Ugo Chavez

Чавес го нарече својот колега Обама -„необразован“

Post Views: 3 Претседателот на Венецуела Уго Чавес, вчера изјави дека неговиот американски колега Барак Обама е „необразован“, затоа што тврди дека лидерот на оваа латиноамериканска држава шири тероризам и го запира развојот на Јужна Америка, пренесоа агенциите. „Тој ме обвинува дека извезувам тероризам. Можам само да кажам дека е необразован, би требало малку повеќе да чита и да учи за да го разбере мојот ангажамн“, рече Чавес, водач на групата левичарски латиноамерикански лидери, противници на влијанието на САД во регионот. Обама ова го изјави во интервју за американската мрежа...

Continue reading

Шест години печалење на црно

Post Views: 1 Повеќе од шест години некои од плажите издадени под закуп на охридското крајбрежје работат на диво, вели градоначалникот на Општина Охрид, Константин Георгиески. Никој во минатото не направил ништо по ова прашање, па некои со години печалеле бесправно, вели градоначалникот. Тој побара сите надлежни институции да се заангажираат и ваквата неправда да се корегира.Во однос на сите тие плажи коиштo периодот наназад стопанисувале во Општина Охрид, има податоци од кои и јас самиот се изненадив. Има плажи кои години наназад функционираат, меѓутоа нивните договори не се обновени...

Continue reading

EU

50 млрд. евра помош од ЕУ за источните членки

Post Views: 1 Лидерите на ЕУ се согласија да ги удвојат за 25 милијарди евра парите за земјите, кои не се членки на еврозоната, а се соочени со проблеми. Постигнат е и договор да се издвојат околу 75 милијарди евра за Меѓународниот монетарен фонд (ММФ), откако три месеци спореа за енергетските проекти вредни пет милијарди. „Ние се согласивме за три основни суми: 5, 50, 75 милијарди евра“, рече чешкиот премиер Мирек Тополанек, кој претседава со ЕУ. „Се согласивме за 50 милијарди евра. Тоа е удвојување на сумата достапна за нив. Ако има потреба да им се помогне на земјите кои се особено...

Continue reading

Пожар во кругот на инфективната болница во Белград

Post Views: 1 Едно лице загина во пожарот кој во текот на ноќта изби во станбена зграда во кругот на инфективната клиника во Белград, пренесува Радио телевизија Србија (РТС). Уште едно лице е пренесено во болница, а пожарот е изгаснат. Итната помош добила повик во 36 минути по полноќ. Една екипа згрижи еден пациент и го пренесе во Воено медицинската академија, а друга екипа остана на местото на пожарот за време на гаснењето и на крајот само констатиравме смрт на едно лице – изјави докторката Ивана Стефановиќ. Засега не е позната причината за пожарот. Сите станари во зградата...

Continue reading

Сликите на Емел Махмуд зрачат со ведрина

Post Views: 1 Академската сликарка Емел Махмуд пред охридаката јавноста се претставува со изложба на слики. Махмуд завршила Ликовна академија во Скопје, Педагошка насока во класата на проф. Димитар Кондов. Во галеријата на Куќата на Робевци таа изложува дваесетина слики создадени во реалистичен и имагинарен уметнички правец. Нејзиното творешто изобилува со специфични форми и бои, а од сликите блика позитивна енергија и ведрина. „Ги сакам светлите бои и тонови. Ми даваат посебна енергија иако и од темените бои човек може да повлече светлина и топлина. Тоа зависи од моментот, од уметникот...

Continue reading

logo

Започнаа претседателските избори во Словачка

Post Views: 0 Повеќе од четири милиони граѓаните на Словачка денеска ќе гласааат за еден од седумте кандидати за иден шеф на државата во првиот круг од третите претседателски избори од осамостојувањето на земјата. Доколку во првиот круг од гласањето не биде избран претседател, вториот круг најверојатно ќе се одржи на 4 април.Според последните резултати од Одборот за истражување на јавното мнение, најголеми шанси за победа на изборите има актиелниот претседател Иван Гашпарович, кој според овие проценки би освоил околу 52,6 отсто од гласовите на избирачите. Зад него се наоѓа опозицискиот...

