Зголемен интересот за вакцинација

Post Views: 2 Во текот на вчерашниот ден е забележан значително зголемен интерес за вакцинација помеѓу граѓаните. Вакцинацијата се одвива непречено на сите пунктови низ државата, а во тек е и теренска вакцинација. На вакциналните пунктови во државата и на терен, заклучно со вчера вакцинирани се вкупно 552.263 граѓани. Прва доза вакцина вчера примиле 8.202 граѓани, а вчера вкупно се вакцинирале 14.928 граѓани. Во државата вкупно се аплицирани 998.876 дози вакцини, а ревакцинирани се 446.613 граѓани. Со последните бројки 66% од населението над 70 години имаат примено барем една доза...

Continue reading

Од септември стартува со работа Општинското основно музичко училиште во Струга

Post Views: 1 Министерството за образование,  после две години од  поднесеното барање од страна на  општина Струга, во март годинава   даде дозвола  за отпочнување на образовниот процес во Основно општинско музичко училиште. Ова училиште планирано е да обезбеди основно музичко образование со тоа што ќе им овозможи на  надарените учениците да учат ,  да се усовршуваат  и да свират на музички инструменти.  Основното музичко училиште ќе биде во склоп истиот објјект, каде работи  и  средното музичко училиште во Струга. „ Задоволни сме и горди со тоа што успеавме во оваа намера и веќе...

Continue reading

Обуки на наставници од Охрид и Дебрца за работа со ученици со лесна попреченост

Post Views: 9 Обуки на наставници за работа со ученици со лесна попреченост за целосна инклузија на тие деца и полесно совладување на наставниот материјал се спроведуваат деновиве во Охрид и Дебрца. Обуките ги реализира НО Ресурсен центар од Скопје во рамки на проектот „Include me in“ од Еразмус + програмата. Носител на проектот е ОУ„ Дебрца“, а партнери се училишта од Кападокија Турција и Романија. Фокусот на активностите е врз децата со лесна попреченост во развојот и деца од социјално ранливи семејства да се овозможи нивна максимална вклученост во училишната средина, вели  Далиборка...

Continue reading

ОХРИДСКИ МУЗИЧКИ ГРУПИ И ПЕЈАЧИ ЗА ДОЧЕКОТ НА НОВАТА ГОДИНА ВО ОХРИД

Post Views: 11 Охриѓани и гостите кои новогодишната ноќ ќе ја поминат на плоштадот „Свети Климент Охридски“ ќе може да уживаат во музичките изведби на „Ле-трик“, „Бекдор-Бенд“, „Камелеон“, „Урбан планет“, Ѓоко Танески и Татијана Стефаноска. Специјален музички гостин на вечерта ќе биде Верица Ристеска, а свој перформанс ќе имаат диџеите „Фејс“ и „Гец“ заедно со Јана Слеј. Според планираното, музичка забава на градскиот плоштад ќе биде организирана и на 1-ви јануари, во периодот од 13 до 15 часот, кога ќе настапат познати музички имиња од Охрид со репертоар од охридски композиции. На...

Continue reading

Не е вистина дека се убиени тројца претседатели зашто се спротивставиле на вакцинацијата во нивните држави

Post Views: 2 Двајца од тројцата претседатели споменати во постот се починати во болница од срцев удар (на Танзанија и Бурунди), а еден е застрелан и убиството не се поврзува ниту со коронавирусот, ниту со вакцинацијата (на Хаити). Така што, тврдењето дека некој ги убил сите тројца за да може во овие земји да се даваат вакцини, го оценуваме како невистина. Рецензираме пост на Фејсбук во кој се тврди дека претседателите на Танзанија, на Бурунди и на Хаити починале набрзо после тоа што одбиле да го вакцинираат населението во овие земји. Танзанија, Бурунди и Хаити отворено се спротиставија...

Continue reading

Силен земјотрес во Албанија

Post Views: 7 Земјотрес со јачина од 4,1 степен според Рихтер ја погоди денеска Албанија. Земјотресот е почувствуван и во Црна Гора. Епицентарот на силниот земјотрес кој се случи во 4 часот и 19 минути по локално време бил во близина на границата на Албанија со Црна Гора, 11 километри источно од Подхум, пренесуваат црногорските медиуми. Секторот за сеизмологија при Заводот за хидрометеорологија и сеизмологија на Црна Гора соопштил дека во епицентралното подрачје земјотресот бил од Петти степен на Меркалиевата скала. Инаку, жариштето на земјотресот е лоцирано на длабочина од 16 километри. Засега...

