Post Views: 10
Службите на ИЦС системи задолжени за одржување на јавното улично осветлување секојдневно се грижат за 9100 улични светилки. Имаат полни раце работа и велат дека постојано се на терен за граѓаните да бидат заоволни од јавното осветлување. Од службата напоменуваат дека постојано интервенираат на оштетените сијалични места.
„Најчесто има недисциплина кај граѓаните. Имаме проблеми не само со скршени сијалици туку и со скршени столпчиња, украсна пластика од сијалиците. Секојдневно, реагираме со замена на сијалици како резултат на недисциплинирани граѓани и не можеме ...
Post Views: 0
Пресудено е дека компанијата украла идеја за полнење и продажба на вода од двајца мажи од Висконсин.
Пепси сега се жалил на пресудата, јавуваат американски медиуми. Казната е изречена на 30 септември, а од компанијата велат дека за судската тужба не знаеле се до 6 октомври, затоа што поради административна грешка документите се загубиле во нивните канцеларии.Судскиот процес почнал во април откако двајца мажи ја тужеле компанијата и две компании кои работат како дистрибутери за продажба поради случај од 1981 година.Поради административна грешка, еден од најголемите светски...
Post Views: 0
Претставници од владини институции на локално ниво одржаа работен состанок со десиминатор од Охридската организација на Црвен крст. Беа претставени капцитетите на ОО ЦК во насока на зацврстување на заедничката соработка со другите институции во кризни ситуации. Присуствуваа вработени од Капетанија, Пожарна, Центар за управување со кризи, Општа болница и други институции на кои им беа претставени капацитетите со кои располага Општинскиот Црвен крст за идна соработка. Целта е како да ја подобриме благосостојбата на граѓаните во кризни ситуации, истакна Весна Терзиоска,...
Post Views: 3
Најголемата спортска манифестација во нашиот град, „Охрид трчаТ“, ќе биде дел од 19то издание на сплитскиот маратон. „Охрид трчаТ“, својата богата програма ќе ја претстави на експото пред целата тркачка елита, на детските и штафетните трки и на главниот настан кој ќе се одржи в недела на 23 февруари. Маратонот во Сплит се одржува од 2001 година. На маратонот ќе учествуваат најдобрите тркачи и на стартната линија се очекува да се појават околу 15 000 вљубеници во трчањето. Четвртото издание на „Охрид трчаТ“ оваа година ќе биде збогатено со полумаратон. Со овој потег...
Post Views: 3
Бразилски воено транспортен авион со 11 луѓе синоќа исчезна од радарите над Амазонија.
Според командата на бразилските военовоздухопловни сили авионот „Караван Ц-98“ исчезнал кога прелетувал над градовите Крузејру ду Сул и Табатинга. Во авионот покрај двајцата пилоти и две воени лица имало и седуммина вработени во Националната здравствена фондација, кои требало да го вакцинираат населението.Во потрагата по исчезнатиот авион учествуваат два хеликоптера „Х-60 Блекхавк“ и еден авион „Ц-105 Амазонс“.
{loadposition content9}
Post Views: 7
Октишани протестираат против неконтролираната сеча на шумата на Јабланица. Тие поднесоа петиција за поништување на одлуката за распишување тендер за сеча на шумата.
Ние не протестираме за Македонски шуми што го пробиваат патот туку за фирмите кои го добиваат тендерот бидејќи на нив никој нема контрола. Ниту Македонски шуми, ниту полицијата може да исконтролира што сечат и колку, вели Енис Мемедовски, претседател на МЗ Октиси.
Пред две години е исечено околу 50 % од шумата над Октиси ,а сега според мештаните имаат намера да го исечат и останатиот дел. Две локации во шумата...
Post Views: 0
Иран ќе и го предаде в четврток на Меѓународната агенција за атомска енергија (МААЕ) својот официјален одговор за проект договорот, изготвен од меѓународната заедница.
Проектот предвидува префрлање на дел од слабо збогатениот ураниум на државата во странство за создавање гориво, соопшти агенцијата Мехр.
Претставникот на Иран во МААЕ, Али Азгар Солтание, ќе се сретне в четврток во ВИена со директорот на Агенцијата, Мохамед ел Барадеј, на кој ќе му го пренесе одговорот од Иран.
{loadposition content9}
Post Views: 1
Утре се навршуваат четири години од првата изведба на театарската претстава „Импровокација“, проект на професионалните актери, Стрезо Стаматовски, Никола Тодороски и Филип Кипровски како главни протагонисти и Филип Ангеличин Жура како организатор.
Идејата за оформување на оваа група во Охрид тлееше од многу поодамна во главите на Стаматовски и Тодороски, за да на 22.02.2016 година се случи првата претстава од така наречената „Импровокација“. Претставата се одржа во просторот под сцената на НУЦК „Григор Прличев“ во Охрид. Место кое што понатака, спонтано, се здобива со...
Post Views: 0
Британија во понеделникот претрпе уште еден удар откако двете водечки светски агенции го намалија кредитниот рејтинг бидејќи сметаат дека одлуката за напуштање на Европската унија ќе му наштети на британското стопанство.
Агенцијата Standard&Poor’s го намали најголемиот “AAA” рејтинг на Британија дури за два степени, на “AA” и предупредила дека е можно понатамошно намалување на рејтингот, а Fitch Ratings го намали пак за еден степен, од “AA+” на “AA” и исто така предупреди на можноста за понатамошно намалување.
Агенцијата S&P соопшти дека резулатот на референдумот...
Post Views: 3
Шефовите на држави или влади на 27-те земји членки на Европската унија (ЕУ) во четврток во Брисел го започнуваат дводневниот состанок.
Главни теми на самитот на ЕУ ќе бидат изнаоѓање договор за финансирање на борбата против климатските промени во земјите во развој, како и прашањето за барањата на Чешка за таа држава, како последна од унијата, што поскоро да го ратификува Лисабонскиот договор.
Друга значајна тема на состанокот на врвот се критериумите за избор на иден претседател и шеф на дипломатијата на Европската унија.
Досега интерес за функцијата претседател на ЕУ,...
Post Views: 14
Според најновите неделни и дневни мерења на УХМР водата на Охридското Езеро е на кота од 693,33 м.н.в што е за 8 сантиметри под просекот за месецов (693,42 м.н.в).
Споредено со минатата недела езерското ниво се зголемило за три сантиметри. Температурата на езерската вода е 7,5 степени. Значително под месечниот просек се и нивоата на реките Црн Дрим и Сатеска.
Post Views: 2
Според Одлуката на Регулаторната комисија за енергетика, цената на Еуросупер БС – 95 ќе изнесува 55,00 денари за литар, додека малопродажната цена на Еуросупер БС 98 ќе изнесува 57,00 денари за литар. Еуродизелот и во наредните 14 дена ќе се продава по 41 денар за литар, малопродажната цена на Екстра лесното масло за домаќинство се зголемува за половина денар и ќе изнесува 30,00 ден за литар, додека на мазутот 14,673 денари за килограм.
Просечната цена на суровата нафта на светскиот пазар во изминатиот 14-дневен период изнесуваше 31,548 долари, а курсот на денарот...