Post Views: 2
Специјалното јавно обвинителство се уште нема одговор од претседателот Иванов од каде има информации за осомничените лица во нивните постапки, но како што инфромира обвинителката Ленче Ристоска на денешната прес конференција, СЈО не ги прекинува ниту истражните, ниту предистражните постапки, пренесува „Телма“.
-Нема селективна правда и ограничување на правдата ниту затајување на вистината. Се уште ја очекуваме и информацијата од претседателот Иванов, за тоа од каде му се информациите за нашите тајни предистражни постапки, рече Ристоска, нагласувајќи дека СЈО доставил...
Post Views: 1
Една грузиска телевизија вчера предизвика голема паника меѓу граѓаните откако намерно објави лажна вест дека е во тек нова руска инвазија врз Грузија.
Приватната телевизија Имеди прикажа снимки од судирите меѓу двете земји од август 2008-та година, јавувајќи притоа дека тенкови се на пат за Тбилиси и дека руски авиони ги бомбардираат пристаништата и аеродромите. Дури на крајот на прилогот било објаснето дека веста е лажна и дека телевизијата само сакала да покаже што би можело да се случи. Но тоа очигледно било предоцна.
Локалните медиумите јавуваат дека поради лажните...
Post Views: 2
Воведување на забрана за влез на жители од други општини во Охрид и да се зголеми контролата на жителите од Охрид при влез и излез од градот. Ова е барање од Кризниот штаб на Општина Охрид за превенција и справување со Корона вирусот Ковид 19, упатено до Кризниот штаб на Владата. Охридскиот кризен штаб бара да се разгледа можноста за ваква мерка која сметаат дека е неопходна непосредно пред Велигденските празници, со цел да се намали, односно да се оневозможи посетата на градот за туристички, верски и рекреативни цели.
„Барањето се заснова и на фактот што во Охрид и...
Post Views: 0
Целта на настанот е преку директна комуникација со избраните претставници отворено да се разговара за овие прашања со оглед на фактот дека ова се прашања кои ги засегнуваат сите граѓани на Струга. Загадувањето на животната средина од локалната депонија негативно влијае и на здравјето на граѓаните како и на економскиот развој и туризмот во регионот. Дополнително загрижувачки се и последните информации за загадената вода за пиење. Дебатата е јавна и на неа можат да присуствуваат сите заинтересирани граѓани. На дебатата ќе говорат пратеници, како и претставници од Министерството...
Post Views: 0
Италијанскиот премиер Силвио Берлускони ги замисли политичките противници, откако неочекувано изјави дека се надева да доживее 120 години
Тој во својот говор во Милано по повод 90-годишнината на Луиџи Верца, основач и почесен претседател на болницата „Сан Рафаеле“ и на Универзитетот за живот и здравје, изрази увереност дека проектот за продолжување на животниот век до 120 години е сосема реален.
– Во 19. век луѓето живееле просечно по 23 години, во првите години на 20. век животниот век е продолжен на 43 години, а сега овој показател е 81 година за жените и 79...
Post Views: 6
Вообичаено посетеноста на гости за време на Велигденските и првомајските празници во охридско- струшкиот регион беа репер каква ќе биде претстојната летна сезона. Но, моменталната ситуација со коронавирусот во светот повеќе е од јасна дека ќе има негативни последици врз домашниот туристички сектор, вели Цветко Андреески декан на охридскиот Факултет за туризам и угостителство. Туризмот е во потешка ситуација во споредба со угостителството без разлика колку ќе трае оваа ситуација. Колку подолго ќе трае пандемијата толку ќе биде се потешко, напоменува деканот.
„Според истражувањата...
Post Views: 7
Американскиот претседател Барак Обама, кој го загуби облогот со канадскиот премиер Стивен Харпер за натпреварот во хокеј меѓу Канада и САД на Зимските олимписки игри, нареди да му испратат гајба пиво на канадскиот премиер.
Претставникот на Белата куќа Роберт Гибс соопшти дека Обама наредил на Амбасадата на САД во Канада да испрати на канадскиот премиер не само заработената гајба пиво Yuengling од Пенсилванија, туку и уште една гајба пиво Molson.
Самиот Гибс исто го загуби облогот од неговиот канадски колега Дмитри Судасу. Тој требаше да облече црвено-бел џемпер со јаворов...
Post Views: 9
Во периодот што следува сакаме да придонесеме децата – нашата иднина, да имаат вистински можности за правилен раст и развој. Целта ни е да ги активираме младите, да ги поттикнеме да се дружат и да развиваат здрави навики, се вели во сооштението на Општинскиот комитет на ВМРО ДПМНЕ од Охрид.
Јасно ни е дека децата мора да имаат простор каде што ќе можат да уживаат во безгрижно детство и затоа се определуваме децата да добијат повеќенаменски и спортски игралишта. Од таа причина, во село Велгошти до спортската сала и во населбата Видобишта на постоечкото спортско игралиште,...
Post Views: 6
Согласно препораките на Министерството за образование и наука на Република Северна Македонија, Бирото за развој на образованието и Центарот за стручно образование и обука, следејќи го Упатството за оценување на учениците, денеска сите основни и средни училишта на подрачјето на Општина Охрид ќе одржат наставнички совети со цел да ги потврдат оценките на учениците во третото тромесечје од оваа учебна година.
Оценките на учениците ќе бидат формирани врз основа на формативните оценки и согледувања на наставникот во текот на реализација на онлајн наставата и оценките кои...
Post Views: 4
Папата Бенедикт 16 им даде поддршка на германските бискупи во напорите за расветлување на случаите на сексуално злоставување на малолетници во католички установи.
„Папата го проследи извештајот со жив интерес и длабока погоденост“, порача по средбата во Ватикан претседателот на германската Бискупска конференција, надбискупот Роберт Цолич, пренесува Дојче Веле.
Цолич, по разговорот со папата, уште еднаш јавно се извини за случаите на сексуално злоставување на малолетници во католички установи. „Црквата ги презема сите можни напори за расветлување на злоделата, за да им...
Post Views: 2
Од утрово без вода за пиење останаа повеќе домаќинства од населбата Гоце Делчев и улицата АРМ. Од ЈП Водовод Охрид информираат дека во раните утрински часови се случил дефект на водоводната линија па со намален притисок во водоснабдувањето останале петнаесетина домаќинства во истата населба. Нивни екипи работеле на водоводната линија каде што настанал дефектот , зачепување на цевководот. Информираат дека работата ја отежнувале изградени објекти, а со работа ќе продолжат и утре заради тоа што екипите мора да го почитуваат полицискиот час.
„Стручните екипи на ЈП ВОДОВОД...
Post Views: 1
Три месеци откако ја прими Нобеловата награда за мир, Барак Обама синоќа го објави имињата на хуманитарните организации на кои ќе им подели 1.4 милиони долари, колку што изнесува паричниот дел на наградата.
„Тие организации вршат одлична работа во САД и странство, помагајќи им на студентите, бранителите и на неброени други кои имаат потреби. Горд сум што можам да ја поддржам нивната работа“, изјави американскиот претседател Барак Обама.
Најголем износ, 250.000 долари, прими организацијата Fisher House, која обезбедува сместување на семејствата на тешко ранетите од Ирак...