Не е точно дека сите вакцинирани се инфицирале од вакцините против ковид

Post Views: 3 Преку вакцината не може да се заразите со ковид. Вакцината не содржи никаков жив или активен дел од вирусот ковид-19. Нема да предизвика позитивен тест со кој се тестира активна инфекција со ковид-19. Не е точно она што се тврди во постот дека вакцинираните го шират вирусот врз невакцинираните. Вистината е дека и вакцинираните и невакцинираните можат да ја шират делта варијантата подеднакво, но вакцината штити од тежок исход и хоспитализација како и од смртност кај оние што ќе ја примат. Рецензираме пост на Фејсбук во кој се изнесени невистинити информации. Во постот...

Continue reading

Фрлен солзавец на концерт на Горан Бреговиќ во Корча

Post Views: 6 Полицијата во Корча уапси осум лица кои се осомничени за вмешаност во инцидентот со солзавец на концертот на Горан Бреговиќ. Претходно, на социјалните мрежи се појави снимка од неколку луѓе кои избегале од местото откако фрлиле солзавец. Концертот на Горан Бреговиќ се одржал пред неколку илјади гледачи, со строги безбедносни мерки, а повеќе од 200 полицајци биле ангажирани за обезбедување на концертот, од кои повеќето биле околу сцената, додека останатите биле распоредени на главните градски улици. Движењето Самоопределување од Косово се оградило од инцидентот на концертот...

Continue reading

Во пораст трговијата со деца на Западен Балкан

Post Views: 4 Трговијата со деца на Западен Балкан и понатаму е во пораст и покрај бројните законодавни и практични мерки преземени во претходните години, потенцирано е во Белград на регионалната конференција „Заедничко преземање мерки во криза: Заштита на децата од трговија со луѓе и експлоатација на Западен Балкан”. На Конференцијата беше истакнато дека пандемијата дополнително ја зголеми ранливоста на децата, како резултат на растечката економска несигурност, невработеноста и ограничувањата на движењето. Децата од Западен Балкан се жртви на трговија со луѓе за различни цели: сексуална...

Continue reading

Седумчлено семејство живее под отворено небо

Post Views: 1 Живот под отворено небо.  Седумчлено ромско семејство  ладните зимски ноќи и дни ги минува на отворено. Палат ѓубре за да не премрзнат  на расфрланите  стари јоги покриени со кебиња и јоргани. Велат немаат дом,  со години живеат по улици. Тој од Кавадарци, таа од Струмица постојано  се селат од град во град барајќи начин да преживеат. Моментално се  во Струга. Прво живееја   на струшката депонија, но ги избркале.  Сега се покрај патот кон Велешта крај една шупа. Шемо Дестанов е  слеп и не може да работи. Лебот го  заработува пеејќи по улици. Новата година ја чекаа на...

Continue reading

Мали бизниси во сопственост на жени од Охрид добиваат помош преку обуки за дигитализација

Post Views: 0 Три мали бизниси од Охрид во сопственост на жени, за филигранство, изработка на дизајнерски накит и рачни изработки од бакар добиваат помош преку обуки за унапредување на работењето преку дигитализација, воведување онлајн продажба и маркетинг. Менторската програма е во рамки на проектот „Мерки за зајакнување на женските бизниси по Ковид-19“ што го спроведува Центарот за управување со промени. Целта е да им се помогне на женските бизниси во онлајн трговијата во услови на пандемија кога се соочуваат со намалување на продажбата. Сузана Наумоска од Охрид, која 30 години...

Continue reading

Расчистена дива депонија во населба Далјан

Post Views: 7 Екипите на ЈП „Охридски Комуналец” по добиен налог од Одделението за инспекциски надзор при Општина Охрид спроведoa активности за расчистување на уште една дива депонија лоцирана во населба Далјан во непосредна близина на крајбрежниот појас. Подигнати се 44 метри кубни кабаст отпад, градежен шут, гуми од возила и др. По акцијата пристапниот пат е измиен со цистерна. За жал оваа локација несовесни граѓани многу често ја користат за ненаменско ослободување од покуќнината и друг цврст отпад. Се упатува апел до граѓаните за сите потреби кои ги имаат околу...

