Post Views: 19
Од двата новорегистрирани случаи на КОВИД 19 во Охрид, едно лице е вработено во фабриката ОДВ Електрик во ТИРЗ Струга, а членови на семејството на другиот случај биле вработени во фабриката. Погонот од вчера е затворен , а во изолација се сите контакти на лицата, вели Сашо Точков, директор на охридскиот ЦЈЗ.
„Согласно процедурите со извештајот и резултатите добиени од Лабораторијата на Институтот за јавно здравје од Скопје се направи записник од страна на епидемиолозите и инспекциските служби и Комисијата за заразни болести донесоа соодветно решение за престанок за...
Post Views: 3
Иако поминаа скоро 13 години од смртта на принцезата Дијана, нејзиното прерано заминување и понатаму на виделина изнесува нови сомнежи за тоа дека сообраќајната несреќа беше чиста случајност.
Една од теориите на заговорот за која на големо се расправа во британските медиуми и политички кругови истакнува дека принцезата Дијана била убиена бидејќи сакала да ги открие луѓето кои се поврзани со трговијата на нагазни мини.
Односно, истражувачот Мајкл Мансфилд кој бил ангажиран од Мохамед ал Фаед за да ја открие причината за смртта на принцезата Дијана и неговиот син Доди...
Post Views: 0
Денеска Институтот за јавно здравје регистрира 16 оздравени пациенти.
– Скопје 7
– Куманово 6
– Прилеп 2
– Велес 1
Во изминатите 24 часа направени се 460 тестирања, а потврдени се 17 нови случаи на ковид-19 и тоа во: Скопје-3, Куманово-2, Прилеп-3, Тетово-6, Велес-2, Битола -1. Досега во земјата се направени вкупно 20548 тестирања на ковид-19.
На Клиниката за инфективни болести и фебрилни состојби почина пациент од Скопје (89г), хоспитализиран од 4 мај. Денеска Институтот за јавно здравје регистрира и пациент од Велес (72г) починат на 13 мај во...
Post Views: 10
Во текот на денешниот претрес во судница, во кинеската област Хунан, еден маж уби тројца судии и рани уште тројца присутни, по што и самиот си пресуди, јави кинескиот весник „Хунан дејли“.Инцидентот се случи во судницата на Обласниот народен суд во Линфлинг, главниот град на централнокинеската провинција Хунан, пренесоа медиумите.Засега нема повеќе детали за инцидентот.Агенциите потсетуваат дека вооружените инциденти се реткост во Кина, бидејќи во оваа земја е забрането поседувањето и продажбата на огнено оружје.{loadposition content9}
Post Views: 2
Од локалната самоуправа информираат дека запишувањето на првачињата во новата учебна година ќе се врши во месец јуни.
Согласно Уредба со законска сила за измена и дополнување на уредбата со законска сила за примена на Законот за основно образование за време на вонредна состојба и насоките од Министерството за образование и наука, запишувањето на децата во прво одделение во основно училиште за учебната 2020/2021 година ќе се реализира во месец јуни,2020 година, информираат од локалната самоуправа.
Post Views: 1
Google со години се обидува да направи социјална мрежа која ќе биде достоен противник на Facebook и Twitter, но и на другите платформи. Помпезно најавуваните проекти воглавно завршуваа како промашувања и тоа е единствениот сегмент во кој Google уредно бележи хронични неуспеси. Но, тоа не значи дека во Google се откажале од обидот да направат социјална мрежа која на глобално ниво ќе може да им конкурира на најголемите играчи. Кога веќе не оди со нови платформи, тие ќе се обидат со модификација на постоечките, а изборот е најверојатно на YouTube.
Многумина ќе приметат...
Post Views: 18
Лика е прва во Хрватска која ги доби дипломираните овчари кој го завршија првиот семинар од овој тип, а кој го организираше локалната самоуправа во соработка со UNDP.
Семинарот успешно го завршија 22 овчари, професионалци кои наголемо се занимаваат со овчарството на сопствените имоти, пишуваат хрватските медиуми.
Оваа врста на образование е добар начин ако да се зголеми конкуренцијата на производството на квалитетна храна, а посебно за брендирање на јагнешкото месо, велат организаторите на семинарот
{loadposition content9}
Post Views: 6
Концесионерите на плажите бараат да не им се наплатува концесија и ова лето. Велат ќе работат со намалени капацитети , двојно помалку гости заради растојанието кое ќе треба да се запази помеѓу лежалките. Услови за социјална дистанца има, но ќе има и поголеми трошоци за дезинфекција на урбаната опрема за да се спречи ширењето на корона вирусот.Дел од нив сметаат дека е неопходно и скрининг тестирање на персоналот пред отпочнување со работа.
„Мора и кај нас персоналот да биде тестиран, хигиената без да ја определат институциите ние максимално ќе се грижиме да биде...
Post Views: 1
На територијата на цела Македонија денеска временските услови ќе бидат со многу висока дневна температура, состојба што Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР) ја означува како жолта алертна фаза.
Температурата ќе достигне 40 Целзиусови степени.
Министерството за здравство вчера апелираше граѓаните од целата земја да ги почитуваат општите препораки за заштита од високата температура: заштита од директна сончева изложеност, избегнување престој на отворено од 11 до 17 часот, носење светла и лесна облека, консумирање лесна храна и течности, а особено да се внимава при...
Post Views: 14
Извршниот директор на Бритиш Петролеум рекол дека му е многу жал поради создавањето на најголемата нафтена дамка во историјата на САД, но и за проблемот кој таа го предизвикала на жителите на Мексиканскиот залив.
„ Прво што сакам да кажам е тоа дека ми е жал“, одговорил директорот на БП Тони Хаивард на прашањето што би сакал да им порача на луѓето во Илиноис каде што нафтата дошла до делови каде што има бари.
“ Се извинуваме поради големите тешкотии кои ги предизвика оваа катастрофа во нивните животи“, продолжил Хаиварт и при тоа додал дека компанијата прави се...
Post Views: 1
Предлогот треба да се разгледа на утрешниот состанок на Советот за безбедност. Од Комисијата потребата за продолжување на вонредната состојба ја првдаат со тоа дека дел од мерките и рестрикциите кои ги предложуваат важат во вонредна состојба и е важно да бидат и понатаму на сила. Вонредната состојба што ја прогласи претседателот Стево Пендаровски на 16ти април, истекува во сабота. На 18 март беше прогласена првата вонредна состојба на територија на цела држава во траење од 30 дена. Потоа, Претседателот ја продолжи за дополнителни 30 дена.
Post Views: 0
Стружани учествуваа во планирањето на буџетот за 2016 год. Денес во хотел Мираж Струга се одржа првата сесија на буџетскиот форум. Граѓаните пред претставниците на Локалната самоуправа ги кажаа своите предлог проекти, кои сметаат дека треба да влезат во буџетската програма за 2016 год. Во делот на спортот интересен проект предложи Ацо Ѓороски.
„Предлагам да има едно или две превозни средства за да се олесни патувањето на сите спортски клубови, во интерес на сите спортови, бидејќи сите патуваме со претходно дадена агенда и барање за потребите и мислам дека со тие средства...