Post Views: 3
Од ЈП се задоволни од начинот на функционирање на премиум зоната за паркирање на плоштад. Со цена од 100 денари паркинг за еден час се стави ред во сообраќајниот хаос кој се случуваше секое лето на овој потег, вели Гордана Јованоска директор на ЈП Билјанини извори. Целта на воведување на овој начин на наплата не ни беше да оствариме финансиски бенефит туку намалување на сообраќајниот хаосот, додава Јованоска и напоменува дека најчесто премиум зоната за паркирање ја користат туристите.
„Повеќе странци и домашните гости. За некој да го види Охрид и да поседи еден до два...
Post Views: 0
Европската унија има „доктрина“ како да се спротивстави на сегашната финансиска криза, изјави синоќа францускиот министер за финансии Кристин Лагард, по состанокот на министрите за финансии на 27-члениот блок во Луксембург.
Легард укажа дека министрите за финансии на ЕУ на синоќешниот состанок се согласиле околу повеќе принципи врз основа на кои во цела Европа би требало да се обезбеди помош за банките, со цел владите да не ги решаваат проблемите изолирано.Меѓу принципите по кои државите на ЕУ би требало да се раководат при решавање на проблемите на финансиските пазари,...
Post Views: 5
Од Општинскиот комитет на ВМРО-ДПМНЕ од Охрид денес со нови обвинувања за градоначалникот Константин Георгиески и директорот на МЈП Проаква, за снабдувањето и квалитетот на водата која ја пијат жителите во населбите кои гравитираат околу Општина Охрид.
„Во 21 век недостигаат елементарни услови за живеење кои се клучни за животот и здравјето на луѓето. Градоначалникот Константин Георгиески и директорот на МЈП „Проаква“ – Р.Е. „Водовод“, Владимир Алексијоски кога ветуваа „Живот за сите“, не помислија ли дека сите граѓани на Охрид имаат подеднакво основно човеково право...
Post Views: 2
„Групата на седумте најразвиени земји Г-7 веќе не е ефикасна и треба да биде заменета“, изјави синоќа претседателот на Светската банка Роберт Зелик.
Зелик, кој говореше пред средбата на финансиските лидери од Г-7 овој викенд во Вашингтон истакна дека глобалната финанссиска криза е како „студен туш“ и тоа ја покажува неопходноста од поширока соработка со повеќе земји.
„Г-7 не работи, рече Зелик во однос на групата на најразвиени земји која ги вклучува САД, Канада, Велика Британија, Германија, Франција, Италија и Јапонија“.
Според него, неопходна е подобра група за ова...
Post Views: 5
Општина Охрид започна со подготовка на планот за одржлива урбана мобилност, наречен ПОУМ. Во овој паметен вид на планирање, за разлика од традиционалниот пристап на планирање посебен акцент се става на активното вклучување на граѓаните од самиот почеток на процесот.
Овие активности се преземаат со цел да се оптимизира ефикасноста на сообраќајот, да се подобри мобилноста на пешаците и велосипедистите, да се промовира значењето на е-мобилноста во насока на намалување на емисиите на CO2, да се растовари сообраќајот во централно градско подрачје, да се зголеми нивото на...
Post Views: 1
Венецуела се соочува со големи економски проблеми во последниот период. Длабоката економска криза го навела претседателот на Венецуела да го прогласи петокот за неработен ден во следните два месеци.
Имено, работниците во Венецуела во текот на април и мај ќе бидат слободни од работа секој петок. На тој начин треба да се заштеди на трошоците за електрична енергија, се наведува во објаснувањето.
Социјалистичкиот претседател Николас Мадуро во средата навечер на државната телевизија најави дека жителите на Венецуела ќе имаат „продолжен викенд“, а оваа мерка ќе трае 60 дена.
Големите...
Post Views: 0
Со објавувањето на годинешиот лауреат или лауреати на Нобеловата награда за медицина или физиологија денеска во Шведска почнуваат 107-те „нобелови седмици“.
Од денеска до 13 октомври луѓето во светот ќе дознаат кои ќе бидат добитниците на Нобеловите награди за 2008 година, кои се воведени според шведскиот научник Алфред Нобел.По желбата на Нобел, наградите се доделуваат за најважни откритија во физиката, хемијата, физиологијата или медицината, за исклучителни литературни постигнувања, како и за активност во интерес на светскиот мир.
Лауреатите ги избираат комисии, кои...
Post Views: 1
Планинската спасителна служба при Црвен крст Охрид, во периодот од 12-ти до 18-ти Август 2019 година, имаше обемен ангажман, пружајќи помош каде е најпотребна и неколку интервенции, информација која уште еднаш ја истакнува неопходноста од нејзиното постоење.
На 12 и 13 август, тричлена екипа од ПСС со теренско возило даваше активна поддршка во гасењето на шумскиот пожар во атарот на село Велмеј, каде покрај својата примарна улога за спасување во случај на несреќа, значително помогна во транспорт на храна и вода за екипите кои гасеа на терен, како и за обиколка и извидување...
Post Views: 2
Еврокомесарот за проширување, Јоханес Хан, бара и СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ да отстапат од своите тврди позиции и во интерес на земјата, до 20 јули, за кога е закажан состанок на Советот за асоцијација во Брисел, да постигнат договор. “Јас сум загрижен, го губите времето. Интересите на државата се над личните. Во демократија мора да имате компромис”, порачува еврокомесарот за проширување и соседска политика Јоханес Хан во интервју за Радио Слободна Европа.“Колку што знам има многу предлози на маса и многу мерки за доверба но јас ургирам да се договорат и да...
Post Views: 4
Американските сили во Багдад соопштија дека го ликвидирале еден од лидерите на Ал Каеда во Ирак, Махир Ахмад Махмуд Џуди ал Забајди, кој се смета за одговорен за серија бомбашки напади во ирачкиот главен град.
Портпаролот на коалициските сили во Багдад, адмирал Патрик Дрискол информира дека Забајди, кој уште е познат и под имињата Абу Асад и Абу Рами, бил ликвидиран во акција на американски војници во багдадаската населба Азамија, спроведена врз осонова на разузнавачки информации.
Ќелијата на Забајди се смета за одговорна за нападот врз две шиитски џамии во Багдад во...
Post Views: 1
Основното јавно обвинителство бара притвор за специјалната јавна обвинителка Катица Јанева, откако ја прошири истрагата за случајот „Рекет“ и попладнево беше уапсена.
Државниот јавен обвинител Љубомир Јовески рече дека јавната обвинителка ја злоупотребила службената положба, со тоа што преку Бојан Јовановски – Боки 13 и Зоран Милески – Кичеец издејствувала на бизнисменот Орце Камчев да му биде олеснета положбата како осомничен за случајот „Империја“. Според истрагата, Јанева се стекнала со 298,000 денари имотна корист, претежно во мебел и предмети.
Јанева, според обвинителството,...
Post Views: 14
Донаторска акција за денот на лицата со Даунов синдром.
Во декември 2011 година, Генералното Собрание на Обединетите Нации го прогласи 21 Март за Светски ден на Дауновиот Синдром.
Генералното Собрание одлучи дека почнувајќи од 2012 година, секоја наредна година на 21 март ќе се одбележува Светскиот Ден на Дауновиот Синдром, и ги поканува сите земји членки на ОН, релевантните организации на системот на ОН други меѓународни организации, вклучувајќи ги невладините организации и приватниот сектор, да го одбележат овој ден на соодветен начин, со цел да се постигне поголема...