Michel Obama

Првата дама на САД се расфрли со ексклузивни подароци

Post Views: 6 Првата дама на САД Мишел Обама им подготви на сопругите на лидерите кои учествуваат на средбата на врвот на Г-20 во Питсбург подароци, кои се и многу лични и историски – уникатни порцелански сервиси за чај и мед од Белата куќа. Мишел Обама ги приреди на првите дами одделен прием на имотот „Роузмонт фарм“, недалеку од Питсбург. Сервисите се изработени по образец на сервис, кој се користел во 1861 година во семејството на претседателот Абрахам Линколн, кој исто како и сегашниот претседател бил од Илиноис и е еден од неговите идоли. Линколн е американскиот претседател...

Continue reading

Охрид еден од градовите кои ќе добијат пречистувачи на воздух

Post Views: 0 Владата на последната редовна седница, донесе одлуки за давање на трајно користење на 38 пречистувачи за воздух, за потребите на детски градинки, основни и средни училишта и факултети во неколку општини во земјава. Покрај Охрид пречистувачи за воздух, ќе добијат и општините Струмица, Куманово, Аеродром, Битола, Илинден, Боговиње, Берово, Гази Баба, Гостивар, Могила, Прилеп и Битола како дел од Програмата за чист воздух.

Continue reading

lek

Вредноста на албанската национална валута неконтролирано паѓа

Post Views: 11 Управителот на албанската централна банка Адриан Фулани повика за зајакнување на националната валута на земјата, која во последните месеци бележи тенденција на постојан пад во однос на еврото, пишува албанскито печат.Фулани побарал од сите економски фактори на пазарот да имаат доверба во националната валута – лекот, и да не ја занемаруваат. Тој истакнал оти треба да се запре притосокот врз националната валута и додал дека нејзиниот пад во однос на еврото не се должи на побарувачката и понудата, туку на една неоснована желба на некои економски фактори за наложување...

Continue reading

Пецаков најавува реконструкција на плоштадот „Крушевска република“ кај Чинарот

Post Views: 61 Кандидатот за Градоначалник на Охрид од ВМРО ДПМНЕ Кирил Пецаков, објави фотографија од неговиот план за реконструкција на плоштадот Чинар – „Крушевска република“.  Плоштадот „Крушевска Република“ има да добие нов и модерен изглед, а со тоа граѓаните и туристите добиваат ново уредено катче. На плоштадот му е потребно дополнително уредување, треба да се постават канделабри и тој да биде осветлен со лед светилки, да се изгради фонтана, да се постават садници и клупи, канти за отпадоци и друга урбана опрема во склоп на плоштадот. Охрид заслужува да биде квалитетно...

Continue reading

Свечено врачена повелбата за најдобра поема на лауреатот Стево Симски

Post Views: 4 Чувствувам голема радост што ја добивам наградата која го носи името на големиот Григор Прличев тука во Охрид, во градот на македонската светлина, култура, духовност, државност и просветителство, кажа лауреатот Стево Симски на  Повелбата за најдобра поема за 2019 година за делото „Таинството на богомилите“. „Со Таинството на богомилите сакам да чепнам во нешто што го позабораваме, а тоа е женската енергија.  Онаа женска енергија што ранохристијанството ја прави се потврдува овде со еден прекрасен храм  кој се нарекува Света мудрост, тоа е Света Софија.“ – кажа...

Continue reading

Tunis

Поплавите во Тунис зедоа најмалку 17 лица

Post Views: 1 Најмалку 17 лица загинаа, а осум се повредени во поплавите кои го зафатија јужниот дел на Тунис, јавија денеска медиумите во оваа северноафриканска земја.Според очевидци повеќето од загинатите животот го загубиле во своите куќи, поради уривање на ѕидови и на кровови. Дел од жртвите се удавиле при надоаѓање на голема количина вода, која во некои места достигнала ниво од над два метри.Претседателот на Тунис Зине ел Бен Ели нареди да се преземат итни мерки за справување со ситуацијата.Септември вообичаено е месец, кој им носи најголема суша на жителите на Тунис, но оваа...

