Post Views: 7
Хакери упаднаа во електронската пошта на кандидатот за потпретседател на САД од Републиканската партија Сара Пејлин. Станува збор за една од адресите на Пејлин, која таа ја користела како гувернер на Аљаска на порталот Јаху.
Како доказ за својот „успех“ хакерите ја распространија на неколку веб сајтови содржината на поштата на Пејлин – лични писма и снимки.
Предизборниот штаб на претседателскиот кандидат Џон Меккејн, кој ја избра Пејлин за свој заменик, го нарече инцидентот „шокирачки упад во приватниот живот на гувенерката и нарушување на законот“.
Американските...
Post Views: 1
Од денес до 18 август се одржува културната манифестација Поетска ноќ во Велестово. На сред село, кај Чешмата, поети од земјава и светот три дена ќе ја слават поезијата и уметноста по 31 пат. Манифетсацијата ќе почне со претставување на поетскиот портрет на македонскиот поет Иван Џепароски. Огромно задовоство е да се биде дел од плејадата најзначајни македонски автори. Од таа низа врзана за вредностите на македонската поезија, од овде, од височините на прекрасното Велестово, вели Џепароски.
„Поезијата не издигнува дополнително и прави естетско доживување поврзано со...
Post Views: 0
Барклис соопшти дека ќе ги преземе трговските активи на Леман Брадерс во износ од 40 милијарди фунти (72 милијарди долари) и пасиви од 38 милијарди фунти. Таа освен тоа, ќе биде и сопственик на централата на банкротираната банка во Њујорк.
„Тоа е можност која се отвара еднаш во животот на Барклис“, изјави претседателот на британската банка Роберт Дајмонд.
Неопходно е зделката да биде одобрена од Суд.
Американскиот весник Волстри џурнал уште вчера објави дека бил постигнат договор.
Најголемата инвестициска банка во САД, „Голдман Сакс“ вчера соопшти дека во третиот...
Post Views: 0
Во Охрид се одржа средба помеѓу претседателите на ВМРО ДПМНЕ и Алијанса за Албанците, кои се коалициони партнери на овие локални избори. Христијан Мицкоски, претседателот на ВМРО ДПМНЕ имаше средби и со охриѓани, покрај онаа со Зијадин Села, претсетдателот на Алијанса за Албанците. На неколку денови пред изборите Мицкоски не го крие оптимизмот за исходот од гласањето.
Јас сум убеден во голема победа предводена од ВМРО ДПМНЕ. Ќе посветиме големо внимание на Охрид и охриѓани кои го заслужуваат вистинското место. Цениме дека градот е сериозно потценет. Ако очекувате поинакво...
Post Views: 9
Педалинките и ова лето причина за повеќе работа на спасителите на вода. Многу пати е потврдено дека овие пловила за рекреација се крајно небезбедни, а оние кои сакаат да се забавуваат на нив пак, воопшто не почитуваат никакви правила. Најчесто поради претовар доаѓа до превртување на педалинката што ја загрозува безбедноста на оние кои се на неа. За среќа ова лето засега немаше некој немил настан со поголеми последици, но имало интервенции од страна на спасителите.
Најповеќе интервенции имаме со оние кои ги издаваат педалинките и останатите пловни објекти за забава каде...
Post Views: 9
Британските штедачи кои своите заштедени пари ги имаат оставено на чување во домашните банки, стравуваат дека кризата со банкротот на американската инвестициска банка Лимен Брадерс може да предизвика губење на нивните заштеди.
Весникот „Тајмс“ вели дека долговите на американската банка од 430 милијарди евра се доволно големи за да многу поединци, фирми и банкарски организации не знаат дали воопшто ќе може да ја наплатат оваа „импозантна сума на пари“, што предизвикува страв и нервоза кај многу штедачи.
Според весникот, постои реална закана од реакција на штедачите кои...
Post Views: 1
Од општинскиот комитет на ВМРО ДПМНЕ обвинуваат за недомаќинско и неодговорно работење на Локалната власт на СДСМ, трошењето народни пари аминувано од градоначалникот Константин Георгиески. Денешната прес конференција се однесуваше на ЈП „Охридски комуналец“ и директорот Љупчо Грданоски кој според нив неколкукратно ги зголемил расходите за репрезентација.
Дали директорот Грданоски чувствува одговорност каде и како ги троши парите на граѓаните? Со тие пари зарем немаше да се реши проблемот со стационарот и бездомните кучиња во градот? Го охрабруваме да им објасни на Охриѓани...
Post Views: 1
Сите патници и членови на екипажот загинаа во авионската несреќа што се случи вчера кога авион Боинг 737 се урна во близина на рускиот град Перм, во планинскиот регион Урал, изјави портпаролот на руското Министерство за вонредни ситуации Ирина Андрианова.
Во авионот имало 82 патници и пет членови на екипажот. Меѓу патниците имало седум деца, од кои едно бебе. Авионот на „Аерофлот-Норд“ летал од Москва за Перм.
Андрианова изјави дека авионот полетал од Москва во еден часот и десет минути по московско време. По два часа, кога примил потврда за слетување во Перм, врската...
Post Views: 0
Во моментов, шумскиот пожар во атарот на селото Велмеј е смирен, но не и ликвидиран, инфoрмираат од ЈП Македонски шуми. Стотина луѓе од Македонски шуми, пожарникари од ТППЕ Охрид, Јавното претпријатие Нискоградба и од Комунално Дебрца во изминативе денови беа ангажирани во борбата со шумскиот пожар.Појавата на вчерашниот ветар го распламти пожарот кој претходно беше локализиран, а според првичните проценки за пет дена огнот проголта над 100 хектари шума. Станува збор за пожар кој зафати густа шума од даб и нискостеблеста вегетација.
Непроодниот и тешко пристапен...
Post Views: 3
Ураганот Ајк синоќа ги нанесе првите удари по брегот на американската држава Тексас.
Локалните власти предупредија еден милион луѓе кои живаат во ниските места на брегот на Мексиканскиот Залив веднаш да се евакуираат, а 60 лица мораа да бидат евакуирани со хеликоптери затоа што ги зафати поплава. Локалните власти во три области соопштија дека 90.000 лица одбиле да ги напуштат своите домови и покрај предупредувањата дека можат да загинат.
Со дијаметар од околу 1.000 километри, Ајк се смета за најголемиот ураган во историјата. Додека беше во море тој беше од втора категорија,...
Post Views: 0
Состојбата станува алармантна, а жителите се вознемирени, бидејќи огнената стихија е многу блиску до куќите. Теренот е непристапен, а опожарени се над 50 хектари со нискостеблеста вегетација и дабова шума, велат од противпожарната служба.
Авионите на дирекцијата за заштита и спасување кои се вклучени во гасењето на пожарот според Законот може да летаат само по три часа, кусо изјави директорот на Јавното претпријатие македонски шуми, Нада Митреска. Сите вработените од подружницата Галичица се мобилизирани и на терен, заедно со пожарникарите од ТППЕ Охрид се борат...
Post Views: 3
Најмалку 28 германски банки во последните неколку години ги користеле услугите на компанијата Mossack Fonseca која им помагала на богатите да избегнуваат плаќање на даноци, наведува германскиот весник Suddeutsche Zeitung кој ја разоткри аферата “Panama Papers” во соработка со меѓународен конзорциум на истражувачки новинари.
Барем 14 од тие 28 германски банки се вплеткани во глобалниот скандал и учествувале во основањето на повеќе од 1.200 оф-шор компании, а целта им била криење на имот и перење пари, пишува германскиот весник. Во ова предничи Deutsche Bank која основала...