• Почетна
  • Archive
  • Вести
  • Охрид
  • ВМРО ДПМНЕ ветува изградба на нови мултифункционални спортски игралишта во Велгошти и Видобишта

ВМРО ДПМНЕ ветува изградба на нови мултифункционални спортски игралишта во Велгошти и Видобишта

Во периодот што следува сакаме да придонесеме децата – нашата иднина, да имаат вистински можности за правилен раст и развој. Целта ни е да ги активираме младите, да ги поттикнеме да се дружат и да развиваат здрави навики, се вели во соопштението на Општинскиот комитет на ВМРО ДПМНЕ од Охрид.

 |   | 

Во периодот што следува сакаме да придонесеме децата – нашата иднина, да имаат вистински можности за правилен раст и развој. Целта ни е да ги активираме младите, да ги поттикнеме да се дружат и да развиваат здрави навики, се вели во сооштението на Општинскиот комитет на ВМРО ДПМНЕ од Охрид.

Јасно ни е дека децата мора да имаат простор каде што ќе можат да уживаат во безгрижно детство и затоа се определуваме децата да добијат повеќенаменски и спортски игралишта. Од таа причина, во село Велгошти до спортската сала и во населбата Видобишта на постоечкото спортско игралиште, се планира изградба на нови мултифункционални игралишта со професионална подлога. По барање, пак, на граѓаните во согласност со нивните потреби, исти такви ќе бидат поставени и на уште на две локации. Заокружи 7 за голема победа на Д-р Кирил Пецаков! На 31 октомври Охрид добива ВИСТИНСКИ ГРАДОНАЧАЛНИК кој гарантира нова и светла иднина! – додаваат од ОК на ВМРО ДПМНЕ Охрид.

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top