Continue reading

Божиновски: СДСМ и градоначалникот Георгиески не успеаја да се справат со препораките од УНЕСКО

Post Views: 5 Власта на СДСМ и градоначалникот Константин Георгиески не успеаја да се справат со препораките од УНЕСКО за Охрид и уривањето на дивоградбите, обвинуваат од ОК на ВМРО ДПМНЕ. Граѓаните очекуваат да бидат информирани од Георгиески што им одговори на претставниците од УНЕСКО кажа на прес конференција портпаролот Перчо Божиновски. „Кој одговор им го даде Георгиески на тројцата претставници од УНЕСКО за дивоградбите изградени за време на прогласениот мораториум?Што им одговори на прашањето за депонијата во Буково?Георгиески да одговори кои мерки се преземени и кои активности...

Continue reading

logo

Романија оди во бездна

Post Views: 0 Романија страда од „драматичен пад“ на вредностите во општеството, оцени невладината организација „Транспаренси интернешнл“. Организацијата изразува загриженост дека се спроведуваат политички решенија кои го ослабнуваат јавниот сектор пред корупцијата. Во извештајот, што се однесува на периодот од јуни 2008 до септември 2009 година, организацијата посочува дека во втората половина на 2008 година немало никаков напредок во областа на правосудството и борбата против корупцијата. „Транспаренси интернешнл“тврди дека 2009 година е одбележана од политики и решенија, кои го...

Continue reading

Започна со работа затворениот зелен пазар во Охрид

Post Views: 0 Започнаа со работа првите тезги во новиот затворен пазар. Денеска и трговците и граѓаните пазаруваа на суво заштитени од студ и снегот кој  падна утрово. На приземјето во новиот деловен објект на површина од 1230 метри квадратни, се тргуваше скоро на половина од вкупно 190 нови тезги уредени по ХАСАП стандарди. Пазарџии кои и по 30 години се занимаваат со продажба на  земјоделски и прехрамбени производи не го криеа задоволството од условите во новиот пазар. „Условите се идеални. Нема веќе ни дожд ни снег ниту нечистотија. 30 години сум пазарџија, дали вака ќе ги задржиме...

Continue reading

Hosni Faruk

Еврејска завера за челната позиција на УНЕСКО

Post Views: 3 Египетскиот министер за култура, Фарук Хосни, изјави дека поради завера на Евреите „скована во Њујорк“ не станал нов шеф на Организацијата на ОН за култура и образование (УНЕСКО). На изборите што се одржаа во вторникот, победи бугарскиот дипломат Ирина Бокова. „Беше јасно до самиот крај на гласањето дека постои завера против мене“, изјави Хосни за новинарите по враќањето од седиштето на УНЕСКО во Париз. Тој рече дека „постои група Евреи кои имале главно влијание врз изборите, на кои што не постоела сериозна можност да ги освои Египет“. Последните месеци Хосни беше сметан...

Continue reading

Екипите на Комуналец подготвени за справување со снегот

Post Views: 0 Во градот и околината рано утрово наврнаа околу 9 цм снег. Екипите на ЈП Охридски комуналец од 4 часот изутрина се на терен и го расчистуваат снегот, информира Трајан Љаткоски , раковител на паркови и зеленило. Имаме доволно и механизација и човечки ресурси за да се справиме со снежните врнежи , вели Љаткоски. „Според прогнозите снегот беше очекуван Бевме навреме на терен излезени за расчистување со механизација во центаралното градско подрачје и косите улици, а потоа ги расчистувавме и улиците и тротоарите кон периферијата “, информира Љатксоки. Утрово и во текот на...

Continue reading

По прв пат најмоќниот суперкомпјутер во светот е кинески

Post Views: 0 Најмоќниот суперкомпјутер во светот и во целост направен од домашни делови е кинески, се наведува во студијата која е објавена во понеделникот. Ова е по прв пат Кина да го завземе првото место на табелата ТОП500, не користејќи воопшто американска технологија. Суперкомпјутерот Sunway TainLight е двојно побрз од поранешниот најбрз компјутер кој користел чипови на американската компанија Intel. По прв пат од воведувањето на табелата ТОП500 (www.top500.org) Кина има повеќе суперкомпјутери (167) од САД (165) која два пати годишно ја објавуваат научници на националната лабораторија...

Continue reading

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top