Post Views: 1
Синоќа во Охрид свечено беше отворен меѓународниот Младински турнир во шах „ЛАСКЕР 2019“ на кој учествуваат шахисти од Албанија, Бугарија, Србија и Северна Македонија.
Турнирот за отворен го прогласи советникот од Советот на Општина Охрид, Мишел Силјаноски.
-Огромно е задоволството да се присуствува на отворањето на четвртиот меѓународен Младински турнир во шах „ЛАСКЕР 2019“ на кој учествуваат млади шахисти од Албанија, Бугарија, Србија и Македонија.Велат дека умствените активности се „најдобра храна“ за психичкиот развој на младите, а токму шахот е спорт којшто го овозможува...
Post Views: 2
Американскиот автомобилски гигант „Џенерал моторс“. планира да скрати 47 илјади работни места во светот оваа година.
Американскиот автомобилски гигант „Џенерал моторс“. планира да скрати 47 илјади работни места во светот оваа година и да затвори уште пет американски фабрики, како дел од планот за преструктуирање, кој компанијата вчера му го претстави на американското Министерство за финансии.Од најавените 47 илјади откази, 26 илјади се надвор од САД.Компанијата истовремено нагласи дека е можно до 2011 година да има потреба од дополнителна помош од државата во износ од...
Post Views: 0
Врз oснова на Јавниот Повик за прибирање на идејни решенија за уредување на плажите на Охридското Езеро кој беше објавен на 30.08.2021 година, до Општина Охрид пристигнаа две идејни решенија согласно условите на повикот.
Право на учество на повикот имаа сите физички и правни лица, регистрирани за вршење на дејност поврзана со предметот на повикот. Целта на повикот беше вклучување на стручната јавност и граѓаните во процесот на утврдување на активностите и дејствијата за уредување на плажите на крајбрежјето согласно препораките и насоките од Планот за управување со светското...
Post Views: 1
Градоначалникот Константин Георгиески, денес, оствари средба со учесниците и организатори на работилницата за лица на високи позиции, меѓу кои беа Емил Шипочки и Иван Хостинк од канцеларијата за врски на НАТО со Република Северна Македониа, проф. д-р Неџад Корајлиќ, декан на Факултетот за криминалистика, криминологија и сигурносни студии во Сараево, Босна и Херцеговина и проф. д-р Михајло Дојчиноски од воената академија „Генерал Михајло Апостолски“. Работилницата е посветена на хибридните закани во Југоисточна Европа.
На средбата беа дискутирани темите кои се опфатени...
Post Views: 6
Израелската авијација изврши денеска напади врз цели во Појасот Газа, соопштија претставници на силите за безбедност на палестинската радикална групација Хамас.Портпаролот на израелската армија потврди дека воено-воздухопловните сили нападнале цели во Појасот Газа, но не даде повеке детали.
Појасот Газа, но не даде повеќе детали за операцијата.Во нападите е причинета материјална штета, а засега нема информации за евентуални жртви.Цел на нападите биле тунели, ископани под границата со Египет, кои се користат за шверц на оружје во регионот на пограничниот град Рафах.Нападнати...
Post Views: 12
„Подобро е да има концесионер кој ќе воведе ред. Инспекторите ќе имаат контрола. Ќе излезат на терен ќе направат увид. Од информациите кои ги имаме некои мрежи се запленети и инспекторите ќе имаат кого да повикаат. Кога немавме концесионер имаваме полоша состојба. Никој не стопанисуваше и рибокрадството имаше послободен простор. Сега знаеме каде да интервенираме, кого да пријавиме. Од Институтот Хидробиолошлошки подготвуваат програма за порибување. Ако немаше концесија не можевме да имаме порибување“ ,кажа министерот Трајан Димковски.
Post Views: 5
Израелскиот министер за надворешни работи Ципи Ливни, која се надева да добие мандат за состав на нова влада откако нејзината партија „Кадима“ победи со минимална предност на парламентарните избори, изјави дека Израел треба да им отстапи на Палестинците значителна територија во замена за траен мир.
Ваквата нејзина изјава драстично се разликува од ставот на лидерот на „Ликуд“, Бенјамин Нетанјаху, чија партија е втора со најмногу освоени гласови на изборите.
Шефицата на израелската дипломатија објасни дека „Тоа ќе биде за доброто на Израел, кој на тој начин „ќе може да...
Post Views: 6
Интензивно се гради домот за стари лица кај Грашница. Општината оваа парцела со вкупна површина од 8.425 метри квадратни уште пред четири години му ја продаде на АД Илинден- Струга. Оваа градежна фирма пак, склучи договор со две други фирми од кои едната е задолжена за изградбата на комплексот, а другата за внатрешното уредување. Стапивме во контакт со сопственикот на една од фирмите со цел да дознаеме до каде се работите на терен. Ни беше кажано дека интензивно се работи но рано е да се обелоденуваат детали. Дознаваме дека не оди се така подмачкано. Градежните фирми...
Post Views: 1
Иако одредени специјализирани портали, кои се занимаваат со статистика, уште пред четири години тврдеа дека Google Chrome е попопуларен од Internet Explorer, Microsoft тие резултати не ги признаваше поради наводна склоност кон пребарувачот на Google. Конкретно, се работело за податоци кои ги објави StatCounter, но за компанијата од Redmond тие податоци не биле релевантни. Сега, најверојатно дојде времето Microsoft да признае дека нивната досегашна доминација со Internet Explorer заминува во историјата.
Спрема најновите податоци на компанијата Net Application во април...
Post Views: 0
Нови ракетни истрелувања на Северна Кореја ќе предизвикаат влошување на нејзините односи со САД, предупреди во Токио американскиот државен секретар Хилари Клинтон.
Во Северна Кореја вчера беше одбележан 67-от роденден на комунистичкиот лидер Ким Џонг-ил. Официјален Пјонгјанг соопшти дека има право да разработува вселенска програма. Медиумите објавуваат дека севернокорејските власти истрелувањата на ракетите ги нарекуваат „лансирање сателити“.
Според јужнокорејските медиуми, Пјонгјанг подготвува пробно истрелување на ракетата со голем дострел „Таеподон-2“, која може да...
Post Views: 2
Овојпат наш партнер е тимот на Oriflame со кого на 11 и 12 октомври, на градскиот плоштад „Св.Климент Охридски“, Охрид, во периодот од 11 до 16 ч. Ве покануваме на дружење и забава, зачинета со хуманост.
Додека волонтерите на Црвен крст Охрид ќе ве забавуваат промовирајќи дел од своите програми, тимот на Oriflame за сите заинтересирани, по симболична цена од само 100 денари, ќе врши тестирање и целосна, професионална анализа на кожата со Апи апарат како и третман на лице со соодветна NOVAGE колекција.
Искористете ја оваа можност за анализа на својата кожа на чувствителност,...
Post Views: 3
Скопскиот аеродром „Александар Велики“ во последно време станува се поинтересен и за граѓаните од Косово, Албанија и Јужна Србија, кои го бираат македонскиот главен град како појдовна точка за нивните патувања во Европа и светот, велат од аеродромскиот оператор.
Двата македонски аеродроми, скопскиот „Александар Велики“ и o хридскиот „Св. Апостол Павле“ , првите девет месеци годинава ги завршија со вкупно 1.183.728 патници, што е пораст од 20% , споредено со истиот период минатата година, информираат од „ТАВ Македонија“ , компанијата која оперира со македонските авиопристаништа....