Post Views: 4
На дневен ред на ова издание на седницата на советот, ќе се најдат извештаите за реализација на програмите за равој на туризам, локален економски развој, изработка на урбанистички планови на територијата на општина Охрид, за изградба и реконструкција на локални патишта и улици и друго. Градските советници ќе треба да ја одобрат одлуката за распределба на добивката од работењето на МЈП Проаква Струга, а треба да се усвои и финансискиот извештај на јавното претпријатие.
Пред крајот на овој месец ќе се одржи најновото дваесет и седмо по ред издание на седницата на Советот...
Post Views: 1
Комесарот на Европската комисија за соседска политика и преговори за проширување, Јоханес Хан денес на прес конференција за новинарите упати три пораки за Македонија во врска со кризата и случувањата во Куманово.
“Во моментов имаме три пораки: Прво, сите сме загрижени за тоа што се случи во текот на викендот и ги повикуваме сите вклучени страни и актери да соработуваат во разјаснувањето на тоа што се случи, кој е одговорен за тоа и да бидат обединети по ова прашање. Второ, овој напад не треба и не смее да го сврти вниманието од многу сериозната внатрешно-политичка ситуација...
Post Views: 0
Триесет и една приказна за Охрид, за луѓето, местата и случувањата, кои од генерација на генерација охриѓани ги пренесуваа, но и себично ги чуваа само за себе. Од неодамна вткаени во уште една збирка раскази на авторот Валентина Нелоска. Станува збор за второто продолжение, на популарната „Сага за Охрид“, слична збирка на раскази, која Нелоска пред две години ја сподели со читателите. Таа вели дека задоволството е големо кога се трага по приказни, по архивите, кога се остваруваат контакти со познатите охридски семејства, кога се раскажува и пишува за спомени.
„Донесувам...
Post Views: 10
Локалната самоуправа од Струга подготвила документација за изградба на пристанишtе. Идејата да се воведе бродска линија Охрид – Струга не е нова ни неостварлива. Капетан Горан Устијаноски од охридската капетанија на пристаништа информира дека е изготвен акционен план за изградба на пристаниште во Струга како задолжение од Владата. Од министерството за транспорт и врски посочуваат дека сега на потег е локалната самоуправа во Струга. Но, градоначалникот Зијадин Села, вели Струга има неколку локации каде што може да доаѓаат и поаѓаат пловни објекти. Потврдува дека ...
Post Views: 0
По објавениот јавен повик во јануари за поднесување барања за субвенционирање на трошоци за комунални услуги граѓаните сеуште чекаат на таа мерка, истакна на прес конференција партискиот портпарол Перчо Божиноски.
„Наместо 670,00 денари месечно за секој корисник на субвенцијата тие добиваат исти сметки од Јавните претпријатија како останатите граѓани. Ова ли е односот којшто го ветуваше Георгиески за граѓаните?Скоро половина година ќе помине, а крајот на февруари заврши повикот за субвенционирањето на трошоците за комунални услуги кој требаше да се однесува за периодот...
Post Views: 5
На 28.02.2022 година, при извршена сообраќајна контрола од 12 до 16 часот, полициските службеници во Охрид контролирале 15 автобуси, при што не регистрирале неисправности и недостатоци во опремата.
Во истиот период, затекнати и санкционирани се 13 пешаци кои извршиле небезбедно преминување на коловозна лента надвор од обележан пешачки премин (Охрид-07, Кичево-06) – информираат од СВР Охрид.
Post Views: 2
Организаторите на Охрид треил и градот подготвени за одржување на новиот спортски настан кој ќе се одржи на 25 мај. Над 150 спортисти од 15 земји ќе земат учество во комбинираната трка, трчање и пешачење низ одредени предели во НП Галичица. Патеката е во должина од 60 км и 35 км, а стартот е од Св. Наум и кампот Елешец, а ќе финишира на градскиот плоштад. На трката од 35 км ќе се приклучи и охридскиот градоначалник Константин Георгиески.
„Овој настан освен што го промовира и поттикнува спортот има за цел да ги афирмира и убавините на градот и планината Галичица. Сметам...
Post Views: 10
Со богата програма составена од музичко – поетски точки, рецитал и кратка тетарска импровизација, средното стручно училиште „Св.Кирил и Методиј“ го одбележа својот патронен празник, а годинава, темата на програмата беше „Од нас за нас“. Славица Костоска – директор на училиштето, истакна дека установата веќе пет години функционира со ограничени средства и услови за работа, но дека со заложби на наставниците се прават обиди да се навлезе во најновите методи на воспитно образовниот процес, а учениците се вклучуваат во современите текови на општествениот живот и од...
Post Views: 11
Една од препораките во извештајот кои ги добивме од УНЕСКО кој треба да биде разгледан на 43-та сесија на Комитетот за културно наследство што ќе се одржи наредниот месец во Баку, беше и внимателно набљудвање на автентичноста и интегритетот, на архитектонското и урбанистичката кохерентност на Охрид.
Притоа од УНЕСКО препорачуваат да се избегнува користење на форми и материајли кои не се карактеристични за подрачјето и флората, како што беа палмите засадени пред неколку години, но и да се избегне користење на големи комерцијални билборди со кои се нарушваат визурите...
Post Views: 2
Американскиот политоколог Phil Butler изнел интересна теорија за распадот на Југославија за рускиот New Eastern Outlook.
Phil Butler тврди дека Југославија била голема и моќна сила во очите на западните земји и како таква претставувала голема закана.
“Обидете се да ја замислите Европа денес со Југославија како една од клучните играчи? Јас можам. Југославија беше еден од најдобрите културни и човечки експерименти во историјата. Основана е на подрачјето на конфликти на некогашните големи царства Австроунгарија и Османлиското, Југославија ги стопи двете култури и ги асимилира...
Post Views: 3
Пред стартот на летната туристичка сезона градот ќе става ред во хаосот со паркирањето на туристичките автобуси во централното градско подрачје. Градоначалникот Константин Георгиески и одделението за сообраќај при ЛС бараат најефикасно решение заедно со полицијата, хотелиерите и туристичките оператори за да се среди овој сегмент во сообраќајот. Предлагаат туристите кои доаѓаат во Охрид со автобуски превоз да се симнуваат и качуваат во центарот на градот на паркингот кај информатичкиот факултет. ЈП Билјанини извори кое стопанисува со паркинзите ќе го отстапи тој простор...
Post Views: 3
Основниот суд Скопје 1 на сите 30 осомничени кои беа приведени во полициската акција во Куманово им определи мерка притвор во траење од 30 дена.
По спроведување на осмничените лица во Основниот суд Скопје 1 – Скопје поеднично за секое лице, во присуство на адвокат и овластен преведувач кој бил повикан по нивно барање, судија на претходна постапка ги разгледа доказите и фактите приложени од Основното Јавно Обвинителство за организиран криминал и корупција и оцени дека се исполнети условите за определување на мерка притвор и на сите 30 осомничени им определни мерка притвор...