Post Views: 1
Колабирање, влошување на хронични заболувања и сообраќајни несреќи се најчестите причини, деновиве, граѓаните да го повикаат 194 бројот на итната медицинска помош. Во овие летни горештини екипите за брза медицинска интервенција имаат зголемена фрекфенција на работа, информира д-р Љупка Николовска, раководител на Итната медицинска служба. Во континуитет, во летните месеци се чувствува недостаток од персонал во службата, но екипите максимално се организираат да одговорат на работата, кажува д-р Николовска.
„ Градот ни се дуплира и триплира за овој период, ние сме туристички...
Post Views: 3
Ј.П.„Охридски Комуналец„ континуирано се соочува со проблемот од несоодветно депонирање и расфрлање на отпад на патниот правец кон С.Велестово. Денес повторно се реализира акција за расчистување на овој патен правец и шумскиот дел покрај коловозот.
Со цел повисок степен на јавна чистота во стариот дел на градот по улиците : „Илинденска„ , „Кузман Капидан„ , „Коста Абраш„ и „Цар Самоил„ се поставени нови 15 канти за депонирање отпад со капацитет од 240 литри.
Се уреди просторот и патниот правец до црквата Св.Наум во С.Лескоец.
Во пресрет на триатлонот кој ќе се одржува...
Post Views: 7
Согласно одлуката за давање на користење на недвижен имот – градежно земјиште со намена за сидрење на пловни објекти кој се наоѓа на месноста „Студенчишта” КП. бр 6472/1 КО Охрид од Општина Охрид на ЈП „Билјанини Извори”, ги известуваме сите сопственици на пловни објекти заинтересирани за закуп на сидришно место, да дојдат во дирекцијата на ЈП „Билјанини Извори” за потпишување на преддоговор и резервација на сидришно место.
Ги известуваме сите заинтересирани дека после добивањето на согласност од страна на Советот на Општина Охрид, на одлуката за дополнување на одлуката...
Post Views: 1
Боинг 737 во сопственост на компанијата FlyDubai на пат од Дубаи се урна при слетување на аеродромот во Ростов на Дон во јужна Русија.
Во падот на авионот загинале сите 55 патници и седум членови на екипажот, а како што јавува BBC, авионот се урнал при обидот за слетување и ја промашил пистата.
До несреќата дошло во 15.50 минути по локално време. Сеуште не е јасно што ја предизвикало несреќата, меѓутоа како фактори се разгледуваат лошата видливост и силниот ветар. Авионот по првото неуспешно слетување два часа кружел пред вториот обид кој завршил трагично.
Меѓу загинатите...
Post Views: 2
ЈП „Градски Пазар” започна со поставување на урбана опрема-унифицирани тезги за продажба на источниот дел од плоштадот „Крушевска Република”.
Овие активности се во согласност со Измените и дополнувањата на Годишната програма за поставување на урбана опрема, која ја усвои Советот на Општина Охрид на 30.05.2019 година и во согласност со Огласот бр. 01/2019 за прибирање на понуди за издавање на времено користење на локации за поставување на урбана опрема за комерцијално користење.
Од јавното препријатие упатуваат апел до граѓаните да ги остранат паркираните моторни возила...
Post Views: 0
Во интервју за неделникот “Данас” известувачот на Европскиот парламент за Македонија, Иво Вајгл, рекол дека не би сакал да ги коментира изјавите кои се однесуваат на случувањата во Куманово и дека тие треба одговорно да се проучат и да се даде заклучок во однос на тие прашања.„Состојбата е доста сложена и односите на тамошните политички сили, нивните програми, нивните намери не се јасни, доколку човек ги поглед од далеку“, рекол Вајгл и додал дека за Македонија „се знае она што беше соопштено од извештајот на Европската комисија за напредокот и врз осносва...
Post Views: 7
Здружението за развој и промоција „За Трпејца со љубов“ од Охрид по осми пат – годинава од 21 до 29 јули ќе го организира Културно – забавното лето „На зајдисонце“.
Програмата е готова и се знаат речиси сите детали. И ова издание на манифестацијата финансиски е помогнато од Министерството за култура и Општина Охрид. Честа да ја отворат манифестацијата која од година во година привлекува сè повеќе туристи во оваа крајезерска населба им припадна на Фолклорниот ансамбл „Бисери“ под уметничко раководство на Татјана Узуноска Тренеска. На фолклорот и традицијата ќе им претходи...
Post Views: 5
По повод Денот на дрвото-Засади ја својата иднина учениците заедно со вработените од ОУ ,,Дебрца” с. Белчишта и вработените во Општина Дебрца на чело со градоначалникот Г-дин Игор Трајкоски засадија повеќе од 300 декоративни садници.
Беа засадени садници од чемпрес и други украсни дрва на локации во училишните дворови како и на територија на Општината.
{loadposition content9}
Post Views: 1
Улицата Егејска, 4 месеци со раскопани тротоари од двете страни. Жителите од станбените згради на овој потег се жалат дека голтаат прашина а навечер поради лошото улично осветлување загрозена им е и безбедноста затоа што мора да се движат по коловозот на улицата. Велат дека не треба да се одоловлекува со месеци санација на улица која има должина од само 500 метри но е многу прометна. Од локалната пак велат дека имало мал застој но дека на терен повторно се работи.
„Ако сега одите таму ќе забележите дека се работи. Имаше застој од технички причини, веројатно имаше потешкотии...
Post Views: 7
Археолозите почнаа со стандарни ископувања пред да започне реконструкцијата на плоштадот „Крушевска Република“. Овој простор долго време бил слободен и голема е неизвесноста дали нешто ќе се пронајде под градскиот бекатон, информира Мишо Туткоски, директор на НУ „Завод и Музеј“ Охрид.
Во минатото на овој простор е малку ископувано и немаме никакви сознанија за некакви градби. Два века е Плоштад, отворен простор, бил пазар. Може нема никакви градби, но мора да ги извршиме археолошките истражувања кои ќе ни дадат понатамошни насоки. Доколку има објект ќе бараме начин...
Post Views: 1
Локалната самоуправа ќе воведува ред при паркирањето на пловните објекти во Студенчишкиот канал. Со каналот, досега не стопанисуваше никој и сопствениците на пловилата ги врзуваа кајчињата, глисерите и бротчињата кој каде ќе стигне. Многу често имаше појава и на расправии за паркинг местата. Од ова лето Локалната самоуправа со одлука на градскиот Совет го отстапи каналот на стопанисување на ЈП Билјанини извори. Предлог има сопствениците на едрилици да бидат ослободени од плаќање на закупнина, а за останатите пловила да се плаќа закупнина за просторот на 6 месеци и една...
Post Views: 0
Со синоќешното осветлување на зградата на Општина Охрид во зелена боја, Локалната самоуправа се вклучи во одбележување на Светскиот ден на церебралната парализа – 6-ти октомври. На овој ден се потсетуваме дека има над 17 милиони луѓе во светот кои страдаат од ова здравствено нарушување.
Церебралната парализа е несакан глобален феномен и е еден од најчестите физички попречености што ги погодува нашите најмили, децата. Оваа попреченост може да се појави во различни периоди од нивното растење и развој.
Затоа сите во рамки на своите надлежности да работиме на подобрување...