Irak

Во Ирак приведено 10-годишно дете, пред да изврши самоубиствен напад

Post Views: 1 Ирачко дете на возраст од десет години, регрутирано од Ал каеда да изврши самоубиствен напад, беше приведено вчера од полицијата западно од Багдад точно пред да го активира експлозивот на себе. Момчето веќе било злоупотребено од Ал каеда за поставување на бомби. Пред четири дена тоа исчезнало од семејната куќа во Амаријат ал Фалуџа, на 35 километри западно од Багдад, соопшти полициски претставник. Тројца мажи со комбе го одвеле во изолираното село Шичер на 75 километри западно од Багдад и таму го подготвиле за самоубиствен напад. Вчераутро момчето било замотано со експлозиви...

Continue reading

Болниците и здравствените домови од регионов добија 3 тони медицински алкохол

Post Views: 11 Донција од три тони алкохол добија медицинските центри од Охрид, Струга, Вевчани, Ресен и Битола. Вредната донација од медицински алкохол е на иницијатива на општина Охрид и ЈЗУ Општа болница Охрид. Донатори се компаниите Зегин, Винарија Лозар, НВО Балкан медија, ЈП Охридски комуналец. „Од името на општина Охрид сакам на тие што се погрижија за да се реализира донацијата да се заблагодарам. Апелирам и на другите компании и поединци од општина Охрид да се вклучат во слични вакви акции во овие тешки моменти сите заедно да ги пребродиме полесно“, кажа охридскиот градоначалник...

Continue reading

Еколошките проблеми на Струга во фокусот на трибината на МОСТ

Post Views: 6 Загадувањето на водата за пиење во Струга главна тема на синоќешната средба која ја организира граѓанската асоцијација МОСТ. Стружани изреволтирани од актуелните случувања околу квалитетот на водата побараа проблемот да се издигне на повисоко ниво и да се истакне во парламентот на РМ. Ова не е прв пат водата да е загадена. И летото имавме слична ситуација. Секаде беше кажано и реагирано но никој не превзеде ништо. Нас не не интересира од каде доаѓа проблемот туку бараме под итно да биде решен. Па до кога ќе бидеме труени пиејќи загадена вода, праша Мате Гогоски, од еколошкото...

Continue reading

asteroid

Нов астероид се приближува кон Земјата

Post Views: 4 Новооткриен астероид ќе прелета покрај земјата во четврток, но не претставува опасност, иако ќе помине преку орбитата на Месечината. Астероидот наречен 2010 ГА6 со релативно мала ширина од околу 22 метри го откриле астрономите од “Каталина скај сурвеј“ центарот во Тусон, Аризона. Астероидот ќе лета во орбитата на Месечината, додека покрај планетата Земја ќе помине во 19:06 часот. Од НАСА велат дека овој астероид не треба да не загрижува и дека планетата е безбедна. “Објектите кои поминуваат преку орбитата на Месечината во близина на Земјата се појавуваат скоро секоја...

Continue reading

ОУ Христо Узунов на специфичен начин го одбележа 115 година од смртта на патронот и 34 години од постоењето.

Post Views: 14 Вработените и учениците го одбележаа патронатаот на ОУ Христо Узунов во специфични услови и на поинаков начин од вообичаените свечени програми на одблежување на денот на учлилиштето. Во време на панедмија кога школите не работат годинава со помош на социјалните мрежи се одбележаа јубилејот 115 година од смртта на Христо Узунов и 34 години од постоењето на школото , информира Оливија Пирузе Јанева , директорот на ОУ. Пирузева Јанева кажува дека покрај низата активности на социјалните мрежи за одбележување на патронатото објавена е и Песната за Христо Узунов подготвена...

Continue reading

Kirgistan

Опозицијата во Киргистан формира преодна влада, претседателот во бегство

Post Views: 0 Опозицијата во поранешната советска република Киргистан утринава соопшти дека под нејзина контрола е најголемиот дел од територијата на земјата и вооружените сили и пограничните единици. Опозицијата формирала и преодна влада на чело со Роза Отунбајева која утринава соопшти дека по вчерашните крвави протести, претседателот на државата Курбанбек Бакијев е во бегство и најверојатно се наоѓа во неговиот роден крај во регионот Џалалабад. Таа изрази подготвеност за преговори со Бакијев со цел тој мирно да се откаже од власта. Во судирите во главниот град Бушкек според различни...

