Post Views: 12
Селото Горно Коњско има 30 постојани жители кои со вода за пиење се снабдуваат од бунари кои ги има скоро секое домаќинство. Со климатските промени во месеците јули, август и октомври кога има сушен период бунарите многу често остануваат без вода. Жителите се бават со земјоделство и сточарство, а во последните години се развива и етно туризмот. Селцето е на само десетина километри од Охрид, а на 4 км од хотел Метропол на западната страна од планината Галичица. Ова живописно планинско селце на 1050 метри надморска висина плени со прекрасната околина и видикот кон Охридското...
Post Views: 0
Општина Охрид со осуда за поединечните случаи на труења на кучиња скитници по охридските улици кои беа евидентирани во текот на изминатиот период.
Апелираат до несовесните граѓани да не ги повторуваат ваквите постапки со што ќе придонесат за хуман теретман кон овие животни. За таа цел општината ќе ги засили редарските служби кои е планирано да работат во три смени, во текот на летниот период.
Локалната самоуправа во соработка со ЈП „Охридски Комуналец“ до сега презеде низа конкретни мерки за решавање на проблемот со бездомните кучиња согласно сите позитивни законски...
Post Views: 3
Започнува охридското културно лето. Со почетокот на шестот издание на младински театарски Фестивал „Вдиши театар“ симболично започнува културната понуда ова лето. Во предворјето на црквата „Св.Софија“, во наредниве неколку денови педесетина млади актери од земјава и соседството, ќе ја почестат публиката со извонредна театарска игра, на која вредно работеа изминативе неколку месеци. Честа да го отворат фестивалот им припадна на младите актери од театарската група при Црвен крст Охрид со перформанс и претставата „Домино“. Претставата третира актуелни теми од секојдневието,...
Post Views: 2
Бројните технолошки компании ги наградуваат своите безбедносни истражувачи кои ќе пронајдат пропусти во нивниот софтвер и за тие проупусти ги известат на време за да се поправат, пред за тоа да дознаат хакерите или криминалците кои тоа можат да го злоупотребат.
Една од тие компании е и Facebook кој неодамна својот безбедносен истражувач Anand Prakash го наградила со 15 илјади долари за пропустот кој го пронашол и кој му овозможил пристап до сите профили на оваа социјална мрежа. Овој пропуст, кој Prakash го открил во февруари, е поврзан со процесот на ресетирање на лозинката...
Post Views: 2
Владата на Република Северна Македонија вчера ја усвои информацијата за постапување по препораките на УНЕСКО и одлучи да продолжи со исполнувањето на релевантните препораки и одлуки на УНЕСКО, во насока на зачувување на статусот светско наследство на природното и културното наследство во Охридскиот регион.
Притоа Владата го задолжи Заменикот на Претседателот на Владата на Република Северна Македонија задолжен за економски прашања, во соработка со Канцеларијата на Премиерот да формира работна група составена од функционерите на сите засегнати институции којашто ќе постапи...
Post Views: 2
31ва бомба на опозициската СДСМ. Во денешните разговори, меѓу другото, она што е најинтересно за охридската јавност беше разговорот помеѓу министерот за здравство Никола Тодоров и министерката Јанкуловска во врска со реконструкцијата на дел од Охридската болница, за што, во најавата Заев вели дека претходниот министер Бујар Османи бадијала потрошил дури 400.000 евра.
Аудио разговорот е на следниот линк
Транскрипти од разговорот:
НТ: Е така истиот е ама не е истиот знаеш хахах е тоа е поентата сеа имам ситуација во Охрид многу сериозна, веројатно и гледаш по телевизии…
ГЈ:...
Post Views: 1
Советникот Џелал Мена не се чуствува безбедно на седниците на градскиот совет. Вели дека по вчерашниот инцидент кога бил нападнат од негов колега, неговото функционирање во советот во иднина ќе му создава притисок и вознемиреност.
Утре кој мене ќе ми гарантира , а и на другиве советници ако нешто се случи. Немаме никаква сигурност. Треба да има контрола, треба да има осигурување, треба да има полицајци, бидејќи понекогаш на седниците доаѓаат и граѓани па може да дојде и до поголем инцидент, вели Мена.
Од Локалната самоуправа го осудуваат вчерашниот инцидент меѓу советниците...
Post Views: 20
ЕВН почна да исклучува и во Струга. Наставниот процес во сите основни училишта се одвива во студени и недоволно осветлени училници, а часовите траат до 15 минути. Проблемот датира од пред неколку години информираше в.д директорот на ОУ „Јосип Броз Тито“, Тони Савески. Наследениот долг по однос на неплатени сметки за електрична енергија на училиштето изнесувал околу еден милион денари.
„Проблемот ескалираше вчера во пладневните часови околу 12 часот бевме исклучени. Од моите сознанија разговарано е и се очекува можеби во текот на денешниот ден проблемот да се реши“ –...
Post Views: 2
Од денес 480 охридски семејства во социјален ризик ќе добиваат гарантираната минимална плата во висина од 6000 денари. Новиот Закон за социјална заштита кој стапи на сила од 23 мај со низа измени ќе го подобрува семејниот буџет на домаќинставата во социјален ризик. Семејствата ќе добиваат и детски и образовен додаток. Така, во буџетот на едно семејство, во зависност од бројот и возраста на децата, ќе се слеваат околу 13.000 денари месечно, информира Ајтен Мусли директор на охридскиот Центар за социјални работи. По истекот на овој рок законот предвидува нови можности...
Post Views: 0
Во Словенија бил притворен маж кој во изминатите два месеци седум пати се вакцинирал против ковид-19, а кривично ќе одговараат уште четворица други, на чие име се вакцинирал човекот за да може да добијат ковид-сертификати.
Хина, повикувајќи се на словенечките медиуми, објави дека тие се товарат за манипулација при вакцинацијата, зашто намерно ги довеле во заблуда здравствените власти за да им издадат ковид-потврди. Тие може да добијат до три години затвор.
Според полицијата, четворицата мажи кои не сакале да се вакцинираат, за пари ангажирале лица со социјални потреби,...
Post Views: 1
Граѓаните кои имаат рекламации за купената бела техника од АМЦ компанијата која е во стечај може да побараат помош од Државниот пазарен инспекторат во Охрид. Во охридската подрачна едница на Државниот парзарен инспекторат досега само еден потрошувач побарал помош за рекламација на прозивод купен во АМЦ. Од подрачната единица на инспекторатот ќе ги задолжуваат сервисите да ги поправат расипаните апарати ,а потрошувачот нема да плати за извршената поправка бидејќи компанијата повеќе не постои, информира Цветко Ристески раководител на оддленеито на Државниот пазарен инспекторат.
„...
Post Views: 1
Со финансиска поддршка на Општина Охрид во вредност од 365 800 денари, се изврши комплетна реконструкција на подовите во основното училиште „Ванчо Николески“ во село Лескоец.
Изминатиов период активно се работеше на подобрување на условите за следење настава. Во училиштето се реконструираа тоалетите , се молерисаа и санираа оштетувањата на ѕидовите од осум училници. Се изврши реконструкција на таванот и ѕидовите од училишниот ходник и се поставија нови светилки.
Со поддршка на Општина Охрид се набавија нови компјутери за учениците со цел да има непречено одвивање...