„Светскиот ден на срцето“ пригодно ќе се одбележи во Охрид

Специјализираната болница за кардиоваскуларни заболувања од Охрид и оваа година  е носител на активностите за одбележување на „Светскиот ден на срцето“ во нашиот град.

 |   | 

Специјализираната болница за кардиоваскуларни заболувања од Охрид и оваа година е носител на активностите за одбележување на „Светскиот ден на срцето“ во нашиот град.

Во соработка со Општина Охрид и Организацијата на Црвен Крст од Охрид ,а во заедничка организација со фармацевтската компанија Алкалоид-Скопје, ќе се вклучиме во глобалната кампања, која по повод 29 Септември- Светскиот ден на срцето ги обединува здравствените работници, државните институции, здруженијата на пациенти, граѓанските организации, семејствата и поединците со единствена цел ; подигање на свеста на заедницата и секој поединец во неа за можностите да се намали бројот на засегнати од кардиоваскуларни заболувања.

Годинешното мото е „НАПРАВИ ВЕТУВАЊЕ ЗА МОЕТО СРЦЕ, ЗА ТВОЕТО СРЦЕ, ЗА НАШИТЕ СРЦА“ и треба да ги потсети сите дека бројот на КВЗ може да биде значајно намален со контрола на ризик факторите и адекватна грижа за своето здравје на секој поединец.

На 28.09 ( Сабота) на градскиот плоштад, ќе биде поставен шатор и вработени од нашата болница ќе вршат превентивни прегледи за сите заинтересирани во периодот од 10-13 часот. Заинтересираните ќе имаат можност и да добијат одговори на прашања поврзани со кардиваскуларното здравје.

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top