Post Views: 0
Во врска со инцидентот на вчерашната седница на Советот на Општина Охрид, на кој поради физичко насилство беше прекината самата седница, денес од Локалната самоуправа, пристигна соопштение во кое се вели:
– Локалната самоуправа го осудува вчерашниот инцидент меѓу советниците и смета дека тоа не доликува на избрани претставници на граѓаните. Советници се гласот на граѓаните, а Советот највисок претставничи орган кој треба и мора да работи во интерес на граѓаните и решавање на нивните потреби. Сметаме дека ваквото однесување е изолиран инцидент и нема да се повтори...
Post Views: 3
Врз основа на утврдениот режим на сообраќај за стариот дел од град Охрид и Правилникот за издавање на картички за движење на моторни возила во стариот дел на град Охрид, а со цел граѓаните на овој дел од градот непречено да се движат – Секторот за комунални дејности , сообраќај и улици ги известува граѓаните од стариот дел од градот дека ќе се отпочне со пререгистрација на постоечките картички кои ги исполнуваат условите согласно Правилникот.
За навремена и ефикасна пререгистрација на постоечките картички, а со цел непречено движење во овој дел од градот се известуваат...
Post Views: 1
Надлежните служби на Локалната самоуправа, во дел од централното градско подрачје ги обележаа површините за поставување на урбана опрема.
Се информираат сопствениците на деловните простори, пред кои поставуваат урбана опрема да ја почитуваат оваа мерка, бидејќи во спротивно комуналните инспектори ќе постапуваат според законските прописи.
Обележувањето продолжува и на останатите површини на кои е предвидено поставување на урбана опрема.
Post Views: 0
Денес во Брисел се одржува вонреден самит на лидерите на Европската унија и лидерите на Турција посветен на мигрантската криза.
Европската унија ѝ вети на Турција 3 милијарди евра за да обезбеди сместување за мигрантите и чекор по чекор да го запре нивниот прилив кон Европа.
Пред самитот германската канцеларка Ангела Меркел и холандскиот премиер Марк Рут се сретнаа со турскиот премиер Ахмет Даватоглу во турската амбасада во Брисел. Се очекува дека членките на Унијата ќе бараат од Турција да прими назад илјадници мигранти кои немаат услови за азил во надеж дека така ќе...
Post Views: 1
Согласно донесената одлука на Советот на Општина Охрид за измена на режимот на сообраќај, автобусите симнувањето и качувањето на туристите, организираните групи, ќе го вршат на ул. Кузман Јосифоски Питу од почетокот па се до пресекот со ул. Партизанска Универзитет Апостол Павле, додека паркирањето на автобусите ќе биде единствено можно на паркинг просторот позади спортската сала “Билјанини Извори”.
Напоменуваме дека на секое друго место каде ќе биде затекнат паркиран автобус истиот од страна на полицијата ќе биде казнуван согласно законот за неправилно паркирање....
Post Views: 3
На прес конференцијата на која беше објавена 31 таканаречена бомба, меѓудругото лидерот на опозицијата, Зоран Заев одговараше на прашања.
„После сѐ што објавивме, треба ли да се вратиме во Парламентот?“, реторички одговори претседателот на СДСМ, Зоран Заев, на новинарско прашање дали опозицијата ќе ги послуша амбасадорите кои побараа нејзино враќање во Собранието за да помогне во надминувањето на политичкиот ќорсокак. „Ќе се вратиме по оставката на Никола Груевски за да ги дефинираме чекорите што ќе водат до преодна влада“, рече Заев.
Опозицискиот лидер откри и дека...
Post Views: 3
Општина Струга, во соработка со МВР Струга, со цел подобрување на условите за престој на туристите и посетителите во текот на претстојната летна сезона 2019, во заедничка активност помеѓу овластениот инспектор за туризам на општината и претставник на МВР Струга, ќе вршат редовна контрола на правните и физичките субјекти, кои даваат услуги за сместување на гостите на територијата на Општина Струга.
Од локалната и МВР Струга велат дека безбедноста и сигурноста на туристите, посетителите и гостите од земјата и од странство, кои престојуваат и ја посетуваат Струга, е најголем...
Post Views: 1
Започнува со работа Бизнис центарот во Струга, кој ќе функционира во рамки на Центарот за развој на Југозападниот плански регион.
Формирањето на Бизнис центарот за поддршка на малите и средни претпријатија е технички и финансиски помогнато од страна на Министерството за локална самоуправа и Програмата за развој на Обединетите Нации- УНДП.
На свеченото отворање на центарот се очекува да присуствуваат министерот за локална самоуправа, Лирим Шабани, претставникот на канцеларијата на УНДП во Скопје, Алесандро Фракасети и претседателот на Советот за развој на Југозападниот...
Post Views: 0
Предлог одлуката за изменување и дополнување на буџетот на единицата на Локалната самоуправа- Охрид за 2019 год. Ги разбранува страстите на советниците од ВМРО ДПМНЕ. Тие сметаат дека нема никаква оправданост за ваквиот ребаланс земајќи го во предвид фактот дека годинава општината имала најголем буџет до сега. Тие реагираат бидејќи се кратат средства од многу програми како што се за образование, детска заштита, за развој на туризмот, за спорт, за изградба на системи за одведување и прочистување на отпадни води, за водоснабдување, за да се пренаменат средствата за други...
Post Views: 16
Оштетени, навалени бандери и искинати електрични кабли, кои искрат со денови. Ваква е сликата во туристичката населба Елен Камен во струшко. Невремето во петокот предизвика поголеми оштетувања на електричната мрежа. Струјата е со прекини, но жителите најмногу ги загрижуваат небезбедните кабли под напон, кои може да предизвикаат и пожар.
Случајот го пријавиле неколку пати во ЕВН, но решение сеуште нема.
Имаме проблеми со дистрибуцијата на електрична енергија не е постојана, комплетно мрежата е застарена имаме побарано поддршка, но ја немаме добиено. Апелираме како месна...
Post Views: 1
Зонското паркирање и висината на цените за користење на јавниот паркинг простор беа дел од денешните точки на Дневен ред на градскиот совет. Со новиот летен режим на сообраќај се предвидуваат измени во зоните на паркирање. Тие треба да стават ред во сообраќајниот метеж кој се јавува во екот на туристичката сезона. Од ова лето ќе има зона А која ќе остане само на улицата Македонски Просветители, а се проширува зона Б со поевтина цена на паркинг од досегашната. Се воведува и премиум зона на паркирање на потегот од пошта до кружниот тек во центарот на градот по цена од...
Post Views: 0
Охридското езеро и реката Црн Дрим имаат неповолна хидролошка состојба. Летниот сушен период и испуштањето на вода за потребите на хидроелектраните го намалија водостојот на езерото и реката. Нискиот водостој на Охридското езеро е на граница на дозволениот минимум, информира Ангел Угрински, хидролог од УХМР.
Според утринските мерења, водостојот на езерото е на 3 цм над дозволениот минимум тоа е на кота 693,10. Денес езерото е на кота 693,13 цм. Треба да се каже дека има вештачко влијание врз езерото преку двете регулации на Црн Дрим на излезот од езерото кај Струга...