• Почетна
  • Archive
  • Вести
  • Охрид
  • Во Радовиш се одржаа 24-те Републички спортски натпревари на пензионерите на Македонија

Во Радовиш се одржаа 24-те Републички спортски натпревари на пензионерите на Македонија

На натпреварите учествуваа 600 пензионери спортисти кои се натпреваруваа во стандардните 11 спортски дисциплини во поединечна и екипна конкуренција.

 |   | 

На натпреварите учествуваа 600 пензионери спортисти кои се натпреваруваа во стандардните 11 спортски дисциплини во поединечна и екипна конкуренција.

Охридските пензионери- спортисти, го освоија второто место на 24-те републички спортски натпревари. Учесниците на натпреварите и гостите ги поздрави и игрите за оттворени ги прогласи покровителот- претседателката на Сојузот на здруженијата на пензионерите на Македонија Станка Трајкова.

Со најголем брј на спортисти на натпреварите учествуваше Здружението на пензионерите на Охрид и Дебрца.
Севкупен победник на натпреварите беше ЗП од Тетово со 106 бода, а охридските пензионери го осовоија второто место со 91 бод, а на третото место беше Прилеп со 71 бод.

Од охридската екипа,најдобар успех екипно постигна машката екипа во стрелаштво со воздушна пушка освојувајќи го првото место, а во поединечна конкуренција стрелецот Благоја Георгиески со освоени 90 круга,за што доби и пехар во трајна сопственост.

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top