Флексибилните телефони на Samsung на пазарот идната година

Post Views: 8 Јужнокорејската компанија Samsung спрема тврдењата на извори блиски на компанијата би требало да претстави два смартфони кои ќе бидат на свиткување и кои би биле спремни за претставување на почетокот на 2017 година. Засега има малку детали, но се шпекулира дека првиот уред ќе биде комбинација на паметен телефон и таблет со 5 инчен екран кој ќе може да се зголеми на дури 8 инчи кога уредот потполно ќе се отвори, а другиот уред ќе биде на расклопување со екран од двете страни. Samsung двата уреди би можел да ги претстави на Mobile World Congress кој се одржува идната година...

Continue reading

Ali Hamnei

Ахмадинеџат со втор мандат

Post Views: 0 Иранскиот врховен водач ајатолахот Али Хамнеи денеска треба да го потврди вориот претседателски мандат на Махмуд Ахмадинеџад. Опозицијата продолжува да ги негира резултатите од претседателските избори одржани на 12.јуни, обвинувајќи го Ахмадинеџад за лажирање на резултатите. Незадоволни од резултатите, приврзаниците на противкандидатот на Ахмадинеџад, Мир Хусеин Мусави, се собираа на протести во Техеран, барајќи повлекување на Ахмадинеџад и распишување на нови избори. Иранските власти уапсија дел од демонстрантите,против кои деновиве се одржаа и судски процеси. {loadposition...

Continue reading

Свети Василиј Велики

Post Views: 6 Свети Василиј Велики (грчки:Βασίλειος ὁ Μέγας) е христијански светец, теолог и епископ од Кападокија, Мала Азија Во црквата се смета како голем поборник за православната вера, пристаниште на моралната чистота и столб на Црквата. Се смета за основач на монашката традиција во источното православие. Како светец бил прогласен по неговата смрт. Православната црква го слави на 1 јануари, односно на 13 јануари, а католичката црква на 2 јануари. Свети Василиј Велики е еден од најголемите светци на христијанството. Роден е во 330 година во Неокесарија, во Понт, од родители Василиј...

Continue reading

Горивата од полноќ поевтинуваат

Post Views: 2 Бензините од ноќеска на полноќ ќе поевтинат за 0,5, а дизелот за еден денар, одлучи денеска Регулаторната комисија за енергетика. Литар ЕУРОСУПЕР БС-95 ќе се продава за 61, а ЕУРОСУПЕР БС-98 за 63 денари. Новата цена на ЕУРОДИЗЕЛ ќе изнесува 42,50 денари, a Екстра лесното масло за домаќинство поевтинува за 0,5 денари и ќе чини 31,5 денари за литар. Цената на мазутот М-1 НС се намалува за 0,645 денари за килограм и ќе изнесува 15,324 денари. Регулаторната комисија за енергетика ја утврди новата цена на горивата врз основа на движењата на цената на суровата нафта на светскиот...

Continue reading

Anders Fog Rasmusen

Новиот генерален секретар на чело на НАТО

Post Views: 1 Новиот генерален секретар на НАТО, Данецот Андерс Фог Расмусен (56) денеска официјално ќе застане на чело на воената Алијанса. Расмусен својата програма ќе ја објави на прес конференција в понеделник. Очекувањата се дека ќе се фокусира на прашањето како сојузничките операции да станат поефикасни и потранспарентни Поранешниот дански премиер Андерс Фог Расмусен е 12 генерален секретар на НАТО.Тој на оваа должност доаѓа на местото на Холанѓанецот Јаап де Хоп Шефер, кој беше на чело на Алијансата од јануари 2004 година. {loadposition content9}

Continue reading

Охридскиот бербер Шогун бесплатно потстрижува сограѓани од ранливата категорија

Post Views: 1 Беберот Неат Алим е единствениот во охридско кој во својата берберска работилница бесплатно потстрижува сограѓани од ранливата категорија. Алим,  познат на охридската чаршија како Шогун , заедно со својот практикант Емин секој ден недела одвојуваат време за да потстрижуваат луѓето кои не можат да си го дозволат тоа. „Одлучивме еднаш во ден недела , секоја недела од 10 до 13 часот да одвоиме време за ранливата категорија граѓани кои не се во можност да го платат шишањето. Сакавме да им излеземе во пресрет и да ги потстрижиме бесплатно“, кажува Шогун. Шогун за само еден...

