turisti

Балканските земји, привлечна дестинација за туристите од Далечниот Исток и Индија

Post Views: 0 Кружни тури за туристи од Далечниот Исток наскоро се очекуваат и на македонскиот туристички пазар. Според Емил Димитровски, член на Управниот одбор на Стопанската комора за туризам, во наредниот период, европските дестинации ќе бидат повеќе барани, за разлика од дестинациите на Блискиот Исток. Тој смета дека во 2016та пред се ќе има интерес за турите на Јадранско и Егејско Море, Грција, Италија и Шпанија. Што се однесува до Балканот, Димитровски вели дека се поактуелни ќе стануваат кружните тури за туристите од Далечниот Исток, Јапонија, Кореа и Индија, за кои тој очекува...

Continue reading

logo

Околу 225 милиони деца во светот се сексуално злоупотребувани

Post Views: 5 Околу 150 милиони девојчиња и речиси 73 милиони момчиња на возраст под 18 години се жртви на сексуална злоупотреба во светот, се наведува во извештајот на Светскиот фонд на ОН за децата (УНИЦЕФ), претставен во Берлин. Во извештајот се истакнува дека стотици илјади деца во светот секојдневно се продавани во странство поради сексуално злоставување.На Филипините, на пример, меѓу 60.000 и 100.000 деца се жртви на трговијата со бело робје, а во Бангладеш просечната возраст на жртвите на сексуалната злоупотреба е 13 години. Во кениските летувалишта проституираат околу 15.000...

Continue reading

Викендов во Охрид премиера на филмот „Дедо и внук“, на охридскиот режисер Илија Пиперкоски

Post Views: 5 Охридскиот филмски режисер Илија Пиперкоски, кој важи за еден од најуспешните во својата генерација, за 6-ти декември во НУ Центар за култура „Григор Прличев“ во Охрид, ја најави премиерата на неговиот најнов филм „Дедо и внук“. Пиперкоски, истовремено, е и сценарист на филмот. Тој, досега има режирано голем број кратки и документарни филмови. Продуцент на филмот е Огнен Антов, директор на фотографија е Романецот Патру Паунеску, сценографијата е на Владимир Зафироски, додека костимограф е Жаклина Крстевска. Филмот започна да се снима во април 2017 година и е единствениот...

Continue reading

Струшката градска власт бара итно решение на проблемот со градската депонија

Post Views: 1 За проблемот со дивата депонија во Струга телевизија ТВМ информира години наназад.  Од проблемот со одлагање на медицински отпад, до нелегалното палење на депонијата, како и загадувањето на воздухот кое што го чуствуваат граѓаните на Струга – сето ова беа теми во нашите информативни програми. Откако минатата недела повторно известувавме за палењето на депонијата, денеска до нашата редакција со свој став се обрати и првиот човек на ЈП „Комунално“ Струга, Гарип Каба. Во телефонски разговор Каба не информираше дека, како и минатата, така и оваа година, дошло до палење...

Continue reading

A330

Пронајден францускиот Ербас

Post Views: 0 Остатоците, кои се пронајдени во Атлантскиот океан, без сомнение се од „Ербасот’ што исчезна на летот од Рио де Женеиро до Париз, со 228 патници во леталото. Веста синоќа ја потврди бразилскиот министер за одбрана Нелсон Жоабим, на прес конференција, пренесуваат светските агенции. Авион на бразилските воено – воздухопловни сили ги открил остатоците на „Ербасот“во радиус од пет километри во Атлантикот. „Откритието потврдува дека авионот се урнал во тоа подрачје,неколку стотина километри од бразилскиот архипелаг Фернандо де Нороња“, изјави министерот за одбрана на Бразил. Тој...

Continue reading

ГДУ: Депонијата Буково го стави Охрид на листата на загадени градови

Post Views: 4 Загадувањето на воздухот тема на денешната прес конференција на Граѓанско демократската унија. Од партијата сметаат дека Охрид се најде на листата на загадени градови поради чадот од депонијата Буково. Обвинуваат дека со депонијата се менаџира несоодветно и примитивно. „Јавна тајна е дека со пожарот , или намерното плаење по наредба на одговорните лица, справувањето со проблемот се решава на најпримитивен начин со затрупување на останатиот отпад. Затоа нормално е постојано да гори и да се загадува градот. Одговорност нема , решение нема. Но ајде да се потсетиме како...

