Снежна идила на повисоките места низ Македонија

Од утринава повисоките планински места низ цела Македонија се под снежна покривка.

 |   | 

 Од утринава повисоките планински места низ цела Македонија се под снежна покривка.

Вистинска снежна идила среде есен. Снег има на Маврово, Попова Шапка, Ниже Поле, Пониква, под снежна покривка е Крушево, а го има и на планинските превои Стража, Плетвар, Буково.

Токму поради врнежи од снег на патниот правец крак Маврово – Дебар, од 09:45 часот е воведена забрана за сообраќај за тешки товарни возила, информираат од АМСМ.

Поради спуштање на студена воздушна маса од север во текот на денот времето ќе биде облачно и студено со врнежи од дожд, најавија синоптичарите. Во следните денови ќе преовладува променливо облачно време со локална појава на краткотраен дожд, а дневните температури ќе бидат во пораст.

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top