Post Views: 7
Пишува: Билјана Т. Димко
На порталите „Курир“ и „Република“ на 27.06.2020 се објавени вести со идентични наслови на тесктови со иста содржина: „Драматичен број на новозаразени и починати лица за само 24 часа – Филипче уверува дека здравствениот систем е во одлична кондиција“.
Двата текста ја објавуваат дневната стистика на Министерството за здравство со бројките на заболени, оздравени и починати лица во едно деноноќие од Ковид 19.
Пред два дена, пак, на заедничка прес конференција со министерот за здравство Венко Филипче, Фабио Скано, советник на регионалниот директор...
Post Views: 14
Во насока подобрување на квалитетот на како и условите за работа во Општина Дебрца продолжува реализацијата на Проектот- „Реконструкција на училишната зграда на ПУ с.Мешеишта “.
Со проектот се врши целосна реконструкција на просториите на поранешната ЗЗ “Славеј”, а кои се составен дел на училишната зграда и за кои се планира во иднина да се оспособат како Центар за дневен престој на деца, се адаптираат простории за котлара за централно греење на училишната и општинската зграда, се санираат оштетените делови во училниците и санитарните јазли во училиштето и се поставуваат...
Post Views: 0
Американското Министерство за одбрана има намера да отвори 20.000 нови работни места во јавниот сектор во рамки на напорите да се реорганизира начинот на купување оружје за армијата во вредност од 100 милијарди долари годишно, соопшти денеска заменик министерот за одбрана Вилијам Лин. Овој план ќе се оствари во наредниот петгодишен период.
Повеќе од 9.000 нови работни места ќе бидат отворени во две постојни агенции на Пентагон кои вршат ревизија и договарање воени набавки, почнувајќи од куршуми до бомби и храна за војската, јавија светските агенции.
Останатите 11.000...
Post Views: 0
Се известуваат сите учесници во сообраќајот дека денес 15.11.2019 година од 04.00 час до 18.00 час, целосно ќе биде затворен за сообраќај дел од улицата „АСНОМ “, од пресек со булевар „Туристичка“ до пресек со ул. „Сирма Војвода“.
Од одделението за сообраќај, комунални дејности и улици информираат дека причина за ова се завршните асфалтерски работи на улица.
Post Views: 5
Научници од Националната лабораторија за микробиологија во Винипег, Канада, успеаја да го „утврдат“ генетскиот код на вирусот на грипот А(H1N1).Ова ќе овозможи да биде добиена информација за изворот на вирусот, за начинот на неговото ширење и мутирање.
Според првичните испитувањане не постои генетска разлика во вирусите на грипот А, изолирани во Мексико и во Канада. Во анада засега се регистрирани 165 случаи на лесна форма на заболување од оваа болест, додека во Мексико има 1.070 инфицирани, од кои 46 починале.Објаснување за значителната разлика во ширењето на вирусот...
Post Views: 0
Дебарца ја доби битката, министерството за животна средина се откажа од идејата за изградба на депонија во селото Годивје. Сега се бара нова локација, надвор од сливното подрачје на Охридското езеро.
Под притисокот на стручната јавност и населението на Дебрца, кое под никакви услови не попушташе да се гради депонија во еколошки чистата средина, се напушти таа идеја.
Второстепената владина комисија го поништи решението, поради пропусти при што не беа земени мислења на стручната јавност и Унеско, а предметот повторно е вратен на разгледување.
„Сакам јасно да кажам,...
Post Views: 1
Словенечкиот производител на бела техника Горење најави дека ќе почне со производство на велосипеди од марката Рог, така што ќе го откупи правото за брендот од моменталниот сопственик за повеќе од 40.000 евра.
Приватниот сопственик на брендот го откупи, многу порано, од познатата фабрика за велосипеди Рог која во 2009 година заврши во стечај, а тој е спремен да се откаже од интелектуалната сопственост за 41.500 евра.
“Горење има знаење и искуство кое можеме да го употребиме за ревитализација на еден од најпознатите словенечки брендови”, рекол директорот на Горење, Фрањо...
Post Views: 9
Хрватска од денеска целосно го забранува пушењето на јавни затворени места, официјално е соопштено.
Забраната е регулирана со закон, кој во Хрватска од денеска стапува на сила.
„Шестмесечниот преоден период за баровите и рестораните истекува денеска и законот за целосна забрана на пушењето целосно ќе стапи на сила“, соопшти хрватското Министерство за здравство.
Целта на законот, е да се заштитат непушачите кои сочинуваат 68 проценти од 4,4 милионското население на Хрватска.
Казните за прекршување на законот изнесуваат до 2.100 евра за поединци и до 21,000 евра за сопственици...
Post Views: 11
Во малата сала на општина Охрид се одржа првиот буџетски форум на општина Охрид, на кој учествуваа триесетина претставници на здруженија на граѓани, спортски клубови и културно – уметнички друштва.
На форумот на кој присуствуваа и заменик- градоначалникот, Ристо Николески и раководители на повеќе сектори, беа истакнати повеќе проблеми со кои се соочува граѓанскиот сектор во градот.
Меѓу другото, се спомена и потребата од формирање локална канцеларија за млади, изградба на младински културен центар, формирање локален совет на млади и донесување младински буџет.
Се разговараше...
Post Views: 4
Европската комисија (ЕК) смета дека напредокот на Македонија кон ЕУ се наоѓа на критична точка и земајќи го предвид напредокот кој беше направен досега во имплементацијата на Договорот од јуни и јули годинава, Комисијата ќе препорача земјата да ги отвори пореговорите за членство, се вели во соопштението објавено од ЕК по повод извештајот од оваа европска институција.
Препораката ќе биде условена со исплементацијата на Пржинскиот договор и остварливиот напредок во имплементацијата на итните реформски приоритети, а сето ова ќе биде разгледано после изборите, додаваат од...
Post Views: 2
Глобалната финансиска криза и енергетиката ќе бидат главни теми на 12. Евроазиски економски форум што денеска започнува во Истанбул.
На дводневниот Форум ќе учествуваат голем број истакнати личности од економскиот и политичкиот живот од над 40 европски и азиски држави.
Од регионот најавено е учество на претседателите на Хрватска и на Косово.
На Форумот ќе се разговара за повеќе теми, од енергетиката и соработката во обезбедувањето стабилни извори на енергија, до светската финансиска криза, регионалната соработка и заштитата на животната средина.
Организатор на традиционалниот...
Post Views: 1
Подобрување на училишните услови во 4 -те згради кои влегуваат во рамките на ОУ Ванчо Николески е предизвик на раководниот и наставниот тим. Во централното училиште Ванчо Николески од село Лескоец влегуваат и подрачните школи од трите блиски селски населби Косел, Куратица и Ливоишта. Станува збор за стари и руинирани објекти кои постојано имаат потреба од поправки и реновирање, вели Елена Ел Нади директор на школото. На школата во Куратица потребно е да се поправат олуците, а поалармантна е состојбата во подрачното школо во село Косел, по земјотресите кои го зафатија...