Continue reading

avion

Пронајдени остатоци од исчезнатиот француски авион

Post Views: 3 Екипажот на еден француски товарен брод забележал остатоци на површината на Атлантскиот океан, во подрачјето во кое се претпоставува дека се урнал исчезнатиот авион на Ер Франс. Според бразилските медиуми, остатоците кои ги виделе француските морнари се на истото подрачје близу брегот на Сенегал, во кое пилот на бразилската авиокомпанија ТАМ видел остатоци во пламен од исчезнатиот авион со 228 патници и членови на екипажот. Бразилското воено воздухопловство потврди дека екипажот на ТАМ ги известил за информацијата и оти бразилскиот авион во тој момент се наоѓал во подрачје...

Continue reading

Министерката Царовска нема да биде дел од новата Влада

Post Views: 10 Донесов одлука да не учествувам во новата Владата со новиот мандатар, соопшти денеска министерката за образование и наука Мила Царовска. Во изминатите пет години заедно со мојот тим навистина испорачавме политики во интерес на граѓаните. Јас продолжувам да се борам и да се застапувам за истите вредности и за истите политики и навистина верувам во капацитетот и силата на државата, како и во силата на жените и младите – рече Царовска. Повлекување од министерската функција во новиот состав на Владата во петокот најави и министерката за одбрана Радмила Шекеринска....

Continue reading

Свечено отворена реконструираната Али пашина џамија

Post Views: 8 Денеска со свеченост беше отворена реконструираната Али пашина џамија во охридската чаршија. На отворањето во организација на ИВЗ присуствуваа голем број граѓани кои во иднина ќе ги остваруваат своите верски права во овој објект кој воедно е и споменик на културата заштитен со закон. Реконструкцијата на џамијата и изградбата на минарето е финансирано од Генералната дирекција на вакуфи на владата на Република Турција преку турската владина агенција „ТИКА“. На отворањето присутен беше заменик министерot за култура и туризам на Турција, Мисбах Демирџан и бројни телевизиски...

Continue reading

logo

Глобалното затоплување ќе стане и глобален убиец

Post Views: 1 Бројот на жртвите од глобалното затоплување кон 2030 година, ќе порасне на половина милион луѓе годишно, а 90 проценти од нив ќе бидат од развиените земји. Ова го покажа истражување на меѓународната организација Global Humanitarian Forum, чиј што раководител е поранешниот генерален секретар на Обединетите нации (ОН), Кофи Анан. Поради глобалното затоплување изминативе години, во светот годишно умираат околу 300 000 луѓе, кои најмногу страдаат од суши и поплави. Анан, по објавувањето на извештајот ги повика развиените земји, конечно да преземат конкретни мерки против...

Continue reading

9 новозаболени лица од Ковид-19 во Охрид

Post Views: 0 Во текот на последните 24 часа се направени 3.045 тестирања, при што се регистрирани 329 нови случаи на Covid-19, информираат од Министерството за здравство на Република Македонија. По градови: • Скопје 178• Велес 27• Куманово 20• Прилеп 16• Штип 13• Струмица 10• Охрид 9• Tетово, Пробиштип и Кочани по 8• Битола 7• Кочани и Гевгелија по 5• Свети Николе 3• Струга, Ресен, Крива Паланка и Демир Хисар по 2• Кавадарци, Виница, Македонска Каменица и Дојран по 1 Во текот на изминатите 24 часа регистрирани се 13 починати лица: 6 починати лица од Скопје (91, 88, 79, 78, 69 и...

Continue reading

Внимавајте кога купувате преку интернет

Post Views: 1 Во последно време купувањето преку интернет станува сè попопуларно. Најмногу онлајн купувачи своите нарачки ги прават во ноќните часови и тоа преку мобилен телефон. И додека купувањето преку мобилен звучи како најбрз и наједноставен начин за шопинг, постојат повеќе пропусти на кои наишле. До Организацијата на потрошувачи во Охрид пристигнати се голем број поплаки токму на оваа тема. „Основна работа е дали веб страната го има она http.s,бидејќи тоа  значи дека страната има заштитен систем, особено за плаќање преку интернет. Ако нема тогаш ризикот е на самите купувачи,...

Continue reading

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top