Post Views: 1
Американскиот комуникациски сателит од серијата „Иридиум“ се судри со руски комуникациски сателит на височина од околу 800 километри над Сибир.
При судирот на сателитите, а секој од нив тежи околу половина тон, се одвоиле неколку големи делови кои не претставуваат закана за останатите вештачки вселенски објекти во орбитата, се наведува во соопштението на НАСА.
Американскиот сателит е лансиран во орбитата во 1997 година, а рускиот во 1993 година, кој според НАСА долго време не бил во функција.
{loadposition content9}
Post Views: 0
На 23.12.2021 година во ОВР Струга, приведен е Е. С. (57) од Струга.
Тој во средното училиште “Ибрахим Темо” во Струга го нарушил јавниот ред и мир и со метален предмет физички нападнал ученик во истото училиште. Се работи на целосно расчистување на настанот – информираат од СВР Охрид.
Post Views: 4
Викендов во Плевен соседна Бугарија се одржа Меѓународен Таеквон-до ИТФ натпревар, дисциплина спаринг само за деца до 14 години,на кој учество зеде и охридскиот Таеквон-до клуб “ХВА РАНГ ИТФ” Лескоец-Охрид. На овај натпревар настапија со 6 натпреварувачи ,од кои 5 се закитија со медали и тоа 1 златен, 2 сребрени и 2 бронзени.
Тренерот и претседателот на клубот Марјанчо Лазаревски вели дека е презадоволен од настапот на неговите натпреварувачи. Додава дека Бугарија има една од најјаките федерации во светот и затоа на нивните натпревари се радуваме посебно на секој медал.Инаку...
Post Views: 3
Центристичката партија Напред (Кадима) на израелскиот министер за надворешни работи Ципи Ливни победи на вчерашните парламентарни избори во Израел.
Според 99 отсто преброени гласачки ливчиња, Кадима освоила 22,9 отсто од гласовите, додека нејзиниот главен ривал, конзервативната партија Консолидација (Ликуд) на поранешниот премиер Бенјамин Натанјаху добила 21,8 проценти.
Врз основа на нецелосните резултати, Кадима во идниот состав на Кнесетот ќе има 28 пратеници, додека Ликуд 27. На трето место се пласира екстремно десничарската партија Нашиот дом Израел (Израел Бејтену)...
Post Views: 2
Нашата визија е Охрид да стане функционално, ефикасно и модерно место за живеење во секој еден негов дел. За таа цел гарантираме проекти за сите, Билјана Тодева-Стојановска, кандидат за член на Советот на Општина Охрид на листата од ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата „Обнова на Македонија“ од коалициониот партнер Социјалистичка партија на Македонија.
Во населбите Билјанини Извори, Даме Груев, Горна Влашка маала и Железничка: Изградба на детски игралишта. Во населбите Видобишта, Бараки и во Илинден: Изградба на ново мултифункционално спортско игралиште; Промена на азбестни водоводни...
Post Views: 1
Охридската болница е подготвена за надградбата на Националната платформа Мој термин со која задолжително мамографските слики ќе бидат независно анализирани од двајца радиолози, како што најави мианеистрот за здрвство Венко Филипче. Болницата има 3 специјалисти радиолози, информира Славица Малеска директор на оваа здравствена установа. Во болницата неколку години функционира мамограф и има тим на доктори кои се грижат за редовните мамографските прегледи на жените од регионот. Статитиката на охридскиот Центар за јавно здравје покажува дека во 2018 амбулантски биле лекувани...
Post Views: 4
Администрацијата на претседателот Барак Обама би можела да заземе нешто поинаков став кон Балканот, но за тоа ќе биде потребно време, изјави директорот на Програмата за источноевропски студии во Центарот „Вудро Вилсон“ Мартин Шлезингер.
Тој оцени дека политиката на Обама кон Балканот би „можела да поприми некои контури на политиката на Клинтон во позитивна смисла“. Клинтоновата администрација отсекогаш веруваше дека еден од нејзините најголеми надворешно-политички успеси е завршување на војната во БиХ. Мислам дека Обама би сакал таа ситуација да ја унапреди, особено...
Post Views: 1
На денешната прес конференција на општинскиот комитет од ВМРО-ДПМНЕ од Охрид, серија обвинувања до СДСМ и градоначалникот Константин Георгиески во врска грижата за децата и младите.
„Премногу ветени спортски и детски игралишта насекаде низ целиот град и руралните средини, но за жал ниту едно изградено или реконструирано. Сликата којашто може да се види на ова детско игралиште позади нас, но и на сите други детски и спортски игралишта е дека тие се во катастрофална состојба“.
„Кога планирате да ги направите ветуваните детски игралишта во Центар, Долна Влашка маала и 15...
Post Views: 0
Израелските гласачи денеска ќе избираат нов Парламент меѓу 33 кандидатски листи. Рано изутринава беа отворени околу 9.500 избирачки места во земјата.
Социолошките истражувања предвидоа скромна победа на десната партија Ликуд, која е предводена од Бенјамин Нетањаху, кој се очекува да се врати на политичката сцена како премиер. Центристичката партија Кадима на министерката за надворешни работи Ципи Ливни е втора по популарност. Војната во Појасот Газа и обновувањето на палетинските ракетирања ги зајакнаа позициите на екстремно десната партија „Израел Бејтену“ (Нашиот...
Post Views: 3
Долги и комплицирани административни процедури за добивање на субвенции и нивната нередовна исплата, се едни од основните причини пордаи кои, странските тур-оператори ја заобиколуваат земјава, реагираат од туристичкиот сектор. Велат дека странските тур-оператори, не можат со месеци или години да бидат исплатени.
„Ако продолжиме со бирократизација и со комплицирани процедури, целава дестинација може да се доведе во една лоша положба. Бидјеќи конкуренцијата и отвореноста на другите пазари, е огромна. Ние сме ленд партнери не само на „Kорендон“ и на „Томас Кук“ и на „Ауринг“...
Post Views: 1
Иако на хакерите и сајбер криминалците најважни податоци им се оние за банкарските картички кои ги искористуваат за продажба на разни форуми на dark web или за кражба на пари од сметките, сѐ поинтерени им се и личните податоци за корисниците како што се адресите, датумите на раѓање, имињата на сопружниците, домашните миленичиња…
“Ако имате број на кредитна картичка, име и некои додатни приватни информации кои би можеле да се искористат за погаѓање на лозинката, тогаш можете да дојдете до сите информации до кои сакате”, коментирала за ZDnet Apoline Aiguperse, аалитичарка...
Post Views: 1
Бројот на жртвите во шумските пожари во повеќе делови на Австралија се зголеми на 173 потврдени случаи, додека локалниот печат шпекулира со бројка од 230 загинати.Во меѓувреме, полицијата почна потрага по предизвикувачите на пожарите за кои се верува дека намерно ги подметнале.
Целата опустошена зона, која вклучува над 20 градови северно од Мелбурн, е прогласена за „место на злосторството“, изјави Кристина Никсон, комесар на полицијата на државата Викторија, најавувајќи почеток на „Операцијата Феникс“.Најновите пожари во близина на Мелбурн се најтешка природна несреќа...