spasena zena strusko

Премрзната жена извлечена од плевна во струшкото село Заграчани

Post Views: 8 Студот почна да го зема данокот. Во Заграчани струшко, во една плевна денес била пронајдена премрзната жена. Таа три дена останала без струја, огрев и храна. До неа случајно дошол медицинскиот тим на струшката брза помош. Директорот Марко Стрезоски вели дека веднаш интервенирале, на жената и дале храна и облека и ја префрлиле во Специјалната болница за ортопедија и трауматологија „Св Еразмо“, Охрид. Дежурниот доктор Огнен Шешоски рече дека пациентката треба да биде под постојан медицински надзор бидејќи подолго време била во хипотермија. „Пациентката ја примивме во стабилна...

Continue reading

Големa материјална штета претрпе опожарениот струшкиот ЕК Снегар

Post Views: 7 33 спортски пловни објекти изгореа во хангарот на струшкиот едриличарски клуб Снегар. Клубот остана без чамци од класите Ласер, Европа, Оптимист и другите бродови кои се затекнаа во скалдиштето на струшката плажа на површина од над 250 метри квадратни, кажува со тешко срце Лазо Ѓоргоноски претседател на ЕК Снегар. Територијалната противпожарна единица, вчерa околу 17 часот, интeрвенирала со две возила, но заради материјалот кој развива голема температура било невозможно да се изгасне. Денес, се расчистуваа остатоците од опожарениот едрилачарски хангар и се сумираше настанатата...

Continue reading

МТСП: Во тек е исплатата на правата од социјална и детска заштита

Post Views: 4 Министерството за труд и социјална политика информира дека денеска започна исплатата на правата од социјална, детска и цивилна заштита за месец декември 2021 година. Корисниците на парични права коишто поседуваат дебитна картичка ќе можат да подигнат готовина на банкоматите на банките, да ги користат средствата за безготовински плаќања во продажната мрежа или преку електронско и мобилно банкарство од денеска, 3 јануари 2022 година. Со цел да се избегне метеж пред банките и да се овозможи поголема заштита на корисниците на парична помош во услови на опасност од вирусот...

Continue reading

Одобрени проекти од програмата за рамномерен регионален развој и за Општина Дебрца

Post Views: 4 Градоначалникот Ногачески заедно со Директорот на Бирото за регионален развој, Рамиз Реџепи потпишаа два договори со кои општина Дебрца обезбеди средства за изградба на водоводна мрежа за Сл. Чифлик од Програмата за развој на подрачја со специфични развојни потреби и за уредување на улица во село Оровник, од Програмата за развој на села. Со средства од програмата за рамномерен регионален развој на Министерството за локална самоуправа до крајот на годината ќе бидат реализирани 74 нови проекти за развој на селата и на подрачјата со специфични развојни потреби во 54 општини....

Continue reading

Сообраќајна несреќа кај Годивје

Post Views: 1 На 09.10.2021 во 10.20 часот на магистралниот пат Охрид-Кичево, на спојката со локалниот пат за селото Годивје, општина Дебрца, случена е сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „форд ескорд”, со кичевски регистарски ознаки, управувано од Г.К.(48) од Кичево и патничко возило „опел мерива”, со скопски регистарски ознаки, управувано од Б.С.(62) од Скопје. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил возачот Б.С., а со телесни повреди се здобиле две сопатнички од истото возило, Б.С.(22) и Б.С.(52), двете од Скопје, констатирани во Специјалната болница...

Continue reading

Никнува ли нова депонија, овој пат на дното на Охридското Езеро?

Post Views: 4 Неодамна нуркачите од нуркачкиот центар „Акватек“ од водите на Охридското Езеро извадија када, што впрочем беше само дел од пообемното количество градежен шут кој несовесни граѓани го фрлиле во водите на езерото. Откако ја извадија од езерото, кадата сеуште стои на плажата Сараиште во центарот на Охрид и чека да биде подигната. Викендов членот на нуркачкит центар „Акватек“ Никола Паскали извади и вреќа со плочки која уште мината година минатата година беше лоцирана исто така во езерските води.

