Post Views: 0
Граѓанската иницијатива Охрид ЅОЅ и Здружението за заштита на животните и животната средина Е.Д.Е.Н. ве канат на завршен настан во рамки на проектот Power to the People, финансиски поддржан од Фондацијата Хајнрих Бел.
Настанот кој е од отворен карактер и на кој може да присуствуваат сите заинтересирани, ќе се одржи во х. Порта, Аеродром, Скопје во времетраење 11.30-15.00 ч. на 26 октомври 2019 г. (сабота).
На настанот ќе се промовира Прирачник за правна самопомош и активизам во област животна средина кој е, пред сѐ, наменет за млади активисти и почетници. Преку говорите...
Post Views: 1
Од ВМРО ДПМНЕ велат дека преговорите се активни, процесот е во тек а нивните претставници редовно комуницираат со странските медијатор, пренесува „Телма“.
Од СДСМ велат дека нивните преговарачи не остваруваат ниту билатерални средби со посредниците бидејќи веќе се усогласени, па поместувања очекуваат од „оние другите“. Последна заедничка средба на лидерско ниво имаше во петокот на полноќ. Постигнат е минимален напредок.
Неофицијално, до сега се усогласени Изборниот законик и Собраниската анкетна комисија за прислушуваните разговори, но СДСМ нема да им даде проодност...
Post Views: 0
Претседателот на Европската комисија Жозе Мануел Баросо ја предупреди синоќа Турција да не носи одлуки кои можат да ја ограничуваат слободата на печатот.
„Целосното почитување на слободата на печатот е важна вредност за сите нас во Европската унија, истакна Баросо на заедничката прес-конференција со турскиот претседател Абдула Ѓул.
Претседателот на ЕК го упати тој коментар во одговор на новинарско прашање за глобата во износ од околу 500 милиони долари, која турските даночни власти и ја наложија неодамна на најголемата медиумска група во земјата „Доган“.
„Ние го почитуваме...
Post Views: 0
НУ Центар за култура “Григор Прличев”-Охрид Ве поканува на гостувањето на Театар на виното од Варна Р. Бугарија со три монодрами:
29.10.2019 (вторник) Zorba30.10.2019 (среда) Sayuri31.10.2019 (четврток) Nushich
Картите се пуштени во продажба по цена од 100 денари на билетарата при НУЦК “Григор Прличев” – Охрид, почеток 20.00 часот. Телефон за резервации 046/261-063, 075/283-066.
Post Views: 1
Раскината коалицијата на ВМРО – ДПМНЕ и ДПА во струшкиот Совет. Причина несогласуваање со одлуката за доделување на парична помош во висина од 600 000 илјади денари за општина Куманово. Претседателот на струшкиот Совет Абдула Ќазимоски појасна зошто се одлучиле да направат еден ваков гест.
„После разгледувањето на проблемите кои ги имаа граѓаните на Куманово, после тие ветувања од Владата која требаше да им даде одредени финансии, слушнавме дека се дадени само хотелското сместување, гледаме и одговорно кажувам дека ние како граѓани и јас како претседател на Совет на...
Post Views: 0
Управата на францускиот автомобилски гигант „Рено“ ќе ја чувствува економската криза до 2011. година, јавуваат медиумите.
Во таа насока, во 2009. година компанијата предвидува отпуштање на 9.000 вработени.
Извршниот директор на „Рено“ Патрик Пелата вчера потврди дека „компанијата нема да ги затвора погоните во Франција, сè додека го користи државниот заем во висина од три милијарди евра“.
Истовремено, Пелата рече дека компанијата мора да се подготви за намалување на порачките, што ќе трае до 2011 година.
{loadposition content9}
Post Views: 2
Поддршка на Плананиската спасителна служба при Црвен крст Охрид дадоа три општини од регионот. Општина Охрид, Дебрца и Вевчани потпишаа Меморандум за соработка со службата , со кој ги дефинираа меѓусебните обврски за да може службата за спасување да продолжи да функционира и да се развива. Статистиката покажува дека бројот на несреќи кои се случуваат на планина постојано имаат тенденција на пораст, вели Антонио Додевски проект менаџер на Проектот „Регионот Охридско езеро – безбедна дестинација за авантуристички туризам“. Службата за спасување на планина функционира од...
Post Views: 0
Германија одобри 400 милиони евра за финансирање на разузнавачки систем кој НАТО планира да го изгради до 2012 година на Сицилија, изјави синоќа неименуван германски претставник.
Системот на Алијансата за земско разузнавање (АГС) кој ќе му овозможи на НАТО испитување на поголеми површини од високи точки со помош на беспилотни летала, ќе биде сместен на италијанскиот остров Сицилија.
Проектот околу кој министрите за одбрана на НАТО постигнаа согласност во февруари, ќе ги чини државите членки околу 1,5 милијарди евра.Најголема корист од проектот ќе има „Нордоп Грумен корпорацијата“...
Post Views: 9
СВР Охрид поднесе кривична пријава против А.Н.(42) од Охрид, поради постоење основи на сомнение за сторени кривични дела „несовесно работење во службата“ и „измама во службата“.
При вонредна контрола во Јавната здравствена установа Општа болница – Охрид, извршена од финансиски контролори од Фондот за здравствено осигурување, било констатирано дека А.Н., во својство на секретар во Општа болница – Охрид, со цел за себе да прибави противправна имотна корист, на претпоставениот директор му поднел лажна документација со пресметки на плата и исплатни листи за...
Post Views: 2
Од утре до 28 октомври, Охрид ќе биде домаќин на промо – тура „Охрид 2019“, што ја организира локалната самоуправа.
Целта на активноста е приближување на туристичкиот потенцијал и понуда на Охрид до граѓаните на Италија особено на оние кои живеат во регионот на Милано.
На неколкудневното случување се очекува присуство на 15 туроператори и 5 новинари од Италија со цел зголемена промоција на градов на италијанскиот туристички пазар.
Директната авио -линија Охрид- Милано дополнително ќе допринесе во зголемување на бројот на италијански туристи кај нас.
Post Views: 0
Меѓународната организација за заштита на човековите права „Амнести интернешнл“ (АИ) апелира до Белорусија да ја укина смртната казна.„Властите во Белорусија треба под итно да воведат мораториум на извршувањето на смртните пресуди, како прв чекор кон целосно укинување на смртната казна, се наведува во соопштението на АИ.
Директорот на АИ за Европа и за Централна Азија, Никола Дакурт истакна дека укинувањето на смртната казна ќе ја намали изолацијата на земјата. Белорусија е единствена земја во Европа во која се уште се исполнува смртната казна со стрелање.Белорусија минатата...
Post Views: 0
Кирил Пецаков, кандидат за Градоначалник на Охрид од ВМРО ДПМНЕ и Коалицијата „Обнова на Македонија“ ги повика граѓаните да им ја дадат подршката за заедно да создаваат нова и светла иднина за Охрид.
Големите одлуки зависат од вас, мои охриѓани. Не смееме да останеме заглавени во хаосот поради безидејноста и проблемите создадени од власта. Не сме сите исти. Ние сме заедно со народот, гарантираме и нудиме нов почеток, замена на апатијата со надеж, заеднички да ја победиме неспособноста, да се избориме за Охрид и Македонија. Ние одлучуваме. Секој глас е важен. Казнете...