sovetot za bezbednost

Советот за безбедност ќе расправа за идната цивилна мисија во Косово

Post Views: 4 Советот за безбедност на ОН денеска ќе расправа за планот на генералниот секретар Бан Ки-мун за реконфигурација на меѓународната цивилна мисија на Косово. Според одредбите од планот, договорен меѓу ОН и Србија, идната цивилна мисија ЕУЛЕКС ќе има неутрален статус по однос на независноста на Косово, што, според српските медиуми, значи дека присуството на оваа мисија нема да претпоставува признавање на независноста. Планот предвидува и ОН да ја зачува контролата врз полицијата и цариниците во северно Косово, каде Србите се мнозинство. Во текстот се наведува дека претставникот...

Continue reading

Се подобрува достапноста до здравствените услуги за ранливата категорија граѓани

Post Views: 3 Со проeктот Cross4all Општина Охрид ќе ја подобрува достапноста до здравствените услиги за ранливата категорија сограѓани. Целта на овој проект е интегрирање на здравствените услуги за стари лица и деца во медицинските установи. Со проектните активности се олеснува меѓусебната соработка помеѓу здравствените работници и ранливите категории на граѓани, информира Ѓорѓи Трпески соработник во ЛЕР. За да се олесни функционирањето на медицинските тимови се подготвува платформа со база на податоци за здравствената состојба на ранливата категорија граѓани, појаснува Трпески. „...

Continue reading

h.Drim

Аранжманите за католички Велигден поминуваат незабележливо-очекуваните гости се оние традиционалните

Post Views: 4 На прагот на престојната туристичка сезона, но и на двата големи христијански празници, католички и православен Велигден, хотелските капацитети се постепено се исполнуваат. Хотелиерите коментираат дека за разлика од минатите години, овие верски празници во однос на туристите минуваат помалку незабележливо. Ана Јанчева-Дудановска, менаџер во хотел Дрим од Струга, вели дека веќе започнуваат со аранжмани за престојната летна туристичка сезона. „За разлика од минатите години, некако многу помалку за католички Велигден. Очекуваме гости, да, во голем број Турци, ама реално...

Continue reading

Nov Zeland

Силен земјотрес ги потресе бреговите на Нов Зеланд

Post Views: 1 Земјотрес со интензитет од шест степени според Рихтер денеска е регистриран во близина на островите Кермадек, северно од Нов Зеланд, соопшти Геофизичкиот институт на САД. Епицентарот на подводниот земјотрес се наоѓал на 131 километар од островот Раул, кој е најсеверниот од архипелагот Кермадек, на длабочина од 35 километри. Засега нема информации за евентуални жртви или причинета материјална штета во земјотресот.     {loadposition content9}

Continue reading

Инклузија на децата со посебни образовни потреби

Post Views: 5 20 деца со посебни образовни потреби, распоредени во три паралелки, ја започнаа новата учебна година во ОУ Св. „Климент Охридски“. Во нив има деца со различен спектар на посебност. Има со аутизам, даунов синдром, инвалидност. Со нив работат наставници дефектолози. Од неодамна има и 16 ученици со потешкотии кои се вклучени во редовните паралелки со кои работи инклузивен дефектолог. Со новиот Закон за основно и средно образование донесен неодамна од ресорното Министерството се дадени напатствија како училиштата во кои има вакви ученици во иднина да ги организираат паралелките. Според...

Continue reading

bushotina

Цената на нафтата расте

Post Views: 3 Цената на нафтата се искачи на речиси 55 долари за барел по најавите дека земјите членки на ОПЕК ќе го намалат производството. Претседателот на ОПЕК Шакиб Хелил изјави дека намалувањето на производството за милион барели дневно е неопходно. Американската сирова нафта поскапе за 4,80 долари на 54,73 долари за барел, додека лондонскиот брент се зголеми за 4,71 долари на 53,90 долари за барел. Министри за нафта на земјите членки на ОПЕК ќе одржат средба во сабота во Каиро, на која се очекува да донесат одлука за намалување на производството. Венецуела вчера јавно повика...

