Post Views: 1
Рускиот претседател Дмитриј Медведев, отворајќи го утрово 23. самит Русија-ЕУ во градот Хабаровск, изјави дека на овој голем собир ќе се разговара за економската криза, соработката во областа на енергетиката и европската безбедносна архитектура.Медведев веќе оствари неформална средба со лидерите на ЕУ на свечената вечера која синоќа беше организирана во нивна чест.
– Верувам дека разговорот беше интересен. Ќе продолжиме со разгледување на темите кои се на дневен ред. Верувам дека има смисла да се вратиме на финансиската и економската криза, разгледување на ситуацијата...
Post Views: 0
Дел од бизнисмените веќе ги чувствуваат последиците од мораториумот за градење во Охрид кој пред околу 4 месеци беше донесен од градскиот совет согласно препораките на Унеско. Тоа го истакнаа денеска на средба со претставници од Националната комисија за УНЕСКО, Министерството за животна средина и проторно планирање и локалната власт.
„ Најголем проблем кој што постои во Охрид е колекторскиот систем. Не е проблем градбата со запазување на законот за просторно планирање, кој ние го поддржуваме во однос на дозволена катност, одалеченост од брегот и слично, но мислам дека...
Post Views: 1
Најмалку 35 лица загинаа денеска, а 72 се ранети во експлозија на автомобил-бомба во квартот Шула во северозападен Багдад, соопшти ирачката полиција
Експлозијата се случила во близина на познат ресторан во квартот, каде живеат претежно шиитски муслимани. Безбедносната ситуација во Ирак од минатата година бележи подобрување, но поради серијата напади во април, минатиот месец стана најкрвав за цивилите од ноември 2008 година.
{loadposition content9}
Post Views: 5
За победа во првиот круг од локалните избори потребно е најмалку една третина од регистрираните гласачи да излезат на гласање во конкретната општина и еден од кандидатите да освои мнозинство гласови. Оние што нема да бидат избрани денеска ќе ја продолжат битката во вториот круг закажан за две недели подоцна.
Според Изборниот законик победник е, односно станува градоначалник, оној кој ќе добие мнозинство гласови од избирачите што излегле на гласање, но излезноста да е најмалку една третина од вкупниот број регистрирани гласачи во Избирачкиот список за соодветната општина.
Доколку...
Post Views: 1
Учениците знаат што е демократија и се залагаат да не бидат прекршени нивните права. Во рамките на новиот концепт за граѓанско образование денес во училиштето „Христо Узунов“ се одржа отворен ден на демократијата.
Овие отворени денови не се многу чести, но секогаш кога имаме интересна тема ја обработуваме. Учениците навистина се потрудија да покажат преку интересна програма и точки што за нив значи демократија, вели Оливија Пирузева, директор на ОУ „Христо Узунов„
Овој проект досега е спреоведен два пати во осмо одделение и сега прв пат во деветто одделение. Во него...
Post Views: 0
Весниците во Тирана денеска пишуваат дека Албанија има намера да инвестира многу пари во туризмот, а тоа посебно се однесува на развојот на овој сектор на Охридското езеро.
Весникот „Шекули“ го цитира премиерот Сали Бериша, кој најави дека инвестиции од над 800 милиони евра ќе го претворат Поградец и албанскиот брег на Охридското езеро во забележителен туристички центар.
-Средствата ќе се суфинансираат и од Германија, наведе албанскиот премиер.
Туристичките објекти се вклучени во програмата „Еколошко зачувување на Охридското езеро“, објасни уште Бериша и додаде дека...
Post Views: 34
Се известуваат сите граѓани на Општина Охрид дека од 26.11 2019 година (вторник) ќе се извршат одредени измени на режимот на сообраќај во централно градско подрачје по барање на СВР Охрид – Одделение за полиција и тоа:
На делот од улицата „ Дејан Војвода“ од пресекот со ул. „Македонски Просветители“ до пресек со ул. „Абас Емин“ ќе се одвива еднонасочен сообраќај и тоа во насока д ул. „Абас Емин“ спрема улицата „ Македонски Просветители“;
На делот од ул. „Македонски Просветители“ кај Пожарна ќе се одвива еднонасочен сообраќај во насока спрема улицата „Абас Емин “ .Се...
Post Views: 2
Најмалку 79 лица загинаа кога индонезиски воен авион се урна недалеку од воздухопловната база на истокот од островот Јава.
Авионот, според официјални извори, превезувал повеќе од 100 лица, а неколку десеттина се водат како исчезнати по несреќата.
Портпаролот на војската Сагом Тамбоен изјави дека транспортниот авион превезувал војници и нивни семејства, а меѓу патниците имало и деца.
Според извештаите, три лица загинале на тлото кога авионот се урнал врз три куќи во селото Геплак.
Причината за несреќата е непозната.
{loadposition content9}
Post Views: 8
Охрид се поинтересна дестинација за сите оние кои ги сакаат алтернативните форми на туризам, планинарењето и зимските спортови. Галичица привлечна и за домашните и за странските посетители, но тешко пристапна. И оваа година како и децении наназад Македонија пат стави забрана за користење до 1ви април на патниот правец кој води низ Галичица од ресенското село Царина до Трпејца. По се изгледа ова е најлесниот начин за решавање на проблемот бидејќи патот е руиниран и опасен за користење и тоа не само на зима туку и во летните месеци. Наместо државата сите овие изминати...
Post Views: 6
Американскиот државен секретар Хилари Клинтон соопшти дека побарала од израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху да ја замрзне израелската колонизација во окупираните територии.
„Претседателот Барак Обама беше многу јасен – тој сака колонизацијата да биде прекината”, изјави американскиот први дипломат.
Во исто време не престануваат поделбите во палестинската власт. Синоќа новата палестинска влада на Салман Фајед положи заклетва без претставници на милитантниот Хамас.
Движењето, кое ја држи власта во Појасот Газа има своја влада и најави дека нема ја признае...
Post Views: 73
Лео Нелоски, дете научник. Овај 11годишен ученик во Основното училиште „Григор Прличев“ освои прва награда на државниот натпревар по физика одржан по повод Месецот на науката. Тема на натпреварот бил Паскаловиот закон, неговите карактеристики и примена во секојдневниот живот. Многу интересно е што Лео е ученик во шесто одделение, па предметот физика сеуште не го изучува. Но, неговата дарба за природните науки, математиката и физиката му овозможува со посебна леснотија да ги совладува.
Сам ги учам, едноставно ми е без разлика што не учам физика. Интересно ми е, тие науки...
Post Views: 7
Групацијата Застава која по декопонирањето на некогашниот најголем индустриски комплекс на Балканот, Групацијата Застава, е сведена на производство на патнички, специјални, земјоделски и приклучни возила, дефинитивно заминува во историјата, пишува Danas.
Имено, во Групацијата Застава возила започна реализацијата на последниот социјален програм за кои се изјасниле 92 од вкупно 112 вработени во Холдингот, Резервни делови и Хортикултура, на компанијата од Крагуевац.
Гордана Симов, претседател на синдикатот, вели дека реализацијата на социјалната програма е “почеток на дефинитивниот...