Post Views: 9
Во Општина Дебрца се оствари средба со претставници од фондацијата “Вржоски„ основана од г-дин Крис Вржовски од Перт Западна Австралија.
Од страна на фондацијата на примерните Ученици во основното училиште Дебрца им беа доделени 12 комплети тренерки. Со оваа скромна донација тој на учениците им посака успех во образовниот процес.
Оваа донација беше организирана од почесниот Конзул на Република Македонија во Западна Австралија г-дин Зоран Ќосески.
На примопредавањето присуствуваа Градоначалникот на општина Дебрца и Директорот од ОУ Дебрца.
Post Views: 20
Земјотрес со јачина од 7,2 степени според Рихтеровата скала во понеделник рано наутро ги погоди Соломонските острови во југозападниот дел од Пацификот, соопшти американскиот Институт за геофизика.
Според првичните информации во земјотресот нема жртви, а причинета е мала материјална штета.
Епицентарот на земјотресот бил под површината на морето, на длобочина од 30 километри и на околу 100 километри од градот Гизо, втор по големина на архипелагот, но предупредување за цунами не е издадено
Земјотресот бил регистриран во 9:36 часот по локално време, а му претходен послаб...
Post Views: 1
Три новодијагностицирани лица на ковид-19, со што вкупниот број на заболени во земјава достигна 70.
Информацијата ја сподели до јавноста министерот за здравство, Венко Филипче, на неговата денешна прес конференција.
Како што кажа тој, една од пациентите е баба на заболеното девоче од Штип, друга била во Србија и има еден од Скопје.
Досега, според информации од министерот, градови во кои има заболени се: Скопје, Гостивар, Дебар, Штип и Охрид.
Министерот Филипче информираше дека здравствената состојба на пациентката на машина за дишење од ноќеска значително се влошила.
Инаку,...
Post Views: 1
Шпанија со новата година го презема претседавањето со Европската унија, кое се смета за преодно, бидејќи е прво по стапувањето во сила на Лисабонскиот договор, кој донесува значителни промени во функционирањето на унијата.
Високо меѓу приоритетните задачи на своето претседавање, Шпанија го постави проширувањето, при што очекува и напредок во решавањето на спорот за името меѓу Македонија и Грција, но нема намера да се вмеша во процесот на решавање на спорот што се води во Обединетите нации.Во рамките на проширувањето Мадрид очекува завршување на претпристапните преговори...
Post Views: 0
Ресорт Маврово, традиционално и по 20-ти пат, го организира Аматерскиот Хуманитарен Велеслалом. И оваа година, од 4-ти до 6-ти март, вработените во компаниите имаат можност да спортуваат на терените на Маврово и да ја покажат својата хумана страна. Собраните пари, како донација, ќе бидат наменети за Национална Федерација за спорт и рекреација на инвалиди на Северна Македонија – Параолимписки Комитет на Северна Македонија.
Организаторот на велеслаломот, Ресорт Маврово, ги повикува компаниите да пријават еден или повеќе тимови, составени од по тројца учесници. Секој...
Post Views: 8
96 годишната охриѓанка Надежда Герасимова доби домашна достава со пакет производи од ОО ЦК. Волонтерите денес го посетија нејзиниот дом, но и на останатите лица кои се обратиле до членовите на оваа хуманитарна организација преку телефонската линија за помош. Со давање помош на ранливата категорија сограѓани волонтерите започнаа од 10 март, информира Сашо Точков, претседател на ОО ЦК.
„Оваа недела имавме повици. За два дена имавме опслужено 48 луѓе од социјален ризик кои седат дома, не излегуваат, им ги носиме дома потребните намирници , лекови и средства за лична хигиена“,...
Post Views: 6
Компанијата „Хуго Бос“ планира своето производство од САД во април да го пресели во Романија, Бугарија и Турција.Со реализирањето на планот, околу 300 работници ќе бидат отпуштени.
Од германската компанија одбија да ги коментираат информациите за затворање на производството во САД, но најавија дека ќе исплатат отпремнина за оние што ќе останат без работа.
“Хуго бос ќе ги исплаќа своите работници во Кливленд до затворањето на погонот во 2010 година, дури и да се намали производството во тој период. По тој датум, раководството сака во соработка со синдикатите да преговара...
Post Views: 1
На 22.10.2021 година во 21.25 часот на кеј „Македонија” во Охрид нарушен е јавниот ред и мир со физички напад извршен од Н.Б.(22) и С.П.( 40) врз В.Ќ.(32), сите од Охрид.
Против напаѓачите ќе биде поднесена соодветна пријава – информираат од СВР Охрид.
Post Views: 10
Виолета Петковска, професор по одделенска настава од 0У Кочо Рацин, одржува настава со своите ученици од дома и во овие вонредни услови. Наставата лице во лице од нашата училница секако, многу ми недостасува и мене и на моите 16 второодделенци, но замена имаме со користење на ИТ технологијата, објаснува Петковска. За да не се изгуби наставниот процес Петкоска потенцира, дека наставникот сам одлучува во изборот каква и која алатка им одговара на учениците во зависност од возраста, од наставните предмети и наставните програми. Денот ми започнува со снимање видео и утрински...
Post Views: 2
Пацифичката островска држава Кирибати, во 11 часот по средноевропско време прва во светот ќе ја дочека новата 2010 година.
Островот кој се наоѓа во тропскиот пацифички регион се протега на површина од 3.500.000 квадратни километри и обиколувајќи го Екваторот на исток се граничи со Интернационалната временска зона.
Името го добила по главниот островски архипелаг познат како Острови Гилберт.
Поранешната британска колонија, Кирибати стана независна држава во 1979 година и е членка на Меѓународниот монетарен фонд, Светската банка, а во 1999 година стана и полноправна членка...
Post Views: 5
Деновиве започнаа работни активности за комплетна реконструкција на улицата која поминува низ поранешната касарна „Михајло Апостолски“ од улицата „Кленоец“ до населбата„Радојца Новичиќ“.
Проектот за реконструкција предвидува асфалтирање на коловозната лента и изведба на тротоари. Исто така, улицата ќе добие и нова сигнализација и осветлување.
Овие активности се дел од годишната Програма за Уредување на градежно земјиште и за оваа намена се издвоени околу 13 милиони денари од буџетот на Општина Охрид.
Градежните работи на терен ги изведува фирмата АД „Илинден“ Струга.
Post Views: 9
Мерките за безбедност на новогодишната ноќ во Њујорк ќе бидат зајакнати, но традиционалното спуштање на кристалната топка на Тајмс сквер и фрлањето конфети остануваат.
Ранците и алкохолот на плоштадот ќе бидат забранети. За таа намена ќе бидат мобилизирани униформирани и полицајци во цивилка, екипи за откривање на радиоактивни и биолошки материјали, ќе има и камери за набљудување.
– Целосно ќе ги распоредиме ресурсите, изјави началникот на њујоршката полиција Рејмнонд Кели, според кој Њујорк е цел број еден за терористите во САД.Засега нема информација за конкретна...