Post Views: 4
Германските банки создале профит од кризата во Грција, изјавил потпретседателот на грчката влада Влада Теодорос Пангалос, во време кога Атина очекува помош од владата во Берлин за решавање на проблемот со големите јавни долгови.
“Зад ставот на Германија стои одлуката за поврзаност на вашите партнери и пријатели и дека ќе се дозволи монетарните и кредитните институции да учествуваат во таа жалосна игра, за луѓето во Германија да остварат профит“, изјавил Пангалос на инвестицискиот форум во Атина.
Тој додал дека земјите од јужна Европа ги трпат штетите од падот на еврото,...
Post Views: 0
Посветени сме на проекти за подобрување на условите за младите охриѓани, напиша кандидатот за Градоначалник на Охрид од СДСМ и Коалицијата Константин Георгиевски.
Доделивме вкупно 700 ученички и студентски стипендии за две години. Реализираме вредни инвестиции за подобрување на условите во сите училишта. Даваме голема поддршка за развој на спортот и спортските клубови. Започнавме процедура за отстапување на простор и формирање Младински Центар во поранешната касарна. Во текот на наредниот период изготвуваме:
-Младинска програма
-Младински буџет
-Стратегија за млади
-Стипендии...
Post Views: 3
Замастените цевководи се најголемиот проблем при чистењето на секундарната канализација во градот. Посебно со тој проблем се соочуваат во моментов екипите на фирмата Еко тим кои работат на чистење на одводните цевки. Од 18 км секундарна канализација досега се исчистени 5 км секундарна канализација, информира Владимир Алексијоски, директор на ДЈП Колектор.
„Најголем проблем кој го затекнавме на терен се песокта и маснотиите од рестораните кои се испуштаат во секундарната канализација.Од тоа доаѓа до големо затврднување на цеководите и зачепување на цевките во секундарната...
Post Views: 5
Светскиот ден на водите денеска ќе биде одбележан ширум светот со различни манифестации, а овогодишната тема е „Чиста вода за поздрав свет“ (Clean water for a healthy world) за да се привлече вниманието на значењето на нејзиниот квалитет и количеството.
Целта на овогодишното одбележување е да се подигне свеста за одржување здрав екосистем со зголемен квалитет на водата за да се одговори на предизвиците во водостопанството, се вели на сајтот на Светскиот ден на водите.
Наведено е дека е важно за владите, организациите, заедниците и поединци во светот активно да се вклучат...
Post Views: 7
Од СВР Охрид информираат дека во изминатово деноноќие, три лица (Охрид-2, Струга-1), не ја почитувале забраната за движење за време на спроведување на мерките за ограничено движење и заштита на граѓаните од ширење на коронавирус COVID-19.
Тие се приведени и против нив ќе биде поднесена кривична пријава. Во истиот период, нема нарушувања на јавниот ред и мир, не се регистрирани кражби и сообраќајни незгоди. – соопшти полицијата.
Непречено се одвива контролата на лица кои се под мерките задолжителен државен карантин, здравствен надзор и домашна изолација и задолжителна...
Post Views: 1
Тројца поранешни лабуристички министри денеска се обвинети за „илегално“ лобирање за потребите на британски компании, како и за „трговија“ со министерските места, откако британскиот телевизиски Канал 4 и неделникот “Сандеј Тајмс”, чии новинари лажно се претставиле како посредници, прикажаа дека се подготвени за лобирање и дека за тоа наплатуваат меѓу три и пет илјади фунти на ден
Поранешниот министер за транспорт Стивен Бајерс кој веќе пет години не е во Владата, како и министерот за здравство Патриша Хјуит и за одбрана Џеф Хун, кои беа членови на кабинетот...
Post Views: 1
Во период кога се очекува да се достигне пикот во бројот на заразени од Корона вирусот во земјава, на дигитална конференција се одржа шестиот по ред состанок на координативното тело формирано за превенција од последиците на Ковид -19 вирусот.
Учесниците во координативното тело од најпогодената индустрија имаат за цел да постигнат коодриниран пристап и усогласени барања на Здружението на угостителство и туризмот при Стопанска комора на Македонија, Туристичко-угостителската комора на Македонија во рамки на Сојузот на стопански комори на Македонија, НАИТМ, ХОТАМ, СКТМ,...
Post Views: 12
Накит со вкупна вредност од 860 илјади евра беше украден вчера на најголемиот саем на естетска уметност во светот – „Тефаф“, во јужниот холандски град Маастрихт.
– Прстен со голем сафир и ѓердан со дијаманти, во сопственост на лондонската продавница за накит „Ханкук“, беа украдени, изјави портпаролката на саемот.
Прстенот, кој бил со 11,23 карати и ѓерданот, 7,23 карати, изложени на штандот на „Ханкук“, исчезнаа меѓу 17 и 18 часот по локално време.
Околностите околу кражбата се уште не беа разјаснети до синоќа.
Европскиот саем за естетска уметност „Тефаф“,...
Post Views: 7
И покрај кризната состојба предизвикана од пандемијата со вирусот COVID-19, Ј.П.„Охридски Комуналец„ со несмален интензитет секојдневно реализира голем број редовни и вонредни активности за подигнување на степенот на јавна чистота и јавно зеленило.
Денес се расчистуваше речното корито од река Грашница, на потегот од „Булевар Туристичка„ до вливот во Охридско Езеро, од расфралан тешко разградлив комунален отпад.
Од расфрлан ситен комунален отпад се расчистуваше и делот покрај коловозните ленти од магистралниот пат Охрид-Скопје на потегот од сообраќајната клучка на влезот...
Post Views: 2
Кога зборуваме за социјалните мрежи, секој кој е зависен од нив сака барем две работи: уредување на твитовите и опција палец надолу на Facebook. Но, следува добра вест за Instagram корисниците кои веќе со години ја сакаат оваа опција која се воведува сега.
Имено, Instagram воведува неколку промени во своите опции, а тоа ќе ги развесели сите, а станува збор за можноста за бришење коментари и нивно филтрирање. Дополнително, наскоро ќе може и општо да се исклучи коментирање на своите објави, пишува Washington Post.
На оваа одлична идеја дошле програмерите на Instagram,...
Post Views: 2
Светската банка објави дека е под знак прашање снабдувањето на Источна Европа и средна Азија со примарна топлинска и електрична енергија.
Во најновиот извештај се споменува дека целиот регион може да се најде во енергетски колапс, ако во овој сектор не се вложи повеќе од 3.000 милијарди долари во наредните 20 години.
Според директорот на Светската банка за одржлив развој, Питер Томсон, се очекува побарувачката за енергија во двата региони да се зголеми за 50 отсто до 2030 година.
Финансиската криза ја успори побарувачката за енергија и направи простор што им овозможува...
Post Views: 3
По завршената епидемиолошка анкета, Институтот за јавно здравје информира дека за 2 лица позитивни на Ковид-19, евидентирани во денешниот извештај во Охрид, е утврдено дека се жители на Струга, но истите се тестирани преку пунктот во Охрид.
Согласно тоа, ова е новата дневна статистика која се однесува на бројката на новодијагностицирани и нивната дистрибуција по градови:
– Скопје 10– Куманово 27– Штип 3– Прилеп 4– Тетово 5– Струга 6– Велес 2– Охрид 3– Гостивар 1– Кочани 3– Неготино 2