Post Views: 1
Една од мерките за намалување на бездомните животни по улиците е вградување на бесплатни микрочипови од Агенцијата за храна и ветеринарство. Но од имплементацијата на тригодишната стратегија во пракса се добива впчеток дека дава слаби резултати. Улиците и плоштадите се полни со бездомни кучиња и поплаки на искасани граѓани. Како се реализира Стратегијата со микрочипирањето и кој треба да ги контролира сопствениците за примена на одредбите од законот за заштита и благосостојба на домашните животни ја контактиравме Велика Атанасова, портпарол на АХВ. Атанасова информира...
Post Views: 1
Согласно Законот за заштита на населението од заразни болести, а врз основа на Одлуката на Советот на Општина Дебрца, за спроведување превентивна систематска дезинсекција на територијата на Општина Дебрца, како општа противепидемиска мерка, ЈЗУ Центар за јавно здравје ќе преземе соодветни мерки за заштита.
Граѓаните кои одгледуваат пчели на подрачјето на Општина Дебрца во вторник, на 18 јуни да ги заштитат своите пчели бидејќи Центарот за јавно здравје ќе спроведува земјена дезинсекција со цел уништување на комарците. Запрашувањето ќе се врши во периодот од 21 до 06...
Post Views: 0
Дебарско-кичевската епархија ги известува своите православни верници дека на 16. јуни 2019 година (недела), во црквата „Света Троица“ (населба Црногорци) – Охрид ќе се служи света архиерејска литургија, по повод празникот „Слегување на Светиот Дух – Духовден (Св.Троица) – Педесетница“ со почеток во 9.00 часот, на која ќе чиноначалствува Неговото Високопреосвештенство митрополитот Дебарско-кичевски и Администратор Австралиско – сиднејски г.Тимотеј.
17. јуни 2019 година (понеделник) „Ден на Светиот Дух – Духовден“, со почеток во 9.00 часот ќе се служи света архиерејска...
Post Views: 0
Компјутерските арамии кои ја нападнаа централната банка на Бангладеш се обиделе да украдат една милијарда долари, но откриени се откако украле 80 милиони долари, објави Reuters.
Цитирајќи ги банкарските службеници, Reuters објави дека бандата која стои зад нападот користела украдени уверенија за преносот на пари да изгледа законито. Ако биле реализирани сите барања, бандата ќе извлечеше една милијарда долари. Меѓутоа, трансферите се прекинати кога обемот на барања предизвикал сомнежи кај другите банки.
Се верува дека хакерите кои стојат зад нападот избегале со околу...
Post Views: 1
Во сабота 15 јуни, во Охрид по осумнаесетти пат ќе започне меѓународниот натпревар на млади музичари „Охридски бисери“ 2019. Во пет натпреварувачки денови, во салата на Градското собрание на градот Охрид, ќе настапат осумдесетина учесници од Европа. Годинава на програма се дисциплините дувачки инструменти, флејта, обоа, кларинет, саксофон, труба, хорна, тромбон и камерна музика во различни состави со споменатите инструменти.
Овој реномиран натпревар им нуди можност на младите уметници за претставување на личните достигнувања, дружење и размена на искуства со колеги од...
Post Views: 0
Доцна синоќа, сепак, опозицискиот лидер Заев бил убеден да дојде на лидерска средба утре, откако бил уверен дека на неа ќе присуствуваат амбасадорите Бејли и Орав.
На иницијатива на претставниците на меѓународната заедница денеска ќе се сретнат лидерите на четирите најголеми партии Зоран Заев од СДСМ, Никола Груевски од ВМРО-ДПМНЕ, Али Ахмети од ДУИ и Мендух Тачи од ДПА.
Лидерите ќе седнат на заедничка маса заедно со Џес Бејли, амбасадорот на САД и Аиво Орав, шеф на мисијата на ЕУ во Македонија.Иницијатори на оваа средба се претставниците на меѓународната заедница за...
Post Views: 3
Храната во земјава е со сомнителен квалитет. Се случувало да се открие млеко, месо, зеленчук,па дури и минерална вода со несоодветен квалитет, што предизвикува штетни последици врз здравјето на луѓето. Според експетите во земјава постојат лабаратории, но нема капацитет , бидејќи има огромен број на производители и невозможно е да се контролираат сите. Агенцијата за храна честопати тврди дека храната во земјава е безбедна, но тоа не може да се докаже , само со два посто контролирани примероци. Дополнителен проблем е што нема ригорозни санкции за производителите, ...
Post Views: 0
Фамилијата Билјанови е симбол за најстарата месарска традиција во Струга. Тие од пред година дена отворија фабрика за производство на месни производи, во еден еколошки предел кој изобилува со чиста вода, воздух и природа, на крајбрежјето на две води, Охридското Езеро и реката Црн Дрим, под падините на Јабланица. Најмладиот потомок кој ја презеде шест генерациската традиција Славчо Билјан не го крие задоволството од досегашниот успех и вели дека долгот и почитта кон предците е негова обврска и желба, чесно и еснавски да продолжи понатаму и преку пласман на производи...
Post Views: 26
Истекуваат отпадни води од колекторскиот систем кај стадионот во Грашница, јавуваат екологисти од ЕД Грашница. Претпоставуваат дека станува збор за исклучување на пумпата кај Даљан.
„ После 30 години и повеќе ова е проблем со истекот на бајпасовите кај плажата Мизо и подолу кај вливот на реката Грашница. Денес е 13 јуни, неколку денови нема врнежи, а бајапсовите без престан течат во езерските води“, вели Борче Стојаноски од ЕД Грашница.Стојаноски повикува на понкретни активности за решавање на овој проблем од страна на формираното државно претпријатие за одржување на...
Post Views: 6
На 02.01.2022 во 04.30 часот во СВР Охрид е приведен Т.Р.(30) од Охрид.
При преглед во патничко возило „БМВ”, во кое се превезувал, извршен на ул. „Васил Стефоски” во Охрид, полициските службеници пронајдоа и одзедоа кеса со марихуана. Против него ќе биде поднесена соодветна пријава – информираат од СВР Охрид.
Post Views: 0
Професорите по гастрономија Жан Бларет и Кристоф Доверн, од школата за Гастрономија „Џес Де Форест“ од Лил – Франција, во кујната на факултетот одржаа мастер клас професори, студенти и готвачи од повеќе хотели и ресторани од Охрид.
Нов мастер час на врвни готвачи од Европа на Факултетот за туризам и угостителсво. Професорите по гастрономија Жан Бларет и Кристоф Доверн, од школата за Гастрономија „Џес Де Форест“ од Лил – Франција, пред пристуните подготвија, лосос, неколку предјадењаа и позната француска салата, прилагодена на охридското поднебје. Професорот Доверн истакна...
Post Views: 9
Самата изложба која е од единствен карактер има двострано значење и тоа:
Сите посетители на охридскиот Архив ќе може да уживаат во прекрасните фотографии но и посетителите кои ќе дојдат да ја посетат изложбата, истовремено ќе го посетат Архивот и подобро ќе се запознаат со дејноста на институцијата.