Post Views: 8
Охрид доби современ затворен зелен пазар. Денес во присуство на премиерот на Република Северна Македонија, Зоран Заев, пратеници, градоначалникот на Охрид и Струга и други личности од јавниот живот, беше официјално отворен овој капитален објект.
Ми преставува посебно задоволство и чуствувам голема радост што денес сме во Охрид да го отвориме зелениот пазар кој одговара на потребите на пазарџиите со капацитет од 190 нови тезги направени по современи ХАСАП стандарди, рече Зоран Заев-премиер на Р.С Македонија.
Пазарот е на површина од 6 779 метри квадратни, на три ката....
Post Views: 0
Додека поддржувачите за излез на Велика Британија од Европската унија се во водство, продавачите и изнајмувачите на деловни простори во договорите почнале да ставаат т.н. Brexit клаузула за да, колку толку, го оживеат мртвиот пазар.
Поддршката на Британците за излез од ЕУ на референдумот, кој е закажан за 23 јуни, се зголеми, покажаа резултатите од анкетите кои ги спроведоа TNS и YouGov за телевизиската мрежа ITV. Спрема YouGov, од 3945 анкетирани 45% го поддржуваат Brexit додека 41% се за останување во ЕУ, а 11% од анкетираните биле неодлучни. Анкетата на TNS на 1213...
Post Views: 8
Од друга страна блескава победа извојува опозициската партија ГЕРБ предводена од поранешниот градоначалник на Софија Бојко Борисов.
Партијата Граѓани за европски развој на Бугарија – ГЕРБ според проценките освоила меѓу 38 и 41 насто од гласови, додека Социјалистите на премиерот Сергеј Станишев се втора по јачина партија со освоени меѓу 17 и 18, 5 проценти. Бојко Борисов го опиша исходот од вчерашното гласање, како огромен и срамен пораз за вледејачката партија, додавајќи дека новата влада ќе биде формирана што е можно побргу. Прашан дали тој ќе биде наредниот премиер...
Post Views: 11
Градоначалникот Константин Георгиески имаше работна средба со Џенифер Литлџон заменик шеф на мисијата од Американската амбасада. На средбата се разговараше за тековните проекти кои ги реализира општина Охрид.
Соговорниците разговараа и за препораките од УНЕСКО, за кои градоначалникот Георгиески истакна дека најголем дел се завршени, а другите активно се спроведуваат.
Се разговараше и за долгот на општината и странските инвестиции во градот.
Шефот на мисијата, Литлџон, при тоа ја потенцира нивната поддршка за реализацијата на предвидените проекти и својата подготвеност...
Post Views: 2
АМСМ информира дека денеска ќе се врши минирање меѓу 12:30 и 14:30 часот на патниот правец А2 Кичево – Охрид, па сообраќајот околу 15 минути во ќе биде во прекин кај планинскиот премин Пресека – село Врбјани.
Post Views: 4
Хрватскиот претседател Стјепан Месиќ, ја назначи Јадранка Косор за премиер на Хрватска, со што за прв пат на оваа функција во државата застанува жена, пишува весникот “Монд“.
“Косор ме увери дека располага со неопходно мнозинство во парламентот, затоа и давам мандат, за да формира новат Влада“, го објаснил своето решение Месиќ. Тој додал оти очекува новата влада да води јасна и силна про-европска политика.
{loadposition content9}
Post Views: 0
На 24 Декември 2019 година, 12.30 часот, сала за седници на советот на општина Дебрца, село Белчишта, е бидат промовирани резултатите и сознанијата од Проектот: “Требенишко Кале, село Требеништа, истражување 2019”.
На настанот ќе присуствуваат: градоначалникот на општина Дебрца, Деканот на Филозофскиот факултет, Ратко Дуев, Директорот на Управата за заштита на културното наследство, Ацо Костов и раководителот на истражувачкиот тим, проф. Др. Виктор Лилчиќ Адамс.Археолошкиот локалитет “Требенишко Кале” беше истражуван оваа година со методот на рекогносцирање од страна...
Post Views: 0
Податоцитие на глобалнo ниво кажуваат дека сеуште постои нееднаква дистрибуција на ресурси, права и моќ, меѓу мажите и жените. Жените сè уште се соочуваат со нееднаквости во однос на можностите за вработување, добивање плата, пристап до правото на здравствена заштита и негово остварување, правата во бракот и семејството. Речиси во сите сфери на општественото живеење доминантна моќ најчесто ја имаат мажите, велат од Центарот на заедницата Струга, кои денес организираа средба на граѓаните со членовите на Комисијата за унапредување на рамноправноста помеѓу половите при...
Post Views: 0
Соединетите Американски Држави денеска го празнуваат националниот празник – Денот на независноста.
На овој ден пред 233 години е потпишана Декларација за независност од британската империја. Американскиот Конгрес всушност ја прифатил Декларацијата за независност на 2 јули 1776 година, меѓутоа таа била одобрена два дена подоцна, со сменета варијанта на документот, по што законодавниот дом побарал овој акт да биде објавен.Поради тоа 4 јули се смета за „роденден“ на САД.И покрај економската криза, во повеќето американски градови денеска ќе се одржат паради, а за подоцните...
Post Views: 9
Минатогодишната соработка меѓу Јавната установа Национален парк Галичица и Фондот за природа Преспа-Охрид (ПОНТ) продолжува.
Имено, во согласност со мисијата и визијата на Фондот, а и со аплицирањето од страна на ЈУНП Галичица на повикот за финансиска поддршка, на 16 декември 2019 година беше потпишан Договор со кој Фондот ќе финансира дел од трошоците за тековното работење на ЈУНП Галичица, во висина од 178.000,00 евра за 2020 година.
Ова претставува иновативен пристап во финансирањето и работењето на заштитените подрачја, за што ПОНТ минатата година беше избран како...
Post Views: 8
Северна Кореја истрела шест ракети од своето источно крајбрежје, соопшти Генералштабот на јужнокорејските вооружени сили.
Според јужнокорејското Министерство за одбрана шесте ракети биле истрелани во период од осум часа. Јужнокорејските воени власти сметаат дека ракетите се од типот „Скад“ и се со мал дострел од околу 500 километри.
Според информациите на јапонското Министерство за одбрана ракетите паднале во Јапонското Море, на неколку стотици километри источно од севернокорејската база до градот Восон, од каде што биле истрелани.
Јапонските медиуми, пак, објавија дека...
Post Views: 1
На 29.01.2022 година, К.К. (65) од Кичево, во надлежната полициска станица пријави дека на булеварот „Ослободување” во Струга бил каснат од куче скитник.
Истиот ден, С.С. (34) од Кичево и Д.А.(70) од селото Кнежино пријавија дека, на улиците „Илиница”, односно „Драге Богески” во Кичево биле каснати од куче скитник – се вели во соопштението на СВР Охрид.