Post Views: 6
Климатските промени во нашиот регион ќе предизвикаат уште повисоки температури, суши, поплави, но и спротивни екстреми, предупредуваат климатолозите.
Многу делови од светот се борат со катастрофални пожари во последните недели, а Балканот е меѓу оние кои се најтешко погодени. Огнот уништи огромни области во Турција и Грција, додека пожарите, во помала мера, беснеат и во Македонија, Косово, БиХ и Хрватска.
Причината е јасна – земјите од регионот ова лето бележат многу високи температури, а во некои од нив се регистрирани најголеми горештини досега. Во Грција се измерени...
Post Views: 3
Државниот инспекторат за животна средина активно соработува со Одделението за внатрешни работи (ОВР) Струга во откривање и санкционирање на уништувањето на природното наследство на струшкото крајбрежје.
Во заедничка координација, во март оваа година, обезбедија докази против лице што ангажирало градежна механизација за насипување и рамнење на дел од крајбрежјето со шут и земја. На локацијата исто така биле забележани и траги од опожарена трска. Овие активности резултираат со недозволена крајбрежна трансформација и уништување на пределот, за што е подготвена кривична...
Post Views: 48
Со одлука на градоначалникот, Кирил Пецаков, за ВД директор на ЈП „Водовод“ Охрид е поставен Марјан Ристески.
Ристески е дипломиран менаџер по царина и шпедиција. Има долгогодишно менаџерско искуство најпрво во приватниот, а подоцна и во јавниот сектор. Како директор на Државниот студентски дом „Никола Карев“ успеал од институција којашто била во згаснување да создаде стабилна и успешна установа.
Post Views: 3
Охридските советници имаа можност да бидат дел од обуката за транспарентност и отчетност која се одржа во Скопје.
Заедно со членовите на Советот на Општина Охрид, Секретарот на Општината и претставници од општинската адиминистрација присуствуваме на Обука за обезбедување кохезија-градење соработка, транспарентност и отчетност во општинското управување во организација на National Democratic Institute & OSCE Mission to Skopje. Цврсто сме одлучни за поттикнување политички дијалог, инклузивно креирање политики и инклузивен процес на носење на одлуки-улоги и одговорности,...
Post Views: 12
Пренесениот пост со принтскрин е коментар на текст објавен на 10 октомври 2020 година, кој тврди дека судот ѝ забранува на американската влада да ја финансира Светската здравствена организација (СЗО). Се работи за одлуката на поранешниот американски претседател, Доналд Трамп да ги повлече САД од членство во СЗО, поради, како што тогаш беше изнесено во јавноста, преголемото влијание на Кина врз работата на СЗО. Меѓутоа, неговиот наследник, Џо Бајден, испрати писмо до Генералниот секретар на Обединетите нации, Антонио Гутереш од 20 јануари 2021 година, во кое информира...
Post Views: 7
Германската канцеларка Ангела Меркел денеска ќе ја посети Тирана, каде што ќе се сретне со премиерот на Албанија, Еди Рама.
Потоа таа ќе има заеднички ручек со шефовите на владите на земјите од Западен Балкан, по што ќе има одделни средби со премиерите на Црна Гора, БиХ, Северна Македонија и Косово.
Целта на посетата, според албанските медиуми, е да се даде нов поттик на Берлинскиот процес започнат во 2014 година.
Инаку, ова е вторпат Меркел да дојде во Тирана, по посетата во јули 2015 година.
Поради посетата, албанската полиција презеде низа безбедносни мерки, од изменет...
Post Views: 3
Мисијата да се соберат 50.000 долари за малиот Јаков, која ја покрена Австралијанецот, со македонски корени Џим Ристевски, успешна за нецела недела. Јаков со родителите веќе е сместен во турската болница и ја започна својата битка со болеста.
Овој пат, парите ги собравме за една недела, со навистина лесен напор. Сторијата ги стопи срцата на луѓето. Најголемиот дел од средствата ги собрав од семејството, пријателите и бизнис партнерите во Австралија. Секогаш лично донирам голем дел. Сакам да се заблагодарам на сите македонско-австралиски фан страни на социјалната мрежа...
Post Views: 10
Со изнесување на аргументите утрово започна судската постапка за струшката депонија. Во оснвниот суд Струга се одржа првото рочиште по поднесената граѓанска тужба од страна на Македонското здружение на млади правници, кои бараат итно да се престане да се депонира отпад и дислокација на градската депонија. После направено вештачење дека депонијата, која е во самиот град ја загадува почвата, реката, Охридското езеро со што предизвикува штетни последици врз здравјето на луѓето, тужени се министерство за животна средина, општина Струга и Комуналното претпријатие....
Post Views: 0
Националната установа Библиотека „Григор Прличев“ со промоција на монографијата „Прличеви беседи – хроника на еден културен настан“ (1952 – 2022) од авторите: Милчо Јованоски и Гордана Змејковска се вклучува во традиционалната манифестација „Прличеви беседи“ 2022.
Со промоцијата на монографијата НУ Библиотека „Григор Прличев“ ќе ја одбележи 70-годишнината од почетокот на култната манифестација „Прличеви беседи“.
Основа, да почнеме и да продолжиме со истражувањето ни беше првата монографија од авторот Маринела Јовановиќ која го опфаќа периодот од 1952 година заклучно...
Post Views: 3
ВОЛШЕБНА ЕЛКА“ е насловот на уште една хуманитарна акција што Црвен крст Охрид ќе ја намени за децата од социјално загрозените семејства. Во соработка со KAM Village, во просторот на овој Центар волонтерите на Црвен крст Охрид ќе накитат голема Новогодишна ВОЛШЕБНА елка, на која покрај обичните украси и лампиони, ќе бидат поставени и волшебни лампиони во кои ќе се напишани скромните новогодишни желби на децата од социјално загрозените семејства.
Секој наш хуман сограѓанин, фирма, институција ќе има можност да избере еден или повеќе волшебни лампиони од Новогодишната...
Post Views: 1
Не е точно дека вакциниран со една доза е целосно вакциниран. Тоа едноставно не е така никаде во светот и претставува медицински непоткрепено тврдење бидејќи имунитетот после една доза е слаб. На имунолошкиот систем му треба време да функционира и тоа време е оценето од светски експерти 14 дена после втората доза. Не постои ниедна статистика која го потврдува изнесеното во постот, дека 80 проценти од починатите, умираат во меѓупериодот меѓу првата и втората доза.
Рецензираме пост на Фејсбук во кој се тврди дека Центарот за контрола и превенција на болести во САД, „сега...
Post Views: 2
Околу 60.000 потрошувачи останаа без електрична енергија на источниот брег на канадскиот остров Њу Фаундленд поради ураганот Лари, објави телевизијата Си-Би-Си.
Според Националната метеоролошка служба на Канада, налетите на ветрот на ураганот на некои места биле исклучително силни. Виорот собори стотици дрвја, патокази и билборди. Покривите на некои куќи беа одвеани. Некои од патиштата на островот во моментов се затворени поради поплави.
Нема информации за повредени.