Post Views: 6
Шефовите на држави и влади на Европската унија синоќа во Брисел едногласно се договорија да му се довери нов мандат на претседателот на Европската комисија Жозе Мануел Баросо.
Како што пренесуваат западни агенции, номинацијата на Баросо е потврдена од сите земји членки на Унијата.
Реизборот на Баросо треба да биде потврден со гласање во Европскиот парламент.
Претходно, Баросо преку писмо до земјите членки на ЕУ, ги претстави своите цели за вториот мандат, во кои најави залагање за силна Европска комисија.
{loadposition content9}
Post Views: 20
Се узурпираат паркинг местата наменети за лицата со инвалидитет на паркиралиштата низ градот, реагираат лицата телесни инвалиди. Несовесни возачи постојано паркираат на места обележани за лицата со отежнато движење, без грам совест, вели една наша сограѓанка. Друг пак, реагира за читањето на картичките од страна на инкасаторите на рампите во Охрид.
„Зошто автоматски не ја читаат нашата картичка би требало да ја читаат автоматите бидејќи ја читаат на патарина и на други места,напоменува лице со хедникеп.
Венко Голабоски , претседателот на здружението Мобилност од Охрид...
Post Views: 8
Самитот на претседатели од Југоисточна и Централна Европа, на кој учествува и шефот на македонската држава Ѓорге Иванов, денеска ќе биде официјално отворен.
Средбата на врвот ќе ја отвори српскиот претседател Борис Тадиќ, по што обраќање ќе има и претседавачот со Европската унија, чешкиот претседател Вацлав Клаус.
Самитот на кој е најавено учество на 14 шефови на држави од југоисточна и централна Европа е насловен „Заедничка работа за надминување на 3Е предизвиците – економија, енергетика и евроинтеграции”
Претседателите Иванов и Тадиќ синоќа имаа билатерална средба...
Post Views: 9
Претседателот на Европскиот парламент Давид Сасоли почина на 65 години. Поранешниот италијански новинар бил сериозно болен повеќе од две недели и минатиот месец бил примен во болницата во Авијано поради компликации со имунолошкиот систем.
Сасоли им се врати на своите задолженија во ноември откако во септември беше хоспитализиран во Стразбур поради сериозна пневмонија. Гласањето за негов наследник веќе беше закажано за овој месец и Сасоли навести дека нема да се кандидира за нов мандат.
Поранешниот телевизиски спикер беше избран за претседател на Европскиот парламент...
Post Views: 3
Свикана триесет и шестата седница на Советот на општина Охрид на ден 12.12.2019 година (четврток) со почеток во 09:00 часот.Седницата ќе се одржи во зградата на Општина Охрид.
На ова изданаие на седницата на Советот ќе се најде само една точка од техничка природа, во врска со постапката за поделба на МЈП „Проаква“.
Предлог – одлука за давање согласност на Одлуката за потврдување на Планот за поделба ОДУ.бр. 721/19 од 04.11.2019 година и потврдување на Спогодбата за присоединување ОДУ бр.722/19 од 04.11.2019 година.
Post Views: 7
Авионот на „Ер Франс“, што се урна во Атланскиот Океан за време на лет од Рио де Женеиро до Париз, најверојатно се распаднал уште во воздухот, покажуваат резултаите од аутопсијата на неколкумина од жртвите во несреќата.
Како што соопшти претставник на бразилскиот патолошки тим што ги вршел аутопсиите, откриените тела имале многу фрактури на рацете и нозете, што укажува дека авионот се распаднал уште во воздухот.
Поранешниот експерт на американската Национална служба за безбедност на сообраќајот, Франк Чако се согласува со ваквата констатација на бразилските патолози,...
Post Views: 4
Овие избори сами по себе се предизвик во секоја смисла на зборот поради промените кои ќе доаѓаат во нашта држава, а од каде ако не од Охрид , тоа е најдоброто место да започнат промените. – кажа кандидатот за Градоначалник на Охрид од ВМРО ДПМНЕ и Коалицијата, Кирил Пецаков, откако го оствари своето право на глас утрово.
Очекувам да има промена граѓаните да излезат во една фер и демократска атмосфера да го дадат својот глас и секако подобриот да победи. А она поради коешто треба да гласаат секако дека е позадината која ја носиме како кандидати и јас без никаква...
Post Views: 4
Охридските автори го добиваат заслуженото место помеѓу делата во библиотеката „Григор Прличев“. Во оваа национална установа од нејзиното основање постои катче на роднокрајни автори, но во последно време се прават напори што повеќе да се афирмираат истите и да се запознаат граѓаните со нивното творештво. Во библиотеката има еден до два примероци од секоја книга која е издадена во Македонија, а е од роднокрајните автори. Застапени се околу 80тина кои пред се пишуваат поезија и проза и во нив не влегуваат оние кои пишувале стручна литература или научни трудови.
Треба на...
Post Views: 0
Според најавите, лидерите на земјите членки на ЕУ очекуваат да ги обезбедат потребните гаранции потребни за успех на претстојниот ирски референдум за Лисабонскиот договор.
Ирска е единствената земја од ЕУ што на референдумот одржан во јуни минатата година го одби Лисабонскиот договор за реформи на институциите на Унијата.
Формата на гаранциите што сега се подготвуваат за Ирска е си уште непозната, но Ирците бараат евентуалното прифаќање на Лисабонскиот договор да не го загрозува ирскиот суверенитет, посебно во област на даноците и неутралноста на земјата.
Од друга страна,...
Post Views: 3
Нема јавна свест за значењето на културното наследство во земјава. Кај нас постои тенденција да се присвои и да се окупира културното богатство од страна на поединци кои поседуваат моќ. Профитерскиот пристап на моќниците е главниот проблем на што реагира Европската Унија и Унеско, сметаат од Европското движење во Република Северна Македонија.
„Не е тоа приватна сопственост и точно таа приватизација доведува да не се сфати другиот аспект дека ние сите треба да го чуваме културното наследство. Не е тоа нешто од кое се добива профит. Профитерскиот аспект кон културното...
Post Views: 1
По економската и финансиска криза ќе следи криза на пазарот на работна сила, прогнозира Хуан Сомавиа, генерален секретар на Меѓународната организација за труд.
Побарувачката за работни места расте, а тие се се‘ помалку.
При отворањето на годинешното заседание на Меѓународната организација за труд, ИЛО, во Женева, деновиве генералниот секретар Хуан Сомавиа јасно рече: „Од 2009 година околу 45 милиони луѓе, главно млади ќе навалат на пазарот на работна сила. Тоа значи дека до 2015 година околу 15 милиони нови луѓе ќе бараат работно место. Наша примарна задача е координирано...
Post Views: 6
Целосно исполнети се сместувачките капацитети во поголемите хотелски комплекси на охридско струшкото крајбрежје. Гостите кои ќе одмараат во нашиот Охрид и Струга се претежно од соседството. Најбројни се гостите од Бугарија и Србија, велат директорите на хотелите.
Генералниот директор, Анета Бар, од хотелот Инекс Олгица кажува дека се исполнети сите расположлви капацитетите со гости од Бугарија и Србија и помал број на македонски гости. Аранжманите се закупени претежно за три дена, а за Божик има најави за одмор на грчки гости. Гостите за дочекот на Нова година ќе ги...