Post Views: 8
ДИК ќе побара од спикерот Трајко Вељаноски измени во Изборниот законик, поради несразмерност. Бројот на избирачи во шестата изборна единица е многу поголем од бројот на гласачи од изборните единици еден и два. Во согласност со Законот за избори, бројот на избирачи во сите шест изборни единици треба да биде приближно ист, односно бројот на гласачи не смее да отстапува со повеќе од 5% помеѓу две изборни единици.Не му сугерираат ништо на Вељаноски, освен што го повикуваат да постапи според законот. Со тоа, сепак, му даваат можност, да го свика веќе распуштеното Собрание...
Post Views: 1
Во Калабрија на југот на Италија повеќе илјади луѓе се евакуирани поради лизгање на земјиштето предизвикано од обилните врнежи.
Локалните медиуми пренесуваат дека се евакуирани околу 2.300 жители од селото Мајерато поради лизгање на земјиштето на оближната планина.
Припадниците на службата за вонредни интервенции и пожарникари работат без престан за да ја осигураат безбедноста на граѓаните и бараат прогласување на елементарна катастрофа во областа.
Околу 300 луѓе се згрижени во импровизовани засолништа. Пред два дена, половина од жителите на селото Сан Фратело, на Сицилија,...
Post Views: 1
Стручни лица, епидемиолози и инфектолози, ќе треба деновиве да изготват протокол за делување на здравствените установи од Општините Охрид, Струга, Вевчани и Дебрца во справување со корона вирусот. Патеката на движење на заболените лица ќе мора строго да се придржува според протоколот за лекување кој треба да се изработи. На предлог на општинското координативно тело од Охрид градоначалниците од регионов одржаа состанок со раководителите на ЈЗУ и договараа план за регионализација и усогласување на процедурите за треман на потенцијални пациенти од КОВИД 19.
„Тоа што се...
Post Views: 2
Поради постоење основи на сомнение за сторено казнено дело “кражба“, полициската станица од Струга поднесе кривична пријава против М.Д. (40) од струшкото село Октиси.
Со намера да изврши кражба, на10-ти октомври оваа година околу 14 часот, пријавениот се упатил во џамијата-Теќе „Алвети Хасан Баба,“ во Струга. Најнапред направил обиколка на џамијата по што, искористил погоден момент и со тргање, насилно извадил две камери поставени на sидовите од џамијата со што предизвикал материјална штета од 18.000,оо денари. Потоа брзо избегал од местото по што со украдените камери...
Post Views: 7
Иранскиот претседател Махмуд Ахмадинеџад вчера изјави дека Израел се подготвува за војна против Иран, но оти се уште не е донесена конечната одлука за нејзиното отпочнување.
Тој наведе дека Израел ќе ја преземе воената акција на пролет или на лето. Но, Ахмадинеџад не откри од каде потекнуваат информациите дека Тел Авив се подготвува за војна.
Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху од Москва го демантираше иранскиот претседател, додавајќи дека неговите тврдења се „манипулации“ поради можното воведување на дополнителни меѓународни санкции за Иран.
Израел, како и поголемиот...
Post Views: 7
Во изминатите 24 часа се регистрирани 26 нови случаи на коронавирус во земјата. Целосен преглед за состојбата по градови од министерството за здравство ќе испратат дополнително бидејќи дел од потврдените се со работа во Скопје, но место на живеење во друг град, а анкетите се се уште во тек.
Со ова вкупната бројка на дијагностицирани пациенти со КОВИД-19 во земјата денеска до 12.00 часот изнесува 285 лица.
Утрово на Клиниката за инфективни болести и фебрилни состојби во Скопје почина еден пациент на 79 години, од Дебар. Пациентот е дијагностициран позитивен на Ковид-19...
Post Views: 7
Комитетот за заштита на новинари со седиште во Њујорк, го објави извештајот за 2009 година во кој се наведува дека минатата година била најсмртоносна за членовите на оваа професијата од 1992 година, од кога овој комитет ги следи нападите врз новинарите од целиот свет.
Минатата година убиени се 71 новинар. Повеќето од нив биле убиени во Филипини – 33, поради што земјата беше прогласена за најопасна за новинарите во изминатата година, објави “Гласот на Америка”.
Иран е високо рангиран на списокот на опасни земји за претставниците на медиумите, иако во...
Post Views: 0
Јана, Андреа и Георгина од ОУ „Григор Прличев“ се вклучени во сликање на мурал во школскиот хол. Талентираните ученички од деветто одделение испраќаат силна порака преку ликовното творештво дека сите деца имаат право на образование. Со нивната дарба за сликање се дел од проектот „Редовно на часови“- Активно вклучување на ромите во образованието на Фондацијата „Чекор по чекор“.
Со овие симболи за редовно посетување настава ние покажуваме на креативен начин покрај со реченица и мисла дека сите треба да ги почитуваме правата. За посета на часови нема граница на сите полиња...
Post Views: 20
Изминатово деноноќие, во периодот од 07.00 часот на 29.03. до 07 часот на 30.03.2020 година, 20 лица од кои 2 деца до 18 години, не ја почитувале забраната за движење за време на спроведување на мерките за ограничено движење и заштита на граѓаните од ширење на коронавирус COVID-19, (Охрид-, Струга-9, Кичево-8 и Дебар-1).
Малолетните лица се повикани и предупредени а останатите се приведени и против нив ќе биде поднесена кривична пријава. Во изминатото деноноќие, нема регистрирани собирања на граѓани, нарушувања на јавниот ред и мир, нема кражби и други казнени дела...
Post Views: 0
Миланската полиција објави дека две вооружени лица ограбиле 4 мил. евра од самиот центар на финансиската престолнина на Италија.Полицијата во соопштението за медиумите навела дека кратците биле облечени како обезбедувачи кои редовно доаѓале по парите. Парите биле подготвени за транспорт кога се појавиле ограбувачите и со закани и огнено оружје ги присилиле банкарските службеници да влезат во тоалетот. Банкарските службеници успеале да се ослободат и да повикаат полиција 10 минути откако кратците го напуштиле местото.Во грабежот нема повредени а полицијата сеуште трага...
Post Views: 3
Охриѓани викендов се рашетаа по околните планини. Избегнувајќи ја опасноста од Корона вирусот тие масовно почнаа да бараат спас во природата. Но, бегајќи од една опасност можат многу лесно да западнат во друга. Вчера член на група возачи на планински Off-Road мотори доживеа несреќа и се стекна со сериозни повреди на левата натколеница. Била побарана помош од оперативниот центар на Планинската Спасителна Служба при Црвен крст Охрид која после 30тина минути Off-Road возење, ја лоцирала групата, а повредениот целосно го имобилизирала и транспортирала до специјалната болница...
Post Views: 2
Мнозинството Германци сметаат дека Грција треба да биде исклучена од евро зоната, покажуваат најновите истражувања. Според истражувањето, 58 отсто од Германците сметаат дека, доколку е потребно, ЕУ треба да ја исклучи Грција од еврозоната.
Истражувањата покажуваат дека две-третини од Германците се противат на идејата за кредитирање на Грција во висина од неколку милијарди евра.
Планираното кредитирање на Грција наиде на противење и во германската влада, а и експертите сметаат дека економското закрепнување на самата земја е проблематично.
Заменик претседателот на конзервативците...