• Почетна
  • Archive
  • Вести
  • Охрид
  • Пецаков: Не смееме да останеме заглавени во хаосот поради безидејноста и проблемите создадени од власта

Пецаков: Не смееме да останеме заглавени во хаосот поради безидејноста и проблемите создадени од власта

Кирил Пецаков, кандидат за Градоначалник на Охрид од ВМРО ДПМНЕ и Коалицијата „Обнова на Македонија“ ги повика граѓаните да им ја дадат подршката за заедно да создаваат нова и светла иднина за Охрид.

 |   | 

Кирил Пецаков, кандидат за Градоначалник на Охрид од ВМРО ДПМНЕ и Коалицијата „Обнова на Македонија“ ги повика граѓаните да им ја дадат подршката за заедно да создаваат нова и светла иднина за Охрид.

Големите одлуки зависат од вас, мои охриѓани. Не смееме да останеме заглавени во хаосот поради безидејноста и проблемите создадени од власта. Не сме сите исти. Ние сме заедно со народот, гарантираме и нудиме нов почеток, замена на апатијата со надеж, заеднички да ја победиме неспособноста, да се избориме за Охрид и Македонија. Ние одлучуваме. Секој глас е важен. Казнете ги погрешните политики на власта со кои ја одзема нашата колективна иднина. Ве повикувам на 17-ти октомври да излеземе сложно и заедно да победиме уште во првиот круг. Гласајте за проекти, промени, победи наместо за измами! Јас верувам во вас, верувајте и вие во мене! Имаме вредни луѓе, одлични идеи. На наша страна се знаењето и работата. Доаѓаат подобри времиња, подобро утре за сите – им порачува на охриѓани, Кирил Пецаков.

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top