Post Views: 1
На натпреварите учествуваа 600 пензионери спортисти кои се натпреваруваа во стандардните 11 спортски дисциплини во поединечна и екипна конкуренција.
Охридските пензионери- спортисти, го освоија второто место на 24-те републички спортски натпревари. Учесниците на натпреварите и гостите ги поздрави и игрите за оттворени ги прогласи покровителот- претседателката на Сојузот на здруженијата на пензионерите на Македонија Станка Трајкова.
Со најголем брј на спортисти на натпреварите учествуваше Здружението на пензионерите на Охрид и Дебрца.Севкупен победник на натпреварите...
Post Views: 1
Деветнаесет лица се повредени, а илјадници се евакуирани во три земјотреси што го погодија југозападниот дел на Кина, јавија денеска кинеските медиуми.
Земјотрес со интензитет од 4,9 степени според Рихтеровата скала го погоди градот Жујли во провинцијата Јунан при што 19 лица се повредени.Претставник на локалната власт соопшти дека околу 10.000 лица се евакуирани.
Земјотрес со интензитет од 4,3 степени е почувствуван во село во близина на главниот град на Јунан, Кунмин.Третиот земјотрес со интензитет од 4 степени според Рихтер е регистриран во провинцијата Гуејџоу, но...
Post Views: 6
Aтлетичарот Јован Стојоски-член на Атлетскиот клуб Охрид ќе учествува на Светското атлетско првенство кое, од 29.09 до 06.10.2019 година ќе се одржи во Доха-Катар.
Ова е голем успех за Стојоски, за Атлетскиот клуб Охрид но и за неговиот тренер Марина Мишиќ, под чие водство и несебичен напор, Јован Стојоски настапи на Европското првенство до 23 години што во јули годинава се одржа во Шведска каде, и оствари историски резултат за Македонската Атлетика пласирајќи се во финалето и освојувајќи го 6-то место во Европа.
Oваа година Јован Стојоски во повеќе наврати го рушеше...
Post Views: 5
Стотици илјади приврзаници на поранешната пакистанска премиерка Беназир Буто се собраа денеска во нејзиниот роден град Гари Куда Бакш во јужниот дел на земјата, за да да одбележат првата годишнина од нејзиното убиство.
Во соопштение по повод годишнината од убиството на Буто, пакистанскиот претседател Асиф Али Зардари посочува дека нападот врз неговата сопруга бил напад врз одржливоста на државата и насочен врз поткопување на напорите за изградба на демократски структури и борбата против екстремизмот.Илјадници полицајци се ангажирани во Гари Куда Бакш поради стравување...
Post Views: 2
Мештаните од село Црвена Вода, заедно со општина Дебрца, Организацијата на Сојуз на борци и Организацијата на ветераните од одбраната и безбедноста – за општините Охрид и Дебрца, интензивно се подготвуваат за големата прослава, на 3 октомври, по повод одбележувањето на Денот на издавањето на Манифестот на Главниот штаб на НОВ и ПО на Македонија, ден, кој се слави и како Патронен празник на општина Дебрца.
Очекуваат масовно присуство, но и учество на највисоките државни раководители, за што испратија соодветни покани.
-Ќе бидат поканети и очекуваме присуство на амбасадорите...
Post Views: 3
Осум тела се пронајдени меѓу остатоците од опожарената куќа во Калифорнија, која беше запалена од Американец, облечен како Дедо Мраз. Брус Џефри Пардо пред да го подметне пожарот од засега непознати причини отворил оган кон присутните на прославувањето на Божик, а неколку часа подоцна се самоубил.
Трагедијата се случи во Ковина, 37 километри источно од Лос Анџелес, кога 45-годишниот Пардо заминал на празнување на Божик во куќата на родителите на неговата поранешна сопруга. Се претпоставува дека и таа е меѓу загинатите.Мажот носел два пиштоли и рачно изработена експлозвина...
Post Views: 13
Холдингот ТАВ Аеродроми, ја прославува 10-годишнината од управувањето со македонските аеродроми. Вкупниот пораст на бројот на патниците на Меѓународниот Аеродром Скопје и Аеродромот Св. Апостол Павле Охрид заедно, кој беше 640. 000 во 2009 година, се очекува да достигне 2,7 милиони до крајот на 2019 година.
Во последната декада, бројот на опслужувани дестинации е зголемен од 15 на 44 како резултат на маркетингот и поддршката од мрежата на авиолинии на ТАВ, која се протега на 14 аеродроми во 7 земји.
Главниот извршен директор и Претседател на холдингот ТАВ Аеродроми,...
Post Views: 2
Volkswagen ќе исплати по 5.000 долари на секој измамен купувач во САД, пренесува германскиот дневник Die Welt кој вели дека тоа е суштината на договорот што го постигнала компанијата со американските власти за да се избегне судење поради лажирањето на резултатите на своите дизел возила на еко-тестот.
Судијата Charles Breyer во Сан Франциско на германскиот производител му одредил рок до четврток со американското правосудство и агенцијата за заштита на околината да постигнат договор, под закана дека спорот ќе се проследи на суд, пишува германскиот весник.
Спрема Die Welt...
Post Views: 4
Најмалку 26 лица загинаа во силната експлозија која делумно урна четирикатна станбена зграда на полуостровот Крим во Украина, соопшти утринава украинското Министерство за вонредни ситуации.
Според најновиот биланс, загинале 26 луѓе, додека 21 биле спасени од спасувачките екипи“, изјави претставник на Министерството.
Не е познато колку луѓе имало во зградата во моментот на експлозијата во црноморскиот пристаништен град Евпаторија.
Местото на несреќата , вчера, заедно го посетија премиерката Јулија Тимошенко и претседателот Виктор Јушченко.
Причината за експлозијата засега...
Post Views: 1
„Глобалната климатска опасност е закана за безбедноста и стабилноста“ е мотото под кое денес се одржа традиционалниот Марш на мирот, а по повод 21 Септември меѓународниот дена на мирот. На плоштадот Св. Климент Охридски се одржа свеченост која започна со читање на пораката за мир од Секретарот на ООН Антонио Гутереш која ја пренесе актерот од Охридскиот народен театар Павел Маслов.
„Ова е битка за нашите животи и трка против времето. Можеме и мораме да победиме. Решенијата се во наши раце. Даноци за загадување а не луѓе, прекин на субвенции за фосилните горива, прекин...
Post Views: 2
„Деновиве, како по правило, тивко, надвор од очите на јавноста и со заобиколување на секаква постапка за консултација и јавна дебата, направено е уште едно кастрење на работничките права“, велат од левичарското движење Солидарност.
Под изговор за божемно усогласување со прекршочни постапки, во законот за заштита од вознемирување на работно место, познат како закон против мобинг, предвидените високи казни за работодавачите беа намалени за да им биде уште посеедно дали психолошки ги малтретираат работниците во напливот на желбата за богатење.
За време на кратката историја...
Post Views: 1
Божик денеска се празнува не само од католиците на земјата, туку и од тие кои се наоѓаат во вселената.
Екипажот на Меѓународната вселенска станица (МКС) ќе го празнува католичкиот Божик со подароци, кои им беа доставени со вселенскиот брод „Прогрес М-01М“ уште пред еден месец, како и со вистинска божиќна елка.
Астронаутите од НАСА Мајкл Финк и Сандра Магнес, како и нивниот руски колега Јуриј Лончаков, планираат за време на празникот да ги гледаат нивните омилени филмови и да ја слушаат омилената музика.
На МКС атронаутите планираат да одбележат уште три празници во следните...