Post Views: 4
На 16.02.2020 во 14.20 часот било пријавено дека на ул.„Железничка“ во Охрид патничко возило „Пежо“, со охридски регистарски ознаки, управувано од С.Н.(33) од Охрид, удрило во пешакот З.С.(62) од с.Велгошти, охридско.
Во незгодата З.С. се здобила со тешки телесни повреди, по што била пренесена во Општата болница Охрид за укажување на лекарска помош. Извршен бил увид на местото на настанот од увидна екипа од СВР Охрид.
Post Views: 1
Во серија експлозии во ирачката провинција Анбар загинаа 19 луѓе, соопштуваат локалните власти.
Сите напади се извршени со автомобили-бомби во градот Рамади. Првата бомба експлодирала близу до полициска станица и до зградата на локалната самоуправа. Вториот автомобил експлодирал додека полицијата и случајните минувачи им пружале помош на ранетите, а третата бомба експлодирала еден час подоцна, пред влезот на болницата, соопштува полицијата.
{loadposition content9}
Post Views: 2
СВР Охрид поднесе кривична пријава против С.Д.(23) и А.Д.(23), двајцата од Охрид, како и против Д.К.(18), А.А.(18) и едно малолетно лице, сите од Куманово, поради постоење основи на сомнение за сторено казнено дело „тешка телесна повреда”.
Пријавените, на 30.07.2021 година на булеварот „Македонски Просветители” во Охрид, го нарушиле јавниот ред и мир со меѓусебна физичка пресметка при што, С.Д. се здобил со тешки телесни повреди констатирани во Општата болница во Охрид – информираат од СВР Охрид.
Post Views: 1
Градоначалникот на општина Охрид, Константин Георгиески, денеска оствари работна средба со Јорданка Фандакова, градоначалник на Софија, Република Бугарија.
На средбата се разговараше за воспоставување поблиски пријателски односи меѓу двата града и за можна идна соработка на заеднички проекти.
Исто така на средбата се потенцираше и можноста за искористување на бугарските искуства во подготовка на проекти за аплицирање на различни програми од претпристапните фондови на Европската Унија.
Post Views: 4
Најмалку 153 лица загинаа при лизгањето на земјиштето предизвикано од поројните дождови во планинските северни региони на Филипините.
Според претставник на спасувачките служби, вкупната материјална штета изнесува околу 43 милиони долари, вклучувајќи ја и уништената реколта.Поплавите оставија илјадници лица без комуникаација со останатиот дел на државата.
{loadposition content9}
Post Views: 1
Сашо Донев, претседател на ОК на ВМРО ДПМНЕ Охрид, нарекувајќи ја прес конференцијата клеветничка ги демантира наводите изнесени од Даниел Јордановски од ГДУ како лаги и невистини со кои се повредува честа и угледот на споменатите лица.
„Го повикувам да ја праша јавно директорката на ЈЗУ „Општа болница“ – Охрид зошто за доктори не се примени највисоко рангираните кандидати туку примила послабо рангирани кандидати по нечија директива. Имено, на конкретниот конкурс кој се споменува не беа примени ни најдобро рангираната кандидатка, ни мојата сопруга, токму заради...
Post Views: 3
Официјална Тирана започнала активности за земање на моштите на Мајка Тереза од Индија во Албанија.
Ова, како што јави дописникот на макфакс, го соопшти албанскиот премиер Сали Бериша.Добитничката на нобеловата награда за мир Мајка Тереза е родена во Скопје.Инаку албанскиот премиер соопшти дека од Париз во Тирана наскоро ќе бидат пренесени моштите на албанскиот крал Ахмед Зогу, со што тој целосно се рехабилитира како „архитект на модерната албанска држава“.
Бериша најави и дека ќе ги бара посмртните останки на Фан Ноли, позната политичка фигура во Албанија, погребана...
Post Views: 0
Последниот конкурс за вработување во ЈЗУ Општа болница Охрид беше тема на денешната прес конференција на ОО на Граѓанско демократската унија ( ГДУ ) од Охрид. Како во минатото, така и сега изборот се сведе на највлијателните,а не на најспособните. Праксата продолжува со клиентелизмот и моќта на неколкумина во градот. Интересно во оваа ситуација е што не се однесува на власта, во оваа ситуација играта ја игра опозицијата и успева во своите намери, истакна на пресот Даниел Јордановски од ГДУ.
„ Знаете ли кој го доби овој конкурс? Тоа сите заедно ќе треба да го прашаме...
Post Views: 0
Американскиот претседател Барак Обама е добитник на Нобеловата награда за мир за 2009. година.
Обама, кој на власт во САД е помалку од една година, наградата ја доби за „извонредните дипломатски напори на меѓународната сцена“.
Оваа година за Нобеловата награда за мир беа номинирани 172 лица и 33 организации.
{loadposition content9}
Post Views: 2
Сликата на туристичкиот импакт во Охрид не е многу поволна.Ова го покажа стручната анализа изработена од тимот професори од ФТУ Александар Трајков, Цветко Андреески и Науме Мариноски, а изработена на барање од ЛС. Бројките направени врз основа на истражувањето со современи методолошки методи покажале дека во периодот од 2000 до 2017 година во регионот доаѓале туристи, но ја избегнувале Македонија. Безбедносните и политчките кризи што се случуваа во изминатиов период во земјава го зеле данокот со намалување на приходот од туризмот во локалната и националната економија....
Post Views: 8
На Wall Street во петокот цените на акциите потонаа повеќе од 3%, што е нивни најголем дневен пад во последните 10 месеци, бидејќи одлуката на Британците да ја напуштат ЕУ, инвеститорите ги изненади. Dow Jones потона 611 поени или 3,39%, додека S&P 500 падна за 3,6%, а Nasdaq за 4,12%.
Остриот пад на акциите е последица на погрешните проценки на инвеститорите дека Британија ќе остане во Европската унија. Поради тоа со денови пред референдумот берзанските индекси растеа, па S&P500 индексот се приближи до рекордното ниво на само 0,8%.
Но, во петокот, откако се...
Post Views: 0
Земјотрес со интензитет од 6,4 степени според Рихтеровата скала ги погоди денеска островите Санта Круз во јужниот дел на Тихиот Океан.
Како што соопшти американскиот Геофизички институт, епицентарот на потресот бил на 315 километри северозападно од Лиганвил, град на островот Еспирито Санто, кој е во составот на пацифичката држава Вануату, на длабочина од 9,4 километри под површината на океанското дно.Засега нема информации за евентуални жртви и материјалкни штети, а не е објавена ниту опасност од можна појава на цунами.Денешниот потрес следува по вчерашната серија...