Continue reading

drimon

Фотографија, музика, рачни изработки на третиот фестивал за алтернативна култура Дримон

Post Views: 0 Изложби, музички, театарски, поетски перформанси, претстави, интересни работилници, танц. Листата е долга, има за секого по нешто. Третиот по ред фестивал Дримон уште еднаш понуди алтернативно културно уживање за стружани и сите посетители. „На мускули“, е годинешното мотото на фестивалот „Дримон“ но тоа не е само мото, туку и тажната реалност со која организаторите на овој исклучителен фестивал се соочуваат од година во година. Велат дека за нив ова е слатка тешкотија, но помошта би била добредојдена. Даваат пари од својот џеб за на мускули да истуркаат уште едно фестивалско...

Continue reading

картичка

Разбиена мрежа на фалсификатори на банкарски картички

Post Views: 6 Дваесет и четири лица, повеќето Романци, се уапсени во полициска операција за разбивање меѓународна мрежа, специјализиран за фалсификување банкарски картички, која била разгранета во неколку европски држави. „Во оваа голема операција беше нанесен сериозен удар врз меѓународна мрежа за измами со банкарски картички“ во Белгија, Ирска, Италија, Холандија и Романија, соопшти Европол. Има сомневања дека мрежата фалсификувала најмалку 15,000 банкарски картички во вкупна сума од 6,5 милиони евра. Во Романија се уапсени 12 лица, во Италија – осум, во Холандија и Белгија по две...

Continue reading

Во Охрид регистрирани единаесет случаи на заболени од грип

Post Views: 1 Единаесет случаи на заболени од грип се засега евидентирани во охридскиот Центар за јавно здравје. Кај лицата заболени од грип во земјава е изолиран грипот АХ3Н2, додека за Охридско-струшкиот регион се чекаат резултатите од земените брисеви. Прв пат се пријавени 11 лица заболени од грип минатата недела. Дел од нив завршиле на инфективното одделение при Општа болница Охрид, информира д-р Јованка Стурлакова Коровешоска. Бројот  на заболени од грип е поголем од 11, а  заболените не се регистрирани заради празничните одмори. Пикот на грипот се очекува следниот месец. „Во...

Continue reading

izvor

Најголемите нафтени компании објавија пад на профитот

Post Views: 3 Нафтените компании Ројал Дач Шел(Royal Dutch Shell) и Ексон Мобил(Exxon Mobil) објавија голем пад на кварталниот профит со оглед на падот на цените на нафтата во средината на 2008. година. Добивката на Шел од април до јули паднала за 70 отсто, во споредба со минатата година, на 2,3 милијарди долари. Ексоновата добивка во истиот период паднала за 66 отсто, односно за 3,95 милијарди долари. Глобалните цени на нафтата остварија рекорд од 147 долари за барел минатата година, пред да паднат поради глобалната рецесија. Во САД цената на барел моментно се спушти на околу 64...

Continue reading

Ирина Смилеска нов директор на ЈУДГ „Јасна Ристеска“

Post Views: 0 Со одлука на градоначалникот Кирил Пецаков, за директор на ЈУДГ „Јасна Ристеска“ е назначена Ирина Смилеска која доаѓа на местото на досегашната директорка Мери Рилкова која поднесе оставка од функцијата. Градоначалникот Пецаков и се заблагодари на досегашната директорка за добрата соработка, а и посака успех во работата на новоименуваната директорка. Ирина Смилеска доаѓа од редот на вработените во установата и по професија е дефектолог.

Continue reading

БОГАТА ПРОГРАМА ЗА ПРАЗНИКОТ БОГОЈАВЛЕНИЕ ВОДИЦИ

Post Views: 9 Во рамки на програмата за одбележување на големиот христијански празник Богојавление-Водици, Општина Охрид организира голем концерт на балканската музичка ѕвезда Петар Грашо, кој ќе се одржи во пресрет на празникот на 18-ти јануари со почеток во 20 часот на Градскиот плоштад „Свети Климент Охридски“. На 19-ти јануари на денот на празникот, со почеток во 10 часот на Градското пристаниште ќе се одржи голем црковно-народен собир по повод Богојавленскиот водосвет и традиционалното фрлање на Светиот крст во водите на Охридското Езеро. Во насока на збогатување на содржините...

Continue reading

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top