Continue reading

Почина пензионираниот дописник од МИА Борис Ѓорѓиоски

Post Views: 0 На 75 годишна возраст ВИКЕНДОВ , по кратко боледување, почина пензионираиот дописник на МИА од Охрид Борис Ѓорѓиоски . Новинарството беше неговата животна определба, професијата од која се пензионира, но не престана да ја работи и после тоа. Студирал во Загреб политички студии, отсек новинарство. Работеше во Радио Белград, каде беше познат по неговите интервјуа и репортажи. По кусото волонтирање во „Политика“, добил уредничко место во Радио Младеновац, а потоа станува и дописник на Радио Белград од Скопје. По распаѓањето на поранешна СФРЈ, се враќа во Охрид и го отвора...

Continue reading

СТАРТУВАШЕ КУЛТУРНО-ЗАБАВНОТО ЛЕТО „НА ЗАЈДИСОНЦЕ” ВО ТРПЕЈЦА

Post Views: 5 Со настап на Фолклорниот ансамбл „Бисери“ и Ликовна изложба, викендов во Трпејца започна годинешното издание на Културно – забавното лето „На зајдисонце“. На свченото отворање на манифестацијата која се одржува по 8-ми пат, во името на Локалната самоуправа се обрати Претседателката на Советот на Општина Охрид, Живка Ангелоска. – Секое доаѓање тука, во овој уникетен предел на брегот на нашето Охридско Езеро, значи едно ново доживување, една нова магија на живописни пејзажи, на кои секојдневно танцуваат необичните нијанси на водата, небото и сонцето. Неповторливиот звук...

Continue reading

Печатеното издание на The Independent замина во историјата

Post Views: 0 Вработените на британскиот дневник The Independent чија продажба беше во голем пад веќе неколку години, во петокот за последен пат ги пуштија во печатење весниците кои се спремаат во потполност да преминат во дигителен формат. Новинарите на овој дневник основан пред помалку од 30 години објавиле фотографии на социјалните мрежи кои ги прикажуваат екипите како тропаат по масите што претставува традиционален поздрав при заминување на колеги. Во последниот уводник, The Independent пишува како ќе се сеќаваат на храброто преминување во 100% дигитален формат како пример кој...

Continue reading

„Терем“ квартет вечерва на програмата на „Охридско лето“

Post Views: 0 Фестивалската програма на фестивалот продолжува вечерва во 21 часот во црквата „Св. Софија“, со концерт на фолклорно-инструменталниот квартет „Терем“. Андреј Константинов-сопран домбра, Андреј Смирнов- бајан/ хармоника, Алексеј Барсчев –алт домбра, Владимир Кудрјавчев на контрабас, во 1986 година како студенти од фолклорно-инструменталниот оддел на државниот конзерваториум „Николај Римски-Корсаков“ во Санкт Петербург, го основаа квартетот „Терем“ низ годините и станува еден вид симбол на градот и амбасадор на Руската култура во светот. Според руската новинарска фела-...

Continue reading

johanes Han

Хан се сретна со Груевски и Заев

Post Views: 0 Утрово во Скопје пристигна еврокомесарот за соседска политика и проширување Јоханес Хан. Во тек е средба со лидерите на СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ, Заев и Грувски. Средбата се одржува на Водно во резиденцијата на ЕУ во присуство на амбасадорот на ЕУ во Македонија, Аиво Орав. Според најавите од Брисел целта на посетата на Хан е да изврши притисот за побрзо наоќање решение за излез од кризата. Неофицијално тој ке се обиде да ги приближи позициите на Заев и Груевски  со документ во кој се нуди Македонија да почне неофицјален скрининг како прва фаза од пристапните преговори со Европската...

Continue reading

Решен проблемот со слабото водоснабдување на жителите од Долно Лакочереј

Post Views: 0 Недостатокот од вода за пиење во водоводната мрежа во Долно Лакочереј е решен, информираат од МЈП Проаква. Во летните месеци , жителите од оваа месна заедница, во чешмите имаа слаб проток на вода за пиење. Тоа се должеше, пред се заради старата навика да ги полеваат зелените површини и земјоделски насади со вода од водоводната мрежа. Се трошеа резервоарските количини на вода во системот за водоснабдување, информира Владимир Алексијоски директор на МЈП Проаква. За жителите да имаат норамално водоснабдување мораше да се употреби дополнително користење на вода од две бушотини...

Continue reading

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top