Continue reading

Денес се празнува Света Петка-Петковден

Post Views: 22 Денеска, 27-ми октомври, според календарот на Македонската православна црква се празнува Преподобна Параскева – Петковден, во народот позната како света Петка. Култот кон света Петка кај нашиот народ е многу раширен. Св. Петка се смета за заштитничка од разни несреќи, но и од многу болести, поради што народот ја нарекува уште и мајка Параскева. Голем број лековити извори се поврзани со нејзиното име и се наречени Петочни води. Голем број македонски семејства Петковден го празнуваат како домашен празник со служби посветени на св. Петка, со чекање гости и со други обичаи...

Continue reading

РЕКОНСТРУКЦИЈА НА ДЕЛ ОД КАНАЛИЗАЦИОНАТА МРЕЖА ВО ПЕШТАНИ

Post Views: 2 Екипи на ЈП „Нискоградба“ деновиве работат на реконструкција на дел од канализационата мрежа во село Пештани. Акцијата се спроведува со цел да се реши проблемот предизвикан со дел од септичките јами. На стрмен простор се изработува каскадна шахта која ќе е поставена на длабочина од 2 метри, а на длабочина од околу 4 метри се поставува нова цевка Ф 20 со должина од 25 метри. Зафатот се очекува да заврши деновиве.

Continue reading

Kapetan Dragan

Австралија засрамена со бегството на „капетан Драган“

Post Views: 0 Австралиското судство е засрамено поради бегството на „Капетан Драган“ Васиљковиќ, австралиски државен и поранешен припадник на воени резерви, кој исчезна по одлуката на националниот Врховен суд за испорачување во Хрватска, јавија локалните медиуми. Хрватска пред четири години побара испорачување на „Капетан Драган“ (познат под името Даниел Снеден), за да му се суди за воените злосторства, но тој го оспоруваше барањето се до моментот на неговото бегство, пишува дневниот весник The Australian.Иронијата е што австралиската сојузна полиција не успеа да го пронајде, истата...

Continue reading

Во Охрид нема место за паника

Post Views: 2 Од 15 те случаи во Охрид кои се регистрирани со корона вирус сеуште нема излекувани. Во овој момент нема информација дека има оздравени лица кои се на домашно лекување. Охрид петти ден е без регистрирани нови случаи на инфицирани. Нема место за паника, порача министерот за здравсто по последниот случај од 19- ти април кога беа регистрирани 8-охриѓани, а вработени на една бензиска пумпа во Охрид. „Сметам дека работата е локализирана и овие мерки на рестрикција кои досега ги презедовме и новите кои ги воведовме, работите ќе се под контрола како што е сега , “ вели министерот...

Continue reading

Hilari Klinton

Постои реална закана од нуклеарен тероризам

Post Views: 12 Заканата од нуклеарен тероризам е сосема реална, изјави американскиот државен секретар Хилари Клинтон на средба со странски дипломати во Стејт департментот. – Заканата од нуклеарен тероризам е сосема реална. Терористички мрежи постојано се обидуваат да се здобијат со нуклеарни материјали секаде во светот, изјави Клинтон. – И покрај меѓународните спорови, властите во сите држави треба да бидат заедно против заканата за тој вид тероризам, нагласи таа. Според неа, средбата на 12 и 13 април во Вашингтон за нуклеарна безбедност е особено важна во тој контекст....

Continue reading

Во изминатиов месец и половина нема пријави за семејно насилство во Охрид

Post Views: 4 Во екот на пандемијата со Ковид 19 нема пријави за семејно насилство во Охрид. Необично е мирна состојбата во изминатиов месец и половина. Затишјето во време кога на сила е ограничување на движењето и граѓаните се претежно во своите домови ги изненадува социјалните работници. За споредба само во првите два месеци од годинава 40 жртви пријавиле насилство во семејството, информира Ајтен Мусли директор на Центарот за социјална работа. Социјалните работници кои работат со жртвите се изненадени бидејќи претходно имале зголемен инетнзите на повици за пријавување на семејно...

Continue reading

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top