Post Views: 8
Со соодветни транспаренти во рака дечињата згрижени во ЈОУДГ „Јасна Ристеска“, продефилираа низ централните градски улици и кејот и се вклучија во одбележувањето на Европската недела на мобилност. Настојувајќи да покажат дека и тие се учесници во сообраќајот кои сакаат да биде многу побезбеден без возила тие ја пренесоа пораката „Рака за рака“.
Во рамки на Европската недела на мобилност што се одбележува од 16 до 22 септември, утре во период од 10:30 до 12 часот ќе биде промовиран проектот „ Паркинзи за велосипеди“. Според предвиденото на девет локации во Охрид ќе бидат...
Post Views: 0
Демонстрации во Мадрид и Барселона организирани против убиството на тинејџер во Атина во саботата, прераснаа синоќа во судири со шпанската полиција при што неколку полицајци беа повредени и 11 демонстранти беа уапсени.
Во Мадрид околу 200 млади лица нападнаа полициска станица во центарот на градот.Полицијата почна кација против нив при што ги растера и уапси неколкумина од нив. Беа запалени контејнери за смет, а една филијала на банка беше каменувана.
Инциденти беа регистрирани и во Рим и Болоња каде петмина полицајци и еден војник беа полесно повредени во судир со...
Post Views: 9
Министерството за животна средина и просторно планирање во соработка со Општинa Охрид, организира јавна расправа по Нацрт на Закон за прогласување на Студенчишко Блато за парк на природата.
Јавната расправа ќе се одржи во големата сала на Општина Охрид на 23.02.2022 (среда) со почеток во 12:00 часот.
Во салата ќе бидат почитувани пропишаните КОВИД мерки и ќе биде овозможено присуство на лица кои ќе покажат серитифат за вакцинација со две дози на вакцина или сертификат за прележан COVID 19 не постар од 6 месеца.
Нацрт на Закон за прогласување на Студенчишко Блато за...
Post Views: 3
Деновиве интезивно се изведуваат градежни активности од првата фаза за реконструкција на улицата „АСНОМ“.
Во моментот се работи на отстранување на старите тротоарски површини и рабници.Според проектот за реконструкција предвидено е комплетно асфалтирање на коловозот, нивелирање на шахтите и сливниците и реконструкција на тротоарите.
Вкупната инвестиција за овој проект е 8.807.073,оо денари. Работите ги изведува АД „Илинден“ од Струга под надзор на АД „ЗИМ“ од Скопје.
Post Views: 1
Светските авиокомпании, се очекува да имаат загуби од пет милијарди долари за 2008. година и 2,5 милијарди долари за 2009. година.
Според статистиката, реалните загуби на компаниите, пресметани во септември, се во висина од 5,2 милијарди долари, иако поради падот на цената на нафтата, загубата може да биде 5 милијарди долари.
„Хроничната криза на секторот ќе продолжи и во 2009. година, при што ќе бидат регистрирани загуби од 2,5 милијарди долари. Тоа е најлоша состојба во последните 50 години“, велат од Асоцијацијата на воздушниот сектор.
{loadposition content9}
Post Views: 6
Гарантираме изградба на нова современа градинка и реконструкција на постоечките, кажа на денешниот прес Перчо Божиновски, кандидат за советник од редовите на ВМРО ДПМНЕ и Коалицијата за Обнова на Македонија. Проблемот со листите на чекање за запишување на децата во градинка мора да се реши.
Во насока на континуирано и трајно решавање на овој проблем, Охрид има да добие нова современа градинка со која значително има да се зголеми капацитетот за згрижување и воспитување на децата од предучилишна возраст, додека за постоечките градинки следи реконструкција – кажа Божиновски.
Гарантираме...
Post Views: 11
Актерот од Охридскиот народен театар Стрезо Стаматоски за два дена доби две значајни театарски награди. На интернационалниот фестивал на комедијата „Гола Месечина“, што се одржа во Скопје доби награда за најдобра епизодна улога во претставата „Каде е пиштолот“ и заедно со колегите од Охридскиот народен театар награда за претставта Стаклена менажерија на фестивалот Ристо Шишков во Струмица. Задоволен сум од остварениот успех и јас лично и како екипа заедно со моите колеги од театарот, скромно вели Стаматоски. Практикуваме во секоја претстава да влеземе со ист ентузијазам...
Post Views: 0
Околу 830 илјади деца во светот годишно стануваат жртви на несреќни случаи, се предупредува во извештај изработен од Светската здравствена организација и УНИЦЕФ.Според истражувањето главна причина за смртните случаи кај децата на возраст од 0 до 19 години се несреќите.
Експертите, кои три години работеле на изработка на оваа студија, што е прва статистика од ваков вид, нагласуваат дека годишно околу 260 илјади деца го губат животот поради давење, 175 илјади деца годишно умираат поради изгореници, 96 илјади како последица на пад од височина, повеќе од 46 илјади поради...
Post Views: 4
Речиси осумдесет првачиња го започнаа своето образование во ОУ Св. „Климент Охридски“. Години наназад ова училиште мака мачеше со запишувањето на првачиња, но оваа година бројката потсетува на некои златни времиња кога таму учеле и по повеќе од 100 првачиња. Причини за ваквата драстична промена има повеќе. Пред се тоа се условите кои ги нуди училиштето, како што е едносменското работење и функционирањето на продолжниот престој до 17 часот. Но зголемениот број на првачиња создаде нов проблем. Училиштето бара од Министерството за образование да му се одобри да формира...
Post Views: 0
Мисијата на Европската унија – ЕУЛЕКС денеска почнува со преземање на полициските функции на Косово од УМНИК.
Најавено е дека две илјади европски полицајци, цариници, судии и обвинители, ќе се распоредат на целата територија на Косово, освен во северниот дел на земјата, каде полициските и царинските функции ќе останат под контрола на мисијата на Обединетите нации УНМИК, согласно планот на генералниот секретар Бан Ки Мун.
Кермабон не исклучи употреба на сила доколку тоа биде потребно.
„Мојата работа главно ќе биде следење на советувачкиот дел на мисијата и да придонесам...
Post Views: 14
Дуплиран бројот на пациенти со мозочен удар во земјава во изминатава декада. Во Западна Европа пак двојно се намалил бројот на пациенти од оваа болест. Според некои статитики 16.000 Македонци во моментов се лекуваат од последиците на мозочен удар. Секоја година се регистрираат по 250 нови случаи со мозочен удар , информира д-р Маја Божиновска Смическа невролог и претседател на Здружение за броба против мозочен удар. Она што загрижува е што нашите болници имаат услови за рехаблитација на последиците од мозочните удари, но се повеќе се доведуваме во ситуација да нема...
Post Views: 8
Цената на нафтата во понеделникот на меѓународните пазари остро падна откако Саудиска Арабија го предвиде обидот на групата водечки производители во Доха да договорат замрзнување на нивото на производство, а со тоа да го ублажат проблемот со прекумерна понуда.
На лондонската берза цената на нафтата за барел падна за 1,25 долари во однос на претходното затворање и изнесуваше 41,85 долари, додека на американскиот пазар со барел нафта се тргуваше по 1,37 долари пониска цена или 38,99 долари по барел.
Во неделата во Доха се собраа 18 земји извознички на нафта, вклучувајќи...