Идните дипломати од „Јахја Кемал“

Стекнуваа вештини како подобро да научат да се изразуваат, како и да дискутираат по најразлични теми.

 |  Голабовски Крсте  | 
diplomatska
дипломатска

Средношколците од Јахја Кемал колеџот симулираа дипломатска вечер.

дипломатскаОд свечен прием, црвен тепих, фотограф задолжен да ја овековечи вечерта, до бенд кој ги забавува гостите од позадина. Оваа симулација всушност е дел од практичната настава за учениците од четврта година од колеџот „Јахја Кемал“.

„Учениците беа многу инволвирани во самиот настан, го подготвувавме околу еден месец, не беше нешто многу долго ама како што гледате испадна како што треба, како што замисливме со професорите. Стекнатото искуство, со тоа што знаеме како да се однесуваме, да се облечеме за една ваква пригода, сметам дека ќе ни биде многу корисно понатака во животот. Се надевам дека ќе имаме можност да присуствуваме на вистински ваков настан некогаш во иднина.“-вели Настасија Краљевска-еден од главните организатори на настанот.

simulacijaДиректорот на „Јахја Кемал“, Исмаил Ердил, смета дека доколку неговите ученици продолжат по патот кој досега го чекорат, во иднина, ваквите дипломатски вечери би им биле секојдневние.

„Посебна благодарност до професорите Фросина и Елизабета за организирањето на овој настан. Ги гледаме нашите идни научници, нашите идни дипломати, ги гледаме нашите идни доктори. Навистина е убаво да се видат нашите ученици во различна облека, ги охрабрувам за нивната иднина, би сакал да се сретнеме дури и по дипломирањето на вашите факултети, да се сретнеме тука и да ги прославиме вашите професии.“-рече директорот на „Јахја Кемал Колеџ“, Исмаил Ердил.

Инаку пред да се случи оваа симулација на дипломатска вечер, учениците имале обука на која им било демонстрирано како треба да се облечат, како треба да се однесуваат на еден ваков настан. Тие сметаат дека ова им е одлична можност да комуницираат со нивни соученици кои помалку ги познаваат, а со тоа да ги развиваат и своите вештини за изразување. Оваа симулација тие ја организираат трета година со ред.

{loadposition content9}

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top