Започна првото пријавување за запишување ученици во прва година

Post Views: 1 Во средните училишта во државава денеска и утре се спроведува првото пријавување за запишување ученици во прва година во учебната 2019/2020 година во јунскиот уписен рок. Уште од утринава новите средношколци кои веќе одлучиле каде ќе го продолжат своето образование се упатија кон некој од четирите средношколски центри во градов за да ги достават своите пријави. Во општинското средно стручно училиште „Ванчо Питошески“ уписот течеше без никакви проблеми, а учениците имаат можност да се запишат на еден од шестте профили и тоа: тригодишните за кувари и келнери и четиригодишните...

Continue reading

Во Охрид започна со работа медицинскиот симулациски центар

Post Views: 1 Од денес во просториите на Специјалната болница за превенција,лекување и рехабилитација на кардиоваскуларни заболувања – Охрид , после претходно склучен Меморандум за соработка започна со работа Медицинскиот симулациски центар. Овој центар ќе функционира со цел едукација,тренинг,стандардизација на протоколи и координација на медицински персонал за напреднато срцево белодробно оживување на сите нивоа во третман на пациентите. Исто така овој центар во иднина ќе биде ставен во функција на сите групи граѓани во едукација на давање на прва медицинска помош или основно...

Continue reading

Новиот болнички блок во „Св. Еразмо“ ќе биде завршен до септември

Post Views: 4 Според збровите на министерот за здравство Венко Филипче, специјалната болница за ортопедија и трауматологија „Св. Еразмо“ во Охрид, ќе го добие новото болничко крило до крајот на летото. Првиот човек за задравство ова го најави при неговиот неодамнешен работен престој во Струга. Филипче кажа дека на почетокот на 2018 година наследена е ситуација во која имало целосен застој на работите на новото крило на болницата, но после интензивните разговори со менаџментот на болницата и изведувачот работите продолжиле. Филипче додаде дека во текот на градежните работи дошло до...

Continue reading

Нивото на СО2 во атмосферата “експлодира”

Post Views: 0 Мерењата во опсерваторијата Мауна Лоа на Хаваите покажале пораст на нивото на СО2 , а научниците тврдат дека тоа е резултат на комбинација од човечки активности и временскиот феномен Ел Нињо. Тие, исто така, истакнуваат дека најновите податоци го зголемуваат притисокот врз светските лидери во потпишувањето на ратификуваниот климатски договор од Париз, пренесува BBC. Мауна Лоа е најстара светска станица за атмосферски мерења кои датира од 50-те години на 20 век. Таа се третира како една од најважните опсерваториски станици на глобално ниво. Научниците веруваат дека Ел...

Continue reading

Стартува мерката организиран одмор на работници со ниски приходи

Post Views: 1 Министерот за економија Крешник Бектеши денеска на прес-конференција го најави стартот на мерката – организиран одмор на работници со ниски приходи чии месечни примања во семејството не го надминуваат нето износот од 22.000 денари, која е во рамки на Програмата за домашен туризам за работници со ниски приходи 2019 година, објавена во „Службен весник“ од 23 јануари годинава. „Со оглед на зголемениот интерес на граѓаните, и оваа година ќе продолжиме со мерката преку која на работниците со ниски примања им се овозможува користење на годишен одмор. Владата на Република...

Continue reading

zaev i gruevski

Нова лидерска, во понеделник

Post Views: 0 Лидерската средба не даде резултати, но предводниците на четирите најголеми македонски и албански партии од власта и опозицијата се договориле во понеделник да одржат уште една средба на која би ја утврдиле рамката на преговори за излез од политичката криза, пишува „Макфакс“. Како што рече лидерот на СДСМ, Зоран Заев, рамката не успеавме да ја договориме, но остануваме на нашите барања за формирање преодна влада, со мандат за предвремени парламентарни избори. Заев изјави дека по денешните разговори за рамката за дијалогот тој не е оптимист за постигнување решение....

Continue reading

Нападната девојка во центарот на Охрид

Post Views: 3 На 16.06.2019 година во 02 часот и 45 минути во полициската станица во Охрид, 25-годишна девоjка од Скопjе приjавила дека на улица „Ванчо Николески“ во Охрид била физички нападната и допирана по телото од непознато лице. СВР Охрид презема мерки за пронаоѓање на сторителот и за расчистување на случајот.

Continue reading

diplomatska

Идните дипломати од „Јахја Кемал“

Post Views: 4 Средношколците од Јахја Кемал колеџот симулираа дипломатска вечер. Од свечен прием, црвен тепих, фотограф задолжен да ја овековечи вечерта, до бенд кој ги забавува гостите од позадина. Оваа симулација всушност е дел од практичната настава за учениците од четврта година од колеџот „Јахја Кемал“. „Учениците беа многу инволвирани во самиот настан, го подготвувавме околу еден месец, не беше нешто многу долго ама како што гледате испадна како што треба, како што замисливме со професорите. Стекнатото искуство, со тоа што знаеме како да се однесуваме, да се облечеме за една...

Continue reading

Превентивата е најдобра заштита од појава на пожари

Post Views: 0 Од ЈУНП „Галичица“ информираат дека на сила стапува забраната за палење на оган, фрлање на догорчиња и други причинители на пожари на отворен простор. Пресуден фактор за појава на пожарите на отворен простор е човечкиот фактор. Голем дел од пожарите се намерно предизвикани но и од невнимание. Тргнувајќи од овој факт и фактот дека превентивата е најдобра заштита од појава на пожарите. Поради зголемена опасност од појава на пожар во летниот период како и според Закон за шуми, забрането е палење на оган, фрлање на догорчиња и други причинители на пожари на отворен простор....

Continue reading

Водици неработен ден за граѓаните од православна вероисповед

Post Views: 0 Богојавление Водици е неработен ден за граѓаните од православната вероисповед во Република Македонија. Согласно Законот за празниците на РМ („Службен весник на РМ” бр.21/98 и 18/07), 19 јануари 2022 година (среда), Богојавление (Водици), е неработен ден за граѓаните од православната вероисповед во Република Македонија, соопшти Министерството за труд и социјална политика. Од Министерството воедно им го честитаат празникот Богојавление (Водици) на граѓаните од православната вероисповед.

Continue reading

Измени во режимот на сообраќај во дел од стар град

Post Views: 3 Поради изведување на градежни зафати за санација на мрежата за атмосферска канализација, почнувајќи од 17.06.2019 ( понеделник) па во наредниот период, делот на ул. „Коста Абраш“ на потегот од пресекот со ул „Самоилова“ па се до Долна Порта ќе биде целосно затворен за сообраќај во периодот од 07 до 17 часот. Се молат граѓаните и учесниците во сообраќајот да се придржуваат до известувањето и да ја почитуваат времената собраќајна сигнализација.

Continue reading

Денес во Охрид врнежливо со температура до 13 степени

Post Views: 2 Времето денеска во Охрид облачно и студено со врнежи од дожд. Врнежите повремено ќе бидат обилни, со пороен карактер и засилен југоисточен ветер, особено во западните делови каде на повеќе места ќе наврнат и над 30 л/м2 дожд. Mаксималната температура во Охрид ќе се искачи до 13. степени. Под влијание на влажна воздушна маса во следните денови времето ќе биде облачно и студено со врнежи од дожд со променлив интензитет – информираат од УХМР.

Continue reading

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top