Continue reading

Охридските советници дискутираа за Проектите од Нацрт програмите за креирање на буџетот за 2022 година

Post Views: 12 Нацрт програмите за туризам и локален економски развој за 2022 година превидуваат реализација на неколку проекти. Вниманието на опозицијата во Градскиот Совет го свртеа проектите предвидени да се реализираат на површина од 400 метри квадратни во поранешната Касарна, адреналински парк, памп патека, како и проектот Смарт Бајк Систем кој предвидува набавка на 60 смарт велосипеди и поставување 10 паркинг места. Изградбата  на адреналинскиот парк во нацрт програмата ќе чини околу 9,6 милион денари, а набавката на смарт велосипедите 160.000 евра. Советникот од ВМРО НП, Ванчо...

Continue reading

Коронавирус има, а микрочипови за следење на вакцинираните нема

Post Views: 3 Видео на Фејсбук шири дезинформациии дека коронавирусот не постои, а вакцините се метод за микрочипирање на населението и негово следење. Вирусот беше идентификуван од кинеските власти на 7 јануари 2020 година, по што неговиот генетски материјал РНК, беше изолиран. Светска здравствена организација потврди дека вирусот е изолиран на 7 јануари 2020 година. Исто така, во вакцините нема чипови. Првиот доказ за тоа е дозата на вакцината. Таа е помала од еден милилитар! Стандардната доза на „Фајзер“ содржи 0.3 милилитри. Тоа не е доволен волумен во кој би можел да се вметне...

Continue reading

Лажни предупредувањата за бомби во хотелите во Солун

Post Views: 2 Најмалку десет хотели во Солун вчера примија мејл од непознат испраќач со предупредување дека се поставени бомби што предизвика низа превентивни евакуации и проверки од полицијата, кои траеја до доцна синоќа, за на крај да се покаже дека станува збор за лажна пријава, но и за еден од ретките, а веројатно и прв ваков случај на толку масовни закани и тоа во хотели, јави дописничката на МИА од Атина. Извори од полицијата за грчката новинска агенција АНА-МПА рекле дека никогаш досега немало слични и толку масовни закани во хотели, не ја исклучиле можноста мејлот да бил...

Continue reading

Топол бран, препораки за заштита од високите температури

Post Views: 2 Од Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР) информираат дека времето денеска ќе биде сончево и многу топло со мала локална облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 13 до 22, а максималната ќе достигне од 32 до 40 степени. УВ индексот ќе изнесува 9. Во Скопје, слично време, сончево и многу топло со мала облачност и со слаб до умерен северен ветер. Минималната температура ќе се спушти до 18, а максималната ќе достигне до 39 степени. Агенцијата за храна и ветеринарство (АХВ) предупредува дека најавеното...

Continue reading

Нова современа фабрика за месни преработки во Струга

Post Views: 1 Во Струга денеска беше отворена нова фабрика за месни преработки. Станува збор за домашна инвестиција вредна 4,5 милиони евра од кои половината  се од европските фондови.  Фабриката „Подгорка“ е изградена со финансиска поддршка од 2,1 милиони евра од Мерката 3 – Инвестиции во преработка и маркетинг на земјоделските производи од ИПАРД 2 програмата. Новиот објект е распослан на 20 000  метри квадратни со 55 вработени.  На денешното отворање присуствуваше и премиерот Зоран Заев, кој истакна дека „Подгорка“ е вреден пример што треба да се следи. „Посебно ме радува тоа што...

Continue reading

Модуларна болница Охрид

Болничките кревети се полнат, а бројот на новозаразени во Охрид не опаѓа

Post Views: 1 Силен притисок врз Охридската Општа болница во омикрон бранот на ковид пандемијата. Болничките кревети и амбуланти се полнат, а бројот на новозаразени во Охрид не опаѓа. 43-ца ковид пациенти во моментов се наоѓаат на болничко лекување во охридската Општа болница. 20-мина позитивни пациенти се на инфективното одделение, а 23 на интерното одделение. Од нив 30-мина се на кислородна поддршка. Пациентите се претежно повозрасни со различни коморбидитети, а 70 проценти од нив не се вакцинирани, информира д-р Горан Балески директор на Општа болница Охрид. Болницата е максимално...

Continue reading

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top