Continue reading

МНР : Македонските граѓани да не патуваат во Авганистан

Post Views: 2 Поради влошената безбедносна состојба и зголемениот интензитет на воени дејствија во Авганистан, Министерството за надворешни работи препорачува на сите граѓани на Република Македонија да не патуваат во оваа држава, а доколку моментално се наоѓаат во земјата, заради лична безбедност да заминат во најскоро можно време. Министерството за надворешни работи ги повикува сите државјани на Република Македонија кои се наоѓаат на територијата на Исламската Република Авганистан, во случај на итна потреба и барање помош, да се обратат на следниот телефонски број +389 75 273 732...

Continue reading

И стружани масовно се иселуваат

Post Views: 0 Сонот за поубав и посреќен живот ја празни    Струга.  Голем е бројот,  претежно млади луѓе, кои  последниви години го напуштаат родното живеалиште. Најпосакувани земји  каде заминуваат се Италија, Австрија, Германија  и Швајцарија. Според анализата на здружението за мултукулрурна интеграција „Инклузија“ , пандемијата го намали  процесот на миграција. Но анкетите покажуваат дека  голем е бројот на стружани,  кои веднаш по стабилизирањето на состојбата  планираат да  заминат  во европските земји.   „Сега имаме затишје пред бура. И сега имаме млади,  кои сакаат да заминат...

Continue reading

Улиците и патиштата чисти по снежните врнежи во охридско

Post Views: 14 Охриѓани имаат чисти улици и тротоари после синоќешните снежни врнежи. „Охридски Комуналец“ обезбеди чисти улици од снегот во централното градско подрачје, приградските населби и повисоките населени места според Порграмата за зимско одржување. Синоќа биле исчистени приодите и до институциите, училиштата и градинките. Утрово, пак биле исчистени школските дворови. Директорот Сашо Најдески е задоволен од справувањето со синоќешните снежни врнежи. Напоменува дека биле ангажирани 92-ца вработени од нивното комунално претпријатие, како и вработени од другите јавни претпријатија,...

Continue reading

Шефови готвачи зготвија 700 оброци за сиромашните во Охрид и Струга

Post Views: 1 Десетина шефови – готвачи од земјава денеска во Струга зготвија 700 топли оброци за социјално ранливите граѓани. Идеја на стружанецот Никола Петрески, кој три пати неделно дели храна на сиромашните доби поддршка од општината и бизнис заедницата. Вредните шефови, здружени за три и пол часа ја зготвија храната. Сето ова да беше малку напорно, но со волја за луѓето кои се гладни и на кои навистина им треба топол оброк се собравме повеќе кувари – вели Никола Петрески, шеф готвач од Струга. Со короната многу порасна бројот на социјално загрозени лица и се...

Continue reading

Никој не нуди пари за семејството да потпише дека блискиот починал од ковид

Post Views: 5 Не е вистина дека болниците нудат пари на семејствата за покривање на погребните услуги доколку потпишат дека блискиот починал од ковид. Семејствата немаат право да одлучат од што починал нивниот близок, тоа е работа на лекарите. Рецензираме пост на Фејсбук, во којшто се тврди дека се ,,нудат пари на семејството, за да потпише дека починатиот починал од корона, иако имал инфаркт”. Според напишаното во постот, наводно, ова се правело за да се напумпаат бројките на починати од вирусот и да се плашат граѓаните. До вчера само се шепотеше дека нудат пари на семејството...

Continue reading

Путин оди во самоизолација

Post Views: 2 Рускиот претседател Владимир Путин ќе оди во самоизолација бидејќи барем едно лице од неговата околина е позитивно за коронавирус, објави Кремљ. Се очекува тој да продолжи да се појавува на состаноци преку видео-врска. Соопштението објавено до новинарите во вторникот потврди дека Путин ќе мора да се изолира. Треба да се потсети дека Путин вчера изјави дека голем број луѓе во неговата непосредна околина се заразени со вирусот ковид-19 и дека тој самиот можеби ќе треба да биде ставен во карантин. Единаесет луѓе од мојата придружба имаат проблем со ковид-19. Треба да видиме...

Continue reading

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top