Continue reading

Не е прогласен крај на пандемијата во Германија на 14 јануари 2022 година

Post Views: 5 Не е вистина дека во Германија завршила пандемијата со коронавирусот. Напротив, земјата се соочува со рекордни бројки на новозаразени, што е закана за нејзиниот здравствен систем. Тоа го покажува епидемиолошката состојба во земјата, рекордниот број на новозаразени со омикрон во Германија во периодот пред и по 14 јануари 2022 година, препораките за вакцинација со трета доза за младите, а се воведиваат и порестриктивни мерки за  влез на странски посетители кои не се вакцинирани или прележани. Рецензираме пост објавен на Фејсбук во кој се тврди дека на 14 јануари 2022...

Continue reading

Охридскиот актер Стрезо Стаматовски добитник на наградата за најдобра епизодна улога на фестивалот „Гола Месечина“

Post Views: 3 Стрезо Стаматовски, актер на Народниот театар од Охрид добитник на наградата за најдобра епизодна улога на фестивалот „Гола Месечина“, кој изминатите денови се одржа во Скопје во организација на Театар Комедија. Наградата на Стаматовски му беше врачена на завршната свеченост што се одржа вечерва. -Иако на наградата го пишува моето име, тоа е награда за ансамблот на Охридскиот театар и за техниката која што неуморно работи за претставата. Благодарност до театар Комедија, до колегите од жирито и до публиката која остана воодушевена од изведбата на “Каде е пиштолот” на...

Continue reading

Svedska

Поддршката за воведување на еврото во Шведска се зголемува

Post Views: 1 Поддршката во Шведска за промена на националната валута, круната, со еврото се зголемува. Но, и понатаму мнозинството избирачи би се изјаснило против воведувањето на еврото доколку сега би се одржал референдум, пишува шведскиот дневен весник ”Дагенс нихетер”, пренесувајќи ги резултатите од најновата анкета. За еврото во Шведска би гласале 44 проценти од избирачите, што претставува пораст за девет проценти во споредба со едно слично истражување од мај годинава. Против би глсале 48 проценти. Според мислењето на експертите, зголемувањето на поддршката на еврото се должи...

Continue reading

Филипче: Од утре ќе се бара согласност од родителите за скрининг

Post Views: 0 Министерот за здравство Венко Филипче најави дека од утре ќе почнат да бараат согласност од родителите за спроведување на скринингот во училиштата. Со оглед на тоа што сега е готова методологијата, од утре ќе почнеме да бараме заедно со МОН писмена согласност од родителите согласно методологијата. Јас верувам дека до крајот на оваа, почетокот на следната тоа ќе се обезбеди, за да од следната недела се спроведе скринингот – рече Филипче одговарајќи на новинарско прашање. Тој апелираше до родителите да го прифатат скринингот, додавајќи дека нема ништо страшно...

Continue reading

Повторно се расчистува патот до с.Велестово

Post Views: 32 Во изминатиов период во 3 наврати се изврши расчистување на патот кој води до с.Велестово од расфлан комунален отпад, но повторно истата слика. Расфрлан отпад од најлонски ќеси и хартија на сите свиоци каде што застануваат граѓани и туристи и покрај тоа што се поставени информативни табли за забрана на фрлање на отпад. Денес повторно се расчистува истиот патен правец. Со оваа акција покрај расчисувањето сакаме да влијаеме на несовесните групи граѓани и поединци за подигнување на еколошката свест.

Continue reading

APEK

АПЕК: Светската економска криза може да биде надмината за 18 месеци

Post Views: 8 Глобалната финансиска криза може да биде надмината во средината на 2010 година, се наведува во декларацијата од форумот за Економска соработка на Азиско-пацифичкиот регион (АПЕК). Во документот лидерите на 21 земја од Азија и од Северна и Јужна Америка наведуваат дека за 18 месеци ќе биде надмината глобалната економска криза и оти веќе се преземаат мерки за стабилизација на финансиските сектори и за поттикнување на еконосмкиот раст. На форумот во Лима беше потенцирано дека лидерите на земјите-членки на АПЕК ќе се трудат да ја вратат довербата во светскиот финансиски...

Continue reading

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top