Post Views: 9
40 студенти ќе добијат можност да запишат магистерски студии по Менаџирање на стратегиски комуникации во рамки на Институтот за комуникациски студии од Скопје. На распишаниот конкурс за запишување на магистерски студии институтот нуди едногодишна и двегодишна студиска програма. Според менаџментот на овој институт, ова е одлична можност за постдипломците да стекнат комуникациски и лидерски способности благодарение на знаењата на реномираните професори, истражувачи и професионалци кои им го пренесуваат своето знаење. Управување со стратегиски комуникации, интегриран маркетинг,...
Post Views: 0
Меѓународните банки го минаа викендот пресметувајќи колку пари загубиле во најновиот финансиски скандал во Соединетите Држави. Се претпоставува дека неколку европски банки загубиле помеѓу една и три милијарди долари.
Се уште постои чувство на мистерија околу пропаста на инвестицискиот фонд Бернард Мадоф. Првичната реакција на инвеститорите беше шок и неверување дека некој фонд можел да загуби и до педесет милијарди долари, без да биде забележан.
Меѓу оние кои загубија се финансискиот оддел на Џенерал Моторс ЏИ МАК, како и европски банки, како ЕЈЧ ЕС БИ СИ, која можеби...
Post Views: 0
Во Општина Дебрца се одржа првата велосипедска Тура, Славеј Планина и Караорман. На турата учество зедоа четириесетина вљубеници на планинскиот велосипедизам, од велосипедски клубови и индивидуалци од цела Македонија.
Во организација на, Здружението за спорт и рекреација „Прв до Врв”, Скопје, во Општина дебрца се одржа првото издание на велосипедската тура Славеј Планина – Караорман. Општина Дебрца во целост го поддржа овој спортско-рекреативен настан и за таа цел оваа година помогна да се санираат шумските патишта, каде поминува рутата, а од идната година овој настан...
Post Views: 3
Не се одржа 26 тата седница на струшкиот Совет. Советниците на СДСМ и ДУИ реагираа на ваквото доцнење велејќи дека не може повеќе да се толерира ваквиот неодгворен однос на јавната администрација и претседателот на Совет.
„Советничката група на СДСМ ја напушти денешнава седница заради несериозноста од страна на администрацијата, односно недоразбирањата, најверојатно во коалицијата ДПМНЕ и ДПА не доведуваат до вакви ситуации почесто седниците да почнуваат со каснење од еден час а денес веќе се претера бидејќи се доцни час и половина. Не е толерантно и не смееме да толерираме...
Post Views: 1
Сенаторот од Демократската партија Дајан Фајнстин стана првата жена претседател на Комисијата за разузнавање на Сенатот на САД.
Лидерот на демократското мнозинство во Сенатот Хари Рид ја замоли сенаторката од Калифорнија да ја заземе таа должност, како што се очекуваше.Фајнстин го замени на функцијата сенаторот Џеј Рокфелер, кој ќе биде шеф на Комисијата за трговија при Сенатот.
„Тоа е критично важна задача во критично важен момент од историјата на нашата нација. САД водат две војни и се соочени со бројни закани по светот и за нацијата е од витално значење нашите разузнавачки...
Post Views: 5
Општинските инспектори секојдневно се на терен и прават записници за дивоградбите во градов. Во општината постојано има пет до осум пријави за бесправно градење. Но, тоа не значи дека сите се издржани, објаснува градоначалникот Константин Георгиески.
Треба да сме свесни дека тоа ќе е еден процес кој ќе течи во иднина и самото отстранување на бесправно изградените објекти ќе е процес кој ќе течи можеби година и две. УНЕСКО не бара од нас да ги отстраниме сите бесправни објекти до 1ви февруар како што е изнесено во јавноста, вели Градоначалникот.
Ние ќе делуваме во насока...
Post Views: 0
Кина успешно го лансира сателитот „Јоган-5“ во веселената за дистанционо снимање на Земјата, јавија денеска кинеските медиуми.
Сателитот бил лансиран од космодромот „Таијуан“ во северната кинеска провинција Шанси со помош на носачот на ракети „Чанжан-4Б“.
Тој ќе извршува различни задачи. Ќе ја набљудува еколошката состојба, ќе бара корисни наоѓалишта и ќе дава информации за градежништвото, земјоделството и шумските пожари.
{loadposition content9}
Post Views: 7
Голем број медицински и научни извори се согласуваат дека спајк протеинот во вакцината не е ист како тој на коронавирусот и го има во многу мали количества, а телото го отстранува без последици откако ќе се создаде имун одговор.
Рецензираме пост на Фејсбук кој тврди дека cпajк пpoтеинот од вакцините е отров кој предизвикува вocпаление на белите дробови. Ова не е точно. Имено, спајк протеинот што се создава по вакцината против ковид-19 не е ист како тој на коронавирусот и тоа го потврдуваат многу домашни и странски специјалисти епидемиолози.
Во постот се споделува излагање...
Post Views: 1
На девет локации во градов Локалната постави паркинзи за велосипеди. Овој проект е дел од активностите за одбележување на Европската недела на мобилност во Охрид, а општината застанува зад сите активности кои значат поредуцирано користење автомобили и нивна замена со велосипеди или одење пеш до предвидената локација.Во насока на градење здрави животни навики и во насока на редуцирање на автомобилскиот сообраќај пред се во централното градско подрачје ние како локална самоуправа поддржани од ГИС и ЗЕЛС остваривме проект вреден околу 600 000 денари за поставување на девет...
Post Views: 2
Спорниот план за изградба на американски противракетен штит во Источна Европа ќе биде централна тема на посетата на главниот преговарач на САД Џон Руд на Москва.
Руд, кој, како што е најавено денеска треба да пристигне во Москва, со руските домаќини ќе разговара и за договор, што треба да ја замени Спогодбата за ограничување на стратешко оружје Старт 1, чија важност истекува во декември идната година.
Москва остро се противи на американските планови за распоредување на десетици ракетни пресретнувачи во Полска и радар во Чешка, бидејќи смета дека тие претставуваат стратешка...
Post Views: 0
Во насока на поддршка на туристичкиот сектор и сите сегменти кои се поврзани со него и со цел да се помогне во надминување на штетите од ковид кризата, ќе продолжиме со доделување на субвенции за станоиздавачите, туристичките водичи, езерскиот превоз, занаетчиите и останатите туристички чинители, кажа носителот на листа на Коалицијата „Најдоброто за мојата општина“, Науме Јованоски Чакар. Тој најави мерки за намалување на метежот и бучавоста во сезона.
Воведуваме систем на планирање на културни и забавни активности во шпицот на летната сезона со цел да се обезбеди...
Post Views: 4
Заштитата на животната средина не е приоритет во работењето на Локалната самоуправа предводена од градоначалникот Георгиески, обвинуваат од ОК на ВМРО ДПМНЕ. Партискиот портпарол денеска на пресконференција праша дали Регистарот за нелегални градби е доставен со Владата најдоцна до 1 септември.
„Дали градоначлникот Георгиески додека брои секунди всушност чека заедно со премиерот Заев да пребројат колку фактури имаат за исплаќање откако во предизборието јавно ветија дека нема да им ги рушат дивоградбите, па ќе почне да руши селективно?“ – кажа Божиновски.
Божиновски...