Continue reading

Протест на вработените во Македонска пошта

Post Views: 4 Вработени во А.Д. Македонска пошта во сите подружници во државата денеска излегоа на протест. И вработени во охридската подружница го изразија својот револт од актуелните состојби во компанијата. Велат дека Македонска пошта подолг период е во сериозна финансиска криза што се рефлектира врз условите за работа и технолошкиот процес, но сега го достигнала својот врв што резултирало и со доцнење во исплатата на плати. Тоа значи немање основни средства за работа како во делот на платниот промет така и во делот на доставата на пратки што во крајна линија се имплицира врз...

Continue reading

ЈП Билјанини извори ќе покрене барање за одстранување на хаварисаните пловила од десната страна на каналот

Post Views: 1 ЈП Билјанини извори ќе покрене иницијатива за ставање ред со хаосот на пловни објекти на десната страна од каналот Студенчишта. За следната сезона најавуваат покренување барање до Локалната самоуправа и до Капетанија да се среди и другиот дел од брегот, информира Гордана Јованоска, директор на ЈП Билјанини извори. Во моментов никој не е надлежен за пловилата од десната страна од каналот па со децении во каналот се оставени голем број неисправни пловила кои кородираат, информира Јованоска. „Во долниот дел од каналот со влезот стопанисува АРМ, погорниот е на приватен сопственик,...

Continue reading

Atina

Силна експлозија во центарот на Атина

Post Views: 6 Силна експлозија одекна пред Грчката корпорација за државен имот во централниот дел на Атина, при што е нанесена сериозна материјална штета, јавија грчките медиуми. Во експлозијата нема убиени и повредени.Во инцидентот е причинета штета на соседните згради и на паркираните автомобили кои се наоѓале во близина. Експлозивната направа била поставена во најлонска кеса и заврзана за уличен столб до влезот на зградата. Засега никој не ја презел одговорноста за нападот.Првично беше соопштено дека пред зградата експодирал автомобил-бомба.Грчката корпорација за државен имот,...

Continue reading

ПРВО ПРОМОТИВНО ИЗДАНИЕ НА „OHRID OUTDOOR FESTIVAL“

Post Views: 4 Алпинистички клуб „Патагонија“ и Општина Охрид, на 27 октомври 2019 година (недела) го организираат првото промотивно издание од “Ohrid Outdoor Festival”. Целта на фестивалот е заедничко дружење и уживање во убавините на Охрид и планината „Галичица“ , возејќи велосипед или искачувајќи го врвот со најубав поглед кон двете езера. Планинарска тура започнува во недела во 8:30 часот од СРЦ „Билјанини извори#, со обезбеден бесплатен автобуски превоз до превојот „Баба“ и пешачење до врвот „ Лако сигној“ на 1981метри надморска височина, а во исто време од истото место почнува...

Continue reading

Jozef Fritzl

Јозеф Фрицл осуден на доживотен затвор

Post Views: 6 Австриецот Јозеф Фрицл денеска е осуден на доживотна казна затвор за силување и убиство. Поротата едногласно го прогласи Фрицл за виновен за силување и за убиство на едно од седумте деца кои ги има со својата ќерка која 24 години ја држеше во заробеништво.  Судот во австрискиот град Санкт Полтен соопшти дека тој треба да го помине остатокот од својот живот во институција за ментално здравје, откако неговиот психијатар предупреди оти 73-годишниот Фрицл се чувствувал „роден да силува“. Фрицл претходно денеска, на последниот ден од судењето, изрази жалење за злосторствата...

Continue reading

Групна тепачка во угостителски бојект на „Железничка“

Post Views: 7 На 20.10.2019 околу 20.00 часот во СВР Охрид пријавено е нарушување на јавниот ред и мир со физички напад извршен во угостителски објект на улица „Железничка“ во Охрид од В.Ј.(38), М.Ј.(35) и М.Ј.(30), сите од Охрид, врз В.И.(29) од Скопје и Х.Р.(19) од Охрид. Против напаѓачите СВР Охрид ќе поднесе соодветна пријава.

Continue reading

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top