемување на енергетската ефикасност и употребата на обновливите извори на енергија во прекуграничниот регион“, утре во Струга, во времето од 11 до 15 часот, на специјално поставен штанд пред хотелот Београд, во старата чаршија, граѓаните ќе можат да се информираат за придобивките од користењето на обновливите извори на енергија и енергетската ефикасност преку бесплатни инженериски совети и промотивни материјали.
Овој отворен ден е прв од низата отворени денови кои ќе се одвиваат во текот на месец јули во рамките на овој проект. По отворениот...
Post Views: 1
Проекти за полесна пристапност на лицата со попреченост до општинската зграда, најави Рената Арнаудова од ЛДП , на прес конференција на која презентираше дел од изборната програма на Константин Георгиески, кандидат за градоначалник од СДСМ. Арнаудова најави адаптација на општинската зграда со поставување на лифт со платформа за лицата со попреченост и опремување на салата со посебни пултови за инвалидски колички. За потребите на учениците со попреченост од ОУ Св. Климент Охридски, пак ќе се набави електромоторен транспортер за инвалидски колички.
„ Планираме да изработиме...
Post Views: 5
Стапи на сила одлуката за одредување највисоки трговски маржи на продажните цени на основните прехранбени производи во трговијата на големо и мало, што минатиот вторник ја донесе Владата на предлог на Министерството за економија, а престанува да важи претходната одлука за замрзнување на цените на основните прехранбени производи.
Новата одлука, во која на листата на основни прехранбени производи се додадени и овошјето и зеленчукот, пченицата, суровото сончогледово масло и солта, ќе важи до 31 мај годинава.
Со одлуката се определува највисоката трговска маржа да изнесува...