Post Views: 7
Автобус на македонскиот превозник „Метак транс“ во петокот вечерта целосно изгорел во подметнат пожар во германскиот град Билефелд, објави Експрес.мк.
Сопственикот Станко Цонев во изјава за медиумот вели дека се сомнева дека пожарот е подметнат од нелојалната конкуренција од диви таксисти со комбиња од Македонија.
Од 18 декември почнавме да сообраќаме два пати неделно од Струмица за Билефелд како единствена регуларна автобуска линија од југоисточниот дел на Македонија до Германија. Се сомневам дека ова е одмазда од дивата конкуренција од Македонија, поврзана со корумпирани...
Post Views: 1
Усогласување на домашната со европската регулатива за внатрешна пловидба е еден од најважните приоритети оваа година на Капетанија на Пристаништата на Македонија. Секојдневно работиме на текстови и идеите кои треба да се имплментираат во Правилникот и Законот за да се доближиме до европските правила во пловидбата , вели Горан Устијаноски капетанот на Капетанија на Пристаништата на Македонија.
„Огромен е проблемот со неприменливост на некои европски правила врз фактичката ситуација во која сега ние функционираме. Мора да има поголема прагматичност и да се решаваат работите...
Post Views: 1
Израелско-палестински мир е можен доколку се исполнат пет услови, меѓу кои се и признавањето на Израел и престанокот на сите побарувања од Израел, рече израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху
Тој порача и дека Ѕидот на Западниот брег нема да се урива.
Останатите услови според него се: ниту еден палестински бегалец да не се врати на израелска територија, идната палестинска држава да биде демилитаризирана, а за тоа разоружување да има меѓународна потврда
Нетанјаху рече дека израелскиот Ѕид на Западниот брег останува, иако во последно време нема палестински напади од окупираните...
Post Views: 8
Со огромно задоволство, но и одговорност пред сите вас, ја прифаќаме големата победа изразена со околу 2000 гласа разлика во првиот круг. Цел живот создаваш за да добиеш поддршка, изјави денеска кандидатот за Градоначалник на Охрид од ВМРО ДПМНЕ и Коалицијата „Обнова на Македонија“, Кирил Пецаков.
Ја побаравме поддршката на охриѓани и ја добивме. Народот е свесен дека на Охрид и Македонија им се потребни промени. Ова е победа на сите што заслужуваат заедничка иднина. Избравте и вашиот глас искажан на мирните, достоинствени, фер и демократски локални избори мора да...
Post Views: 28
Градоначалникот Константин Георгиески, денеска го посети првото новородено бебе во Новата 2020 година на Гинеколошкото одделение при Општата Болница – Охрид. Тој во име на општината и во лично име упати честитки до мајката, Нита Кркути од Дебар за приновата во семејството. „Сакам да му посакам многу здравје на малиот јунак за кој што уште не е избрано името. Им посакувам да се здрави , живи, весели. “
Првото бебе во новата година е втора рожба на младата мајка. Породувањето било спонтано, а лекарскиот тим го водела д-р Мимоза Влаши Хиса, гинеколог-акушер, заедно со...
Post Views: 5
Шведскиот министер за надворешни работи Карл Билт ги повика Хрватска и Словенија да ја „смират реториката”, истакнувајќи дека е во интерес на двете страни што побрзо да го решат граничниот спор.
„Мислам дека двете страни отидоа предалеку…Сега и јавно ќе кажам – треба да се биде внимателен во реториката, Балканот е место каде мора да се биде внимателен со реториката бидејќи луѓето веруваат во тоа што ќе се каже, а тоа може да предизвика последици”, изјави Билт.
„Во интерес на двете страни, во интерес на сите е тоа прашање да се реши – што...
Post Views: 0
Весело, разиграно и распеано охриѓани и бројните гости од земјава и странство синоќа ја дочекаа Новата 2020 година на охридскиот плоштад.
Илјадници посетители, преполн плоштад, насмеани лица, задоволни и гостите и домаќините.
Круна на вечерта беше новогодишниот огномет. На плоштадот беше и градоначалникот Константин Горгиески, кој на присутните им посака многу здравје и пријатен престој во градот. – „Првично здравје, да сме здрави живи сите после се друго што треба ќе си дојде“ ,вели Константин Горгиески градоначалник на општина Охрид.
За забавата на...
Post Views: 0
Еврокомесарот за проширување Оли Рен денеска ја почнува турнејата по балканските држави, во рамките на која в четврток ќе ја посети Македонија.
Повод за посетата на Рен е неодамнешната препорака на Европската комисија за укинување на визите за влез во земјите членки на шенгенскиот простор на граѓаните на Македонија, Србија и Црна Гора.
Еврокомесарот за проширување денеска ќе престојува во Србија и во Црна Гора.
Рен во Србија ќе разговара за продолжување на евроинтегративниот процес на државата, за односите на Србија со Европската унија и за визната либерализација.
Според...
Post Views: 4
Синчето е втора рожба на триесетгодишната мајката Нита Кркути од Дебар. Бебето дојде на свет во 13 часот и 13 минути. Новороденчето е здраво бебе, родено со тежина од 3600 грама, а долго 54 цм.
Спонтаното породување го изврши медицински тим од гинеколошкото одделение при Општа болница Охрид, предводено од гинеколог д-р Мимоза Влаши Хиса, специјалист акушер и неонаталогот д-р Зорица Стрезоска.
Традиционално, се очекува мајката и првороденото бебе во Новата година да ги посети градоначалникот Константин Георгиески при што ќе им додели пригодни подароци.
Post Views: 1
Пилотите на француската авио-компанија Air France започнаа вчера четиридневен штрајк кој би можел да ги поремети илјадниците планови на фудбалските навивачи кои сакаат да стигнат на своите одредишта за да ги гледаат натпреварите на Европското првенство, јавува BBC.
Околу 20.000 патници се блокирани вчера од вториот ден на штрајк на шведските пилоти на скандинавската компанија SAS поради кој се откажани 159 летови, објави компанијата.
“Направивме сѐ што беше во наша моќ да го спречиме штрајкот, но за жал не бевме во можност да постигнеме договор”, изјавила портпаролката...
Post Views: 2
Канадскиот производител на автоделови Magna, инвестициониот фонд од Белгија RHJ и кинеската автомобилска компанија BAIC презеле формални чекори, за да го придобијат Опел.
„Компанијата потврдува дека добила последни три понуди за удели во Опел. Предлозите ќе бидат анализирани и споредени од General Motors”, соопштија од автогигантот.
Портпаролот објасни дека трите компании кои се борат европската филијала на ГМ се Magna, BAIC и RHJ.
{loadposition content9}
Post Views: 8
Градоначалникот Константин Георгиески, го пушти во употреба зимското лизгалиште. На површина од 325 метри квадратни, лизгалиштето е поставено на Кејот „Македонија“, каде има и мала бина, на која секојдневно учениците од основните училишта ќе имаат културно – уметничка програма.
Лизгалиштето е донација на Агенцијата за спорт и млади, а со него во наредниот период ќе управува ЈП „Билјани извори“. Цената за изнајмување на лизгалките е сто денари од час, а лизгалиштето ќе работи секој ден од 11 – 24 часот.