Post Views: 1
Бомба експлодира утрово пред банка во јужниот дел од Атина, но нема повредени, соопшти грчката полиција.
Бомбата била активирана пред влез на Евробанк во атинското предградие Агиос Димитриос. Половина час пред тоа во локален весник било пренесено предупредување од анонимен глас за поставена бомба. Засега никој не ја презеде одговорноста. Полицијата претпоставува дека нападот е извршен од леви екстремисти чии напади стануваат се побројни откако во декември минатата година полицаец застрела 15-годишно момче. Досега во нападите нема жртви. Нивни цели станаа полициски станици,...
Post Views: 3
Денес во Охрид се одржа 9-тата сесија на Мешовитата македонско-руска меѓувладина комисија за трговско-економска и научно-техничка соработка. Комисијата, која се реактивира по период од пет години, ги разгледа можностите за унапредување на економските и трговските односи, кои во моментов, според заедничката оценка на двете земји, се на многу ниско ниво.
Ние од наша страна ги запознавме со нашите планови дека планираме да инвестираме во зејоделството кај нас, пред се ги промовиравме откупно-дистрибутивните центри, ги запознавме со можностите како може да се инвестира во...
Post Views: 3
Бегалската криза не е проблем кој ќе се реши до Нова година и треба сериозно да се пристапи кон решавање на истиот, велат експертите. Само со прогласување на кризна состојба од страна на Собранието, Македонија може да се справи со напливот на бегалци кои влегуваат на нејзина територија, додаваат тие. Проф. Марина Митревска од Инститиут за безбедност, одбрана и мир, кажа дека мора да се направи една тампон зона кај Гевгелија доколку сакаме да ја контролираме ситуацијата со мигрантите.
Неопходно е да се прогласи кризна состојба а тоа може да го направи само Собранието...
Post Views: 0
На над 3,5 милиони деца под петгодишна возраст во 26 сојузни држави на САД им се заканува глад, покажа извештај на невладината организација „Фидинг Америка“. Според документот, насловен „Несигурност во исхранувањето на децата во САД: 2005-2007“, оваа закана виси над едно од шест деца.
Кај возрасните гладта му се закнува на едвај еден од секои осум лица. Над 12 милиони деца во САД живеат во несигурност во однос на постојаниот пристап до здрава храна. Најтешка е состојбата во државите Луизијана, Северна Каролина и Охајо, покажува извештајот. Ова прво вакво истражување...
Post Views: 17
Повторно не работи ангиографот во Специјалната болница за кардиоваскуларни заболувања во Охрид. Пациентите се жалат, повеќе од еден месец за интервенции се препраќаат на клиниката за Кардиологија во Скопје. Овој апарат се користи за третман на пациенти со акутен инфаркт и за стентирање.
Раководството на болницата појаснува дека веднаш започнала постапка за промена на старите дотраени делови од медицинскиот апарат.Од таму уверуваат дека наскоро ангиографот повторно ќе биде во функција за потребите на бројните пациенти.
„Во моментот ние се соочуваме со проблем...
Post Views: 7
Граѓаните на Струга исправени пред сериозен проблем, дивата депонија во Струшко поле, во непосредна блзина на градот. Речиси и да нема ден а стружани да не ја почуствуваат непријатната миризба и чад кој се шири од оваа депонија кон градот. Ваквата состојба е доволна причина граѓаните итно да побараат нејзина дислокација. Со оние со кои што разговаравме, велат дека срамота е за еден туристички град првата слика која им ја нудат на посетителите да биде онаа со купиштата ѓубре пред влезот на градот.
Гледано од биолошкот аспект, проф Беким Зиба вели дека жалосно е ова што...
Post Views: 0
Меѓународниот монетарен фонд (ММФ) синоќа соопшти дека Република Косово стана неговиот 186-ти член, пренесе Франс прес.
Одлуката се донесе по позитивното гласање на земјите членки на Фондот, се наведува во соопштението. Косово ја прогласи независноста на 17 февруари 2008 година. Во октомври Белград пред Меѓународниот суд на ОН ја оспори законитоста на косовската независност, потсетува Франс прес. Агенцијата дополнува дека Светската банка веќе има своја канцеларија во Приштина.
{loadposition content9}
Post Views: 77
Вработените во администрацијата во Основниот суд Охрид денеска ја прекинаа работата и излегоа пред судската зграда во знак на револт од одлуките на Судскиот буџетски совет. Тие преку мирен протест изразија незадоволство од нееднаквиот третман со судиите при одредувањето на висината на додатоците на плата за септември и октомври. Имено за судиите додатокот на плата изнесувал и до 6.000 денари а за судската администрација додатокот изнесува од 500 до 1000 денари.
„Апелираме до Судскиот буџетски совет да ја прекине праксата на дискриминирачкиот, егоистичен и игнорантски...
Post Views: 5
Американски научник, кој работи на создавањето вакцина против свинскиот грип, изјави дека се надева таа да биде готова за две до три седмици за клинички тестирања врз експериментални глувци.
Професорот Суреш Митал од универзитетот Пердју, сојузната држава Индијана додаде дека производството на вакцината би можело да започне за неколку месеци.Научниците ќе користат класичен вирус на грип како носител на вирусот H1N1 и ќе ги стимулираат клетките, за да создадат во исто време антитела и заштита на клеточното ниво за заштита на организмот од мутации на вирусот.
„Тој аденовирус...
Post Views: 2
Во тек е гласањето на локалните избори. Според информациите од Државната изборна комисија, до 11 часот во Охрид од обработени податоци од речиси сите 88 избирачки места гласале 5 692 граѓани од запишаните 52 477.
Во Дебрца на гласање излегле 680 жители, од вкупно 4 350.
Во Струга до 11 часот гласале 4 442 граѓани, од вкупно 61 437 пријавени избирачи, додека во Вевчани од вкупно 2 075 избирачи, до 11 часот гласале 386.
Post Views: 0
Според податоците на Државниот завод за статистика, бројот на туристите во септември 2019 година изнесува 122 645, а бројот на ноќевањата изнесува 275 892.
Бројот на туристите во септември 2019 година, во однос на септември 2018 година, е зголемен за 12.8 %, а бројот на ноќевањата е зголемен за 6.0 %.
Бројот на домашните туристи во септември 2019 година, во однос на септември 2018 година, е намален за 0.6 %, а бројот на странските туристи е зголемен за 17.4 %.
Бројот на ноќевањата на домашните туристи во септември 2019 година, во однос на септември 2018 година, е намален...
Post Views: 2
Римокатоличкиот поглавар, папата Бенедикт 16 денеска ја започнува историската посета на Блискиот исток.
„Со нетрпение очекувам да бидам со вас и да ги споделам со вас, вашите копнежи и надежи, подеднакво исто да ги споделиме и вашите болки и битки“, изјави Папата, пред поаѓањето.
Турнејата по земјите од Блискиот исток, што ќе трае до 15 мај, папата ја започнува со посета на Јордан, во знак на почит кон „верската коегзистенција во земјата“.
На мапата на турнејата е и Израел, посета која аналитичарите оценуваат дека се случува во многу чувствителен момент, по израелската...