Post Views: 1
Учениците од профилите Техничар за индустриска мехатроника и Техничар за производно машинство од ОЕМУЦ „Св. Наум Охридски“ заедоа учество на овогодинешниот саем „Macedonia manufacturing EXPO 2019“ кој се одржа на 25-ти септември 2019 година во Скопје.
Во рамки на оваа манифестација биле организирани панел дискусии посветени на перспективите на дуалното образование во Република Македонија како и на очекувањата на приватните компании од овој вид на средно стручно образование.
Post Views: 3
Здружението на граѓани ЦЕФЕ Македонија на 22-ри Април (среда) во 13 часот одржува бизнис презентација на Меѓународниот Универзитет во Струга во рамките на проектот „Зошто да одите во странство, кога можете да останете и да ја развивате вашата држава?“ финансиран од Амбасадата на САД во Македонија.
Целта на проектот е преку информативни и практични пораки да се придонесе кон превенција на одливот на таленти од државата и да се поттикнат младите на претприемнички активности. На следниот линк може да погледнете повеќе информации: http://cefe.mk/Investiraj/ Истиот е имплементиран...
Post Views: 10
Сојузниот суд во Мајами го осуди синот на поранешниот претседател на Либерија, Чарлс Тејлор на 97 години затвор поради физичко малтретирање и убиства во Либерија.
Чарлс Макартер Емануел – Тејлор јуниор (31) е американски државјанин, роден во Бостон. Додека бил момче заминал во Либерија, каде го добил прекарот „Чаки“ и ги предводел „Демонските сили“, паравоена единица која го чувала неговиот татко.
Обвинителството истакна дека Чаки од 1999 до 2003 година со својата единица ги мачел затворениците кои биле против управувањето на неговиот татко.Чарлс Тејлор јуниор...
Post Views: 0
На малиот плоштад кај Т.Ц.АМАМ екипите на „Паркови и зеленило„ формираа ново хортикултурно катче со декоративни садници од сопствено производство од расадникот кој функционира во рамките на Ј.П.„Охридски Комуналец“.
Вакви хортикултурни содржини се планира да се реализираат на повеќе локации во градот и тоа: кружната сообраќајница на пресекот од ул.„Јане Сандански„ и „Питу Гули„, кружната сообраќајница кај ЕМУЦ.„Наум Охридски„ , во градскиот парк и други локации предвидени со Програмата за јавно зеленило за 2019 год.
Post Views: 1
Постигната е согласност за мониторинг на транзитот на руски гас преку Украина, соопштија денеска прес службите на Европската унија(ЕУ).
„Постигната е согласност околу деталите за мониторинг мисијата. Сега е важно гасот што поскоро да стигне во ЕУ, без било какво понатамошно задржување“, се вели во соопштението за јавност.
Руски Гаспром на почетокот на неделата ја запре испораката на гас на Европа поради спорот околу цената со Украина, поради што најпогодени беа земјите од централна и јужна Европа.
{loadposition content9}
Post Views: 0
Од утринава повисоките планински места низ цела Македонија се под снежна покривка.
Вистинска снежна идила среде есен. Снег има на Маврово, Попова Шапка, Ниже Поле, Пониква, под снежна покривка е Крушево, а го има и на планинските превои Стража, Плетвар, Буково.
Токму поради врнежи од снег на патниот правец крак Маврово – Дебар, од 09:45 часот е воведена забрана за сообраќај за тешки товарни возила, информираат од АМСМ.
Поради спуштање на студена воздушна маса од север во текот на денот времето ќе биде облачно и студено со врнежи од дожд, најавија синоптичарите. Во...
Post Views: 14
Промоција на Европскиот Ден за соработка 2019 година во рамки на Балкан Медитеран Програмата, која ќе се одржи во Општина Охрид на први октомври, како пилот општина во рамки на ЕУ Проектот INTERREG Програма, со наслов AIRTHINGS и се однесува на следење на квалитетот на воздухот преку нови иновативни методи.
Министерството за локална самоуправа и Државниот Инспекторат за животна средина, пак во Охрид во Хотел Парк од 2-4 октомври се организираат Работилница на ЕБРД за Животна средина на која ќе учествуваат 25 лица од Министертвтото за животна средина и просторно планирање...
Post Views: 3
Администрацијата на новиот американски претседател Барак Обама е подготвена да ја напушти доктрината на Џорџ Буш за изолација на Хамас и да отвори канал за комуникација со исламистичката група.
Потегот да се воспостави контакт со Хамас, кој што може да се иницира преку американските тајни служби, би претставувал дефинитивен прекин со политиката на Буш да се изолира палестинската група.
Стејт департментот ја смета Хамас за терористичка група, а во 2006 Конгресот на САД го забрани финансирањето на групата.
„Гардијан“ разговарал со тројца упатени во разговорите во кампот...
Post Views: 10
Дебарско – кичевската епархија ги известува своите православни верници дека на 30. Септември 2019 година (понеделник), во катедралната црква „Света Софија“ – Охрид, со почеток во 09:00 часот, ќе се служи света архиерејска литургија по повод празникот „Св.мч-ки Вера, Надеж и Љубов и мајка им Софија“.
На светата литургија ќе чиноначалствува Неговото Високопреосвештенство Митрополитот Дебарско – кичевски и Администратор Австралиско – сиднејски г. Тимотеј. На овој ден богослужба ќе има само во црквата „Св. Софија“ – Охрид (едноцрквие).
Во понеделник, 30-ти септември, во...
Post Views: 0
Владата на Грција, која вчера претрпи реконструкција, при што четворица досегашни министри беа разрешени, денеска треба да положи заклетва.
Разрешени се министерот за економија и финансии Јоргос Алогоксуфис, за култура Михалис Лапис, за земјоделство Александрос Кондос и за развој Христос Фолас, како и двајца заменици министри Петрос Дукас и Панајотис Хинофотис, а останатите министри ги задржуваат своите ресори.
На своите функции остануваат и шефицата на дипломатијата Дора Бакојани, министерот за одбрана Евангелос Маимаракис и за внатрешни работи Прокопис.
Премиерот Костас...
Post Views: 1
Специјализираната болница за кардиоваскуларни заболувања од Охрид и оваа година е носител на активностите за одбележување на „Светскиот ден на срцето“ во нашиот град.
Во соработка со Општина Охрид и Организацијата на Црвен Крст од Охрид ,а во заедничка организација со фармацевтската компанија Алкалоид-Скопје, ќе се вклучиме во глобалната кампања, која по повод 29 Септември- Светскиот ден на срцето ги обединува здравствените работници, државните институции, здруженијата на пациенти, граѓанските организации, семејствата и поединците со единствена цел ; подигање на свеста...
Post Views: 0
„Гаспром“ и „Нафтогас Украина“ денеска во Москва треба да ги продолжат преговорите за условите за испорака и транзит на гас за 2009 година.
Руската компанија „Гаспром“ ја сопре испораката на гас за Украина на 1 јануари годинава, поради неисплата на заостанат долг, но и поради несогласување околу новата цена на гасот што ја предложи Москва.
Недоразбирањата меѓу „Гаспром“ и „Нафтогас“, се одрази на многу европски земји, кои се соочија со редукција или целосно сопирање на испораката на гасот.
ЕУ вчера побара најбрзо можно обновување на доставата на гас, а